Author: НОВА ТВ
Дел од жителите на Сопиште денеска од 11:30 часот имаат прекин во водоснабдувањето. Како што соопшти Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, корисниците се без вода поради изведување водоводен приклучок на улиците „22“ и „32“ во Сопиште. Водоснабдувањето ќе биде прекинато се до завршување на активностите на терен.
Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска се сретна со директорите на основните и средните училишта во Битола. На состанокот, на кој присуствуваше и градоначалничката Наташа Петровска, разговараа за текот на наставата со физичко присуство во услови на пандемија, за реформите во основното образование и за процесот на унапредување на средното стручно образование. Како што соопшти Министерството за образование и наука, Царовска на средбата посочи дека оваа учебна година почна со физичко присуство и додаде дека е година во која имплементираме целосно нови наставни програми во прво и четврто одделение. -Досега целиот овој процес тече според предвидениот план и…
Претстојните претседателски и парламентарни избори во Бугарија на 14 ноември ќе ја стимулираат изборната активност, покажуваат резултатите од социолошкото истражување на „Маркет линкс“, нарачано од приватната телевизија бТВ. Како што јави дописникот на МИА од Софија, ГЕРБ ќе извојува убедлива победа и за неа ќе гласаат 22,5 од избирачите. Следните пет политички партии во 47. Народно собрание на Бугарија нема да знаат до крај како ќе ги распределат своите места. Во моментов, бугарските социјалисти на Корнелија Нинова се на второ место со 14,5 отсто. „Има таков народ“ на Слави Трифонов и „Демократска Бугарија“ на поранешниот министер за правда Христо Иванов…
Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 778.408 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 1.624 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 7.518 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.482.287 дози вакцини, а ревакцинирани се 703.878 граѓани. Со последните бројки 55% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 31% од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина. Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата.…
„Македонија2025“ е позитивен пример за придонесот на македонските иселеници во економскиот и демократски развој на Северна Македонија, истакна претседателот Стево Пендаровски на средбата со претставници на организацијата во Њујорк. Како што соопшти кабинетот на Пендаровски, на средбата претставниците на „Македонија2025“ го информираа претседателот за досегашните активности и приоритети во контекст на нивното делување во Њујорк и на американскиот континент во целина. Оддавајќи признание за досегашните вложени напори, претседателот Пендаровски ги охрабри претставниците на „Македонија2025“ за нивен засилен ангажман преку кои се искажува и волјата и решеноста на македонската дијаспора активно да се вклучи во градењето на иднината на Северна Македонија.…
Извршниот директор на Модерна Инц. Стефан Бансел смета дека пандемијата на коронавирус ќе заврши за една година, бидејќи зголеменото производство на вакцини обезбедува глобални резерви, изјави за швајцарскиот весник Ноје Цуерхер Цајтунг. – Ако го погледнете проширувањето на производствениот капацитет во индустријата во текот на последните шест месеци, до средината на следната година треба да има доволно дози за да може да се вакцинираат сите на овој свет. Исто така, треба да бидат можни засилувачи до потребниот степен, изјави тој во интервју за весникот. Вакцинацијата наскоро ќе биде можна дури и за новороденчиња, рече тој. – Оние кои не се…
На територијата на град Скопје вчера се изречени вкупно 161 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 35 санкции, 16 за возење без возачка дозвола, 5 за возење под дејство на алкохол, седум за технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени се три мерки за неносење на сигурносен појас, четири за минување на црвено светло, 4 за возач почетник, 56 за непрописно паркирање. Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат, соопшти МВР.
Началникот на Генералштабот на американската армија, генерал Марк Мили и рускиот началник на Генералштабот, Валериј Герасимов, разговараа шест часа во Хелсинки, на првата средба лице в лице со највисоките воени претставници на двете земји од 2019 година. Мили, првиот човек на Здружениот штаб на американската армија и највисокиот генерал на руската армија, Герасимов, не ги открија деталите од вчерашниот разговор, а изјавите од двете страни беа кратки. Во соопштението на американската војска, кое вклучува детали за должината на состанокот, но не и агендата, се вели дека разговорите имаат за цел „да го намалат ризикот и брзо да го елиминираат конфликтот“.…
Премиерот Зоран Заев, на редовниот годишен состанок со шефовите на дипломатските мисии на земјите членки на ЕУ во државава, што се одржа вчера во Владата, изрази очекување до крајот на словенечкото претседателство да се постигне напредок во евроинтеграцијата на државата. – Северна Македонија ги заврши своите домашни задачи и е целосно подготвена да ги започне преговорите со Европската Унија, истакна Заев на состанокот. На состанокот, како што соопшти владината прес-служба, беа разменети мислења со амбасадорите за актуелните и најважни активности во Северна Македонија, со посебен акцент на процесот за интеграција на земјата во Европската Унија. Премиерот Заев, пред амбасадорите на…
Во периодот од 13 до 19 септември, 24 отсто од новозаразените со Ковид-19 во Грција, односно 3.559 случаи се кај деца на возраст од четири до 18 години, според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје, јави дописничката на МИА од Атина. Станува збор за првата седмица од отворањето на училиштата во земјата, а еднаш неделно ќе се објавуваат податоци за ситуацијата со коронавирусот кај учениците. Во Солун веќе се затворени две паралелки во основно училиште, откако биле потврдени над 20 случаи на Ковид-19 во двете одделенија. Учебната година во Грција започна на 13 септември, учениците следат редовна настава…
Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири денеска беше домаќин на состанокот со претставници од Амбасадата на САД и претставници од Естонскиот центар за источно партнерство. На оваа средба беше потврден грантот што Владата на Република Северна Македонија ќе го добие од овие 2 институции во износ од 350.000 американски долари за реализација на активности за менторство и помош во имплементацијата на електронските услуги на јавните институции во Северна Македонија во следните 18 месеци. -Министерот Шаќири на средбата истакна дека MИОА целосно е посветено на функционирање на дигитализацијата и покрај сопствените буџетски средства правиме се за да ги анимираме…
Нивото на капитални инвестиции расте секојдневно. Ги правиме последните анализи за третиот квартал. Моите очекувања се дека нашиот основен буџет ќе биде преку 60 проценти во третиот квартал, а до крајот на годината очекуваме 80 отсто. Активно работиме на тоа, активно работат сите ресорни министерства со цел да вбризгаме што е можно повеќе средства во економијата во изградбата на патишта, градинки, водоводи, канализации, училишта, спортски сали и се што е важно за раздвижување на економијата, рече денеска министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски. Како што изјави Бочварски, се очекува во септември, октомври, па и во ноември, кога градежната сезона…