Author: НОВА ТВ

Државната изборна комисија денеска на седница со жрепка го утврди распоредот на кандидатите на гласачкото ливче за избори за градоначалници и членови на советите на општините и на Град Скопје. 1. Алијанса за Албанците 2. Алијанса за Албанците и Алтернатива 3. Алтернатива 4. ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“ 5. ВМРО Народна партија 6. Граѓанска опција за Македонија (ГРОМ) 7. Движење БЕСА 8. Движење „Одлучно за промени“ (ЛДП и ДОМ) 9. Демократска партија на Албанците (ДПА) 10. Демократска унија за интеграција (ДУИ) 11. Демократска партија на Турците на Македонија 12. Коалиција „Најдобро за мојата општина“ предводена од СДСМ 13. Коалиција…

Read More

Кризата со подморниците меѓу Франција, САД и Австралија е „алармен сигнал за сите во ЕУ“, нагласи германскиот државен секретар за европски прашања Михаел Рот во Брисел. – Треба да се запрашаме како да создадеме услови за нашиот суверенитет, како можеме да покажеме повеќе единство во надворешната политика и безбедносните прашања, изјави тој, пристигнувајќи на состанокот на европските министри. Кризата меѓу Франција, САД и Австралија го доведе во прашање одржувањето на првиот состанок на новоформираниот трговски и технолошки совет, закажан да се одржи следната недела во Питсбург. Амбасадорите на ЕУ ги одложија подготовките за состанокот во Питсбург на 29 септември. Според…

Read More

Првичните резултати од почетокот на ветингот на дипломатите во МНР покажува дека на две лица ќе им биде раскинат работниот договор затоа што немаат безбедносен сертификат од безбедносните служби, информира денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи. -На едно лице при проверка на безбедносниот статус одбиено му е барањето за безбедносен сертификат и не го поминал првиот филтер. За причините за одбивањето не добив образложение, а започната е и процедура за прекинување на работниот однос. Друго лице користело несоодветен сертификат. И тој не го поминува првичниот ветинг и за него следува прекин за работниот однос. Со тоа може да се…

Read More

Фудбалерот на Пари Сен-Жермен, Лионел Меси ќе го пропушти натпреварот од 7. коло во француската Лига 1 против Мец, објавено е на веб-страницата на парижаните. Фудбалерот беше полесно повреден на натпреварот против Лион (2:1) и нема да може да тренира неколку дена. Дуелот Мец – ПСЖ е закажан за 22 септември. Откако се приклучи на ПСЖ, Меси одигра само три натпревари за тимот: два во француската лига (против Ремс и Лион) и еден во групната фаза од Лигата на шампионите против Клуб Бриж (1-1). На ниту еден од овие натпревари Аргентинецот не успеа да постигне ниту гол, а нема ниту…

Read More

Земјоделските стопанства кои поднеле барање за финансиска поддршка во 2021 година, а од денот на поднесувањето на барањето, до сега, имаат промена во бројот на банкарска сметка, промена на адреса на живеење, или телефонски број за контакт, треба да извршат промена во електронскиот систем во кој е поднесено барањето. Како што информираат од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството, лицата, потребно е да се логираат на веб страната на АФПЗРР, www.ipardpa.gov.mk во десниот горен агол да кликнат на иконката „директни плаќања е – барање“ . Откако ќе се отвори системот потребно е апликантот да се најави со корисничкото име и…

Read More

Вкупно 30 милиони евра од Европската унија ќе бидат инвестирани во развојот на пограничните региони на Бугарија и Република Северна Македонија во следните седум години. Средствата се во рамките на Програмата за прекугранична соработка, со која управува бугарското Министерство за регионален развој и јавни работи. Бугарскиот заменик-регионален министер Захари Христов, објавија бугарски медиуми, појасни дека инвестициите ќе бидат насочени кон развој на чиста и зелена средина, одржлив туризам и поддршка на конкурентноста во прекуграничниот регион. Меѓу приоритетните проекти е изградбата на новиот граничен пункт „Клепало“ помеѓу општините Струмјани и Берово. Христов рече дека благодарение на програмите Интеррег, во последните 20…

Read More

Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска одржа состанок со делегација од Естонија, претставници од Секретаријатот за европски прашања и од Амбасадата на Соединетите Американски Држави, на кој се разговараше за планираните активности во дигитализацијата на образованието и развојот на дигиталните вештини, преку проект поддржан од Естонскиот центар за источно партнерство (ЕЦИП) и финансиран од Естонија и САД. – Проектот којшто го започнува Секретаријатот за европски прашања, а е во насока на поддршка на дигитализацијата во Северна Македонија е дел од приоритетите на Владата за носење европски вредности дома, меѓу кои и дигитализацијата на образованието. Министерството за образование и…

Read More

ЕУ перспективите на земјата и чекорите кои се преземаат во правосудството со цел зацврстување на правната држава беа теми на денешната средба на министерот за правда Бојан Маричиќ и вршителот на должноста директор за Западен Балкан во Генералниот Директорат за соседство и преговори за проширување на Унијата, Микела Матуела. Маричиќ, како што соопшти Министерство за правда, на гостинката Матуела и ги претстави новите закони кои долго време се работеа во ресорното министерство, а се во насока на реформа во правосудството. На средбата дополнително беше објаснет процесот на дигитализација на судовите и нивното опремување со софистицирана информатичка технологија. Во однос на ЕУ интеграциите,…

Read More

Во Словенија ковид потврда ќе мора да имаат и вработените кои работат од дома, јавија словенечките медиуми, повикувајќи се на Министерството за труд. Словенија воведе ковид сертификат за работа, за одење во трговски центри, здравствени установи, јавен превоз, освен за студентите, како и за различните услужни дејности и јавни институции. Министерството за труд сега појасни дека дури и оние кои работат од дома не се ослободени од обврската да поднесат потврда за вакцинација, прележан Ковид – 19  или негативен тест, јави телевизијата Н1, пренесе Индекс. Ако вработените што работат од дома немаат ковид потврда, тие ќе мора да се самотестираат…

Read More

Филмот „Страхиња Бановиќ (Додека можам да одам)“, на српскиот режисер Стефан Арсенијевиќ е умешно реализиран како поетска приказна за вечната тема на патувањето во потрага по подобар живот, но на моменти и како документарен приказ на судбините на бегалците од африканските и блискоисточните земји кои во современиот свет се придружени со неверојатно суров и трагичен елемент. Синоќа публиката на „Браќа Манаки“ можеше да го види филмот на Арсенијевиќ, а денеска тој на прес конференција со новинарите откри детали за снимањето, инспирацијата, соработката со кинематограферката Јелена Станковиќ… -Драго ми е што филмот е селектиран на ИФФК „Браќа Манаки“ и тоа пред…

Read More

Просечната исплатена нето-плата по вработен во јули годинава изнесувала 28 540 денари и е за 4,8 отсто поголема од истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика. Зголемувањето се должи, пред сѐ, на растот на просечната месечна исплатена нето-плата во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (15.1 %), Уметност, забава и рекреација (14.2 %) и Други услужни дејности (13.5 %). Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (7.5 %), Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (4.3 %) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на…

Read More

Американскиот експерт за заразни болести, Ентони Фаучи објави дека се уште не е одлучено дали САД ќе дозволат влез на патници од Велика Британија и Европската унија кои ја примиле вакцината против Ковид-19, развиена од „АстраЗенека“ и Универзитетот во Оксфорд. Фаучи, кој е и главен медицински советник на американскиот претседател Џо Бајден, за Би – Би – Си изјави дека тоа прашање треба да се разработи и дека конечната одлука за признавање на вакцината на „АстраЗенека“ ја носи Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ). Сепак, тој не мисли дека постои причина луѓето што ја примиле оваа вакцина да…

Read More