Author: НОВА ТВ

УНЕСКО денеска соопшти дека усвоиле прв меѓународен документ за етика на вештачката интелигенција (ВИ) за регулирање на револуционерните технологии кои, и покрај многуте придобивки, носат и големи опасности за општеството. „Технологиите на вештачката интелигенција можат да донесат големи придобивки за човештвото“ и „сите земји можат да имаат корист од нив“, но „во исто време ги покренуваат основните етички прашања“, се посочува во воведот во препораката од 28 страници, ратификувана од 193 земји-членки на УНЕСКО. „Треба да се обезбеди транспарентност и разбирливост на работењето на алгоритмите и податоците од кои тие се изведени“, бидејќи тие можат да влијаат „на човековите права…

Read More

Албанскиот Парламент, на денешната пленарна седница, што ја почна со едноминутно молчење во знак на почит на загинатите македонски патници во автобуската несреќа во Бугарија, го ратификува договорот за заеднички контроли на граничните премини меѓу Северна Македонија и Албанија. – Албанија и Северна Македонија ќе имаат заеднички гранични контроли по истиот модел што го имаме со Косово и Црна Гора, рече министерот за внатрешни работи Бледи Чучи во своето обраќање во Собранието. Тој додаде дека на сите шест гранични премини ќе има само еден контролен шалтер. – Договорот се заснова на модели што ги имаме со другите земји кои ги…

Read More

Железничкиот сообраќај од утре во 7 часот ќе биде во прекин поради неисплатен втор дел од платата за октомври, најавија претседателите на синдикатите на машинскиот и извршен персонал во Железници на РСМ Транспорт, Тони Димовски и Душко Чакаровски. Како што изјави Чакаровски за МИА, со овој чекор всушност се реализира нивната најава за прекин на работата доколку до 25-ти во месецот не им биде исплатен вториот дел од платата за претходниот месец. Машинскиот и извршниот персонал во Железницата го прекинаа железничкиот и товарниот сообраќај и на 1 ноември, поради неисплатен втор дел од септемврриската плата. По исплатата наредниот ден ја…

Read More

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 2.708 тестирања, а регистрирани се 473 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 246, Битола – 41, Кавадарци – 23, Охрид – 22, Куманово – 21, Прилеп – 18, Кочани – 13, Велес – 11, Струмица и Гевгелија – по 9, Валандово – 7, Берово – 6, Штип – 5, Кичево, Крива Паланка, Пробиштип и Македонска Каменица – по 4, Тетово, Свети Николе, Кратово и Демир Хисар – по 3, Гостивар , Струга, Неготино, Ресен и Богданци – по 2, Радовиш, Делчево, Крушево…

Read More

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 2.939 тестирања, а регистрирани се 442 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 168, Битола – 41, Прилеп – 31, Кавадарци – 24, Охрид – 15, Куманово, Велес, Штип, Струмица и Кочани – по 13, Делчево – 11, Ресен и Валандово – по 10, Демир Хисар – 9, Неготино и Берово – по 8, Гевгелија, Свети Николе, Крива Паланка и Радовиш – по 7, Тетово – 3, Македонска Каменица – 2, Гостивар, Кичево, Струга, Виница, Пробиштип, Кратово, Богданци, Македонски Брод и Пехчево –…

Read More

Најмногу починати од коронавирусот во Европската Унија има во Бугарија, која има едвај 30 отсто вакцинирано население, а најдобра е Ирска, која со 93 отсто до населението има само 15 смртни случаи на две недели на милион жители. Графиконот е доказ дека вакцинацијата делува, пишува Блиц. „Податоците покажуваат дека колку е поголема стапката на вакцинација, толку е помала стапката на смртност“, напиша Европската комисија во описот на графиконот објавен вчера на својот Твитер профил. Врз основа на графички прикажаните податоци, може да се забележи дека во земјите со висок процент на вакцинирани, бројот на смртни случаи е многу мал. На…

Read More

Прекин во водоснабдувањето утре од 9 часот ќе имаат дел од корисниците лоцирани на улицата „50 Дивизија“ од бр.27 до 31 и угостителскиот објект „Јавна соба“. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради санирање уличен дефект на улицата „50 Дивизија“ бр. 29 во населба Водно. Водоснабдувањето ќе биде прекинато се до санирање на дефектот.

Read More

Погрешни и избледени хоризонтални ознаки, немање патна сигнализација, лоша состојба на рефлектирачката сообраќајна сигнализација, можен шверц на гориво или човечка грешка, се дел од можните причини за тешката сообраќајка со 45 загинати на автопатот Струма, во Бугарија. Ова го посочија експерти за безбедност на патиштата во „Денот почнува“ на БНТ. Полицијата на местото на несреќата дозволуваше пристап само на вештаци и истражители, кои работата на утврдување на движењето на автобусот, местата каде што одмарал, како и брзината со која се движел. Автомобилистот Румен Дунев, вели дека автобусот имал двапати пат на кочење и дека возачот на автобусот не спиел. -Еден…

Read More

Членовите на Државната изборна комисија нема да земат дополнителни надоместоци за локалните избори. На денешната седница тие изгласаа измена и дополнување на Правилникот за надоместоци на изборните органи за локалните избори и, како што појасни членот на ДИК Борис Кондарко, се работи за прецизирање и дополнување на Правилникот. -Членовите на ДИК освен нашите редовни плати нема да земат никави бонуси, иако имаме право на тоа, рече Кондарко. Надоместоците за други лица вработени во ДИК, лица дополнително ангажирани, членовите на ОИК и ИО остануваат, а се додаваат и членовите на Избирачката комисија на Град Скопје. Се зголемува за 25 отсто надоместокот…

Read More

Изразивме неповолно мислење за вистинитоста и објективноста на финансискиот извештај и за усогласеноста со законската регулатива, упатства и воспоставени политики, се наведува во Ревизорскиот извештај на Државниот завод за ревизија за Агенцијата за вработување, чија цел е да се утврди дали финансискиот извештај е ослободен од материјално погрешни прикажувања и дали активностите, финансиските трансакции и информациите во него се во согласност со законскаат регулатива. Во извештајот, во клучните утврдени состојби се посочени неусогласени податоци од евиденциите за постојани средства, залиха, паричен надоместок и активни мерки со сметководствената евиденција, преземени обврски без спроведени јавни набавки над дозволениот праг со Законот за…

Read More

При истовар на товарно возило и полуприколка со кумановски регистарски ознаки во фабрика во Виница биле пронајдени двајца мигранти, А.Ј.(23) и М.Н.(26), двајцата од Сирија. Поради тоа полициски службеници од Полициската станица Виница вчера го лишиле од слобода Џ.С.(51) од с.Романовце, Kумановско. Како што соопшти МВР, за настанот бил запознаен Јавен обвинител за гонење на организиран криминал и корупција, а мигрантите биле пренесени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Read More

Две лица загинаа, а едно е тешко повредено во сообраќајна несреќа што ноќеска се случила на крстосница од локалниот пат за село Горобинци, светиниколско. Полицијата соопшти дека, околу 02.45 часот ноќеска во ОВР Свети Николе било пријавено дека на крстосница од локалниот пат за село Горобинци, светиниколско, патничко возило „Ауди“, управувано од В.С.(37) од Свети Николе, излетало од патот. Во несреќата возачот и сопатничката С.А.(21) од Свети Николе се здобиле со повреди и починале на местото на настанот. Сопатникот Д.Ј.(28) се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Јавна здравствена установа Свети Николе. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и…

Read More