Author: НОВА ТВ

Поради малата имунизациска покриеност во северна Грција и за да се зголеми процентот на вакцинација, мобилни единици на Националната организација за јавно здравје, од денеска започнуваат имунизација во оддалечените места на северот од земјата и до четврток ќе бидат опфатени 48 села, јави дописничката на МИА од Атина. Во северна Грција ќе биде и генералниот секретар од Министерството за здравство Мариос Темистоклеус „во рамките на напорите за зголемување на процентот на вакцинација и со цел да се зајакне колективниот имунитет“. Од полнолетното население во земјата, целосно се вакцинирани 71,3 отсто, прва доза примиле 79,9 проценти, а аплицирани се вкупно 12.420.000…

Read More

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи на својот Фејсбук-профил информираше дека од утре Република Бугарија ги повлекува рестрикциите за патување на македонските државјани на нејзина територија. – Со последната одлука, Северна Македонија од црвена е преместена во портокалова зона, пишува Османи. Забраната се укинува за сите кои имаат сертификат за вакцинација, со поминати 14 дена од втора примена доза, сертификат за прележан Ковид, што важи од 11-тиот до 180-тиот ден од денот на оздравување или негативен ПЦР тест, не постар од 72 часа.

Read More

Дел од македонските институции соработуваат со работниците и „Гласен Текстилец“, кога алармираат за кршење на работничките права, но со дел е потребна комуникација и решавање на проблемите, е заклучокот на Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“ на денешната дебата „Институциите во интерес на работниците“ на петтата „Текстилијада“ во Штип. -Но, она што мораме да го правиме е кога имаме некој проблем, којшто е системски мораме да го решаваме евентуално преку законско решение. Затоа и првпат имаме дебата овде во Штип во градот на текстилот да разговараме што тоа институциите и министерствата можат да направат што е можно повеќе, за да покажеме…

Read More

Луис Хамилтон беше најбрз на денешните квалификациите за Формула 1 трката во Истанбул. Британецот постави нов рекорд на патеката со резултат 1,22,868 минута. Сепак на утрешната трка за Големата награда на Турција, Хамилтон ќе стартува од 11. позиција поради казна за делумна промена на моторот. Клупскиот колега на Британецот, Валтери Ботас, го освои второто место во квалификациите (+0,130 секунди заостанување) и ја доби пол-позицијата, додека трет беше Макс Верстапен од Ред Бул (+0.328) кој ќе стартува од втората позиција. Од 3. до 10. место ќе тргнат: Шарл Леклер, Пјер Гасли, Фернандо Алонсо, Серхио Перез, Ландо Норис, Ленс Строл, Јуки Цунода…

Read More

Напаѓачот на ПСЖ, Лионел Меси изјави дека немал намера да ја напушти Барселона минатото лето. -По Купот на Америка, се вратив во Барселона и почнав да се подготвувам за сезоната. Требаше да потпишам договор со Барселона и веднаш да започнам со тренинзи. Мислев дека се е веќе решено и дека недостасуваше само мојот потпис на новиот договор. Она што се случи потоа ги скрши моите планови, изјави Меси за „Франс фудбал“. Меси ја напушти Барселона во јули 2021 година поради истекот на неговиот договор. Триесет и четиригодишниот Аргентинец се пресели во Пари Сен-Жермен каде што сезонава постигна еден гол на…

Read More

„Ние сме како Авганистанци, но Авганистанци од Европа“, рече албанскиот премиер Еди Рама во интервју за „Шпигел“. Прашан за фактот дека се уште нема датум за Меѓувладина конференција за интеграција во ЕУ, Рама одговори: „Не сме разочарани, туку станавме пореални. Денес знаеме подобро како функционира ЕУ. Учиме од Европа како да изградиме транспарентна и демократска држава“. Тој потсети дека во моментов има околу 1.000 Авганистанци во Албанија и дека земјата може да прифати до 4.000 и тие ќе останат додека не добијат визи за САД. „Го правиме она што американската влада не замоли. Тие беа под притисок, бидејќи тогаш имаше…

Read More

Врнежите во последните неколку дена генерално имаат позитивно влијание и придонесуват за подобрување на хидролошката состојба во земјава и за земјоделските посеви. Центарот за управување со кризи (ЦУК) препорачува внимателно движење покрај суводолици и реки и за да не дојде до појава на поплави ги предупредува надлежните институции и граѓаните да бидат внимателни. Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов на денешната прес – конференција информира дека вчера имале координативен состанок со сите надлежни, со претставници од АД Водостопанство, Хидрометеоролошкиот завод и на други инститиции и ја разгледале состојбата со одводните канали. -Заклучокот е дека најголем дел…

Read More

Највисоката месечна бруто плата лани изнесувала 142 илјади евра и ја добивал стружанец кој работел во индустријата за метали. Според податоците од УЈП за поднесените годишни даночни пријави, највисоката годишна бруто плата во 2020 година изнесува 105,2 милиони денари или 1,7 милиони евра, односно 142 илјади евра месечно. Најмладиот милионер во земјава имал само седум години и остварил доход од закуп во износ од 1.016.947 денари, а најстариот на возраст од 96 години со доход од 4.570.535 денари, исто така од закупнина. Највисок доход од продажба на земјоделски производи во износ од 32,2 милиони денари има ресенчанец, а највисок бруто…

Read More

Образованието на јазикот и писмото на секоја етничка заедница, како основи на националниот идентитет преку кои се чува и се афирмира духовното наследство, претставуваат и потенцијал за општествена интеграција, кохезија и развој на една заедница која не може да опстојува изолирана и самодоволна, истакна денеска премиерот Зоран Заев, на одбележувањето на петгодишнината од основањето на Универзитетот „Мајка Тереза“. – Основањето на Универзитетот „Мајка Тереза“, произлегува и од нашата должност и одговорност да ги почитуваме, чуваме и негуваме етничките, националните, верските и културните разлики на секоја заедница, користејќи го потенцијалот за воспоставување комуникација, разбирање, толеранција и заедништво, нагласи Заев. Честитајќи го…

Read More

„Комисијата за спречување и заштита од дискриминиација најостро се спротивставува на написите во бугарскиот медиум, каде што со невистини и манипулации се напаѓа оваа институција. Во објавениот текст, „Труд.бг“ се повикува на поранешната Комисија за заштита од дискриминација, институција која е укината со носењето на новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација“, информираат од КСЗД. Во текстот се тврди дека испратиле човек на адреса „Бул. Гоце Делчев“ бр 18, во зградата на МРТ и таму не ја нашле Комисијата за заштита од дискриминација, како и дека направиле обид да исконтактираат на електронската адреса contact@kzd.mk и констатирале дека истата е…

Read More

Министерството за здравство ја објави анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид 19, во период од 6 август заклучно со 7 октомври. За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина. -Во период од 06.08 до 7.10.2021 на територија на државата 38.019 граѓанин, се позитивни од тестирани на Ковид 19, од нив 24% биле целосно вакцинирани, односно 9.163 лица. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид 19. Според статистика за изминативе два месеци, 28.856, граѓани, односно 76% од позитивните на Ковид 19…

Read More

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 2.798 дози вакцини, од кои 745 како прва доза, 1.999 се ревакцинирани, а 54 граѓани примиле трета доза вакцина, соопшти Министерството за здравство. Заклучно со 7 октомври вкупно се вакцинирани 793.987 граѓани, ревакцинирани се 745.415, а трета доза примиле 625 граѓани. Ревакцинирани се 53 отсто од граѓаните над 40 годишна возраст, а 33 проценти од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина. Опфатот со вакцинација со една доза на полнолетната популација е 47, а со две дози 44 проценти. Според бројот на аплицирани вакцини, 38 отсто од целата…

Read More