Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДИК го утврди редоследот на кандидати на гласачкото ливче на локалните избори 2021

0
By НОВА ТВ on September 21, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, September 21, 2021 15:24

Државната изборна комисија денеска на седница со жрепка го утврди распоредот на кандидатите на гласачкото ливче за избори за градоначалници и членови на советите на општините и на Град Скопје.

1. Алијанса за Албанците

2. Алијанса за Албанците и Алтернатива

3. Алтернатива

4. ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“

5. ВМРО Народна партија

6. Граѓанска опција за Македонија (ГРОМ)

7. Движење БЕСА

8. Движење „Одлучно за промени“ (ЛДП и ДОМ)

9. Демократска партија на Албанците (ДПА)

10. Демократска унија за интеграција (ДУИ)

11. Демократска партија на Турците на Македонија

12. Коалиција „Најдобро за мојата општина“ предводена од СДСМ

13. Коалиција „Сите заедно“ – ДУИ, Алијанса за Албанците и Алтернатива

14. Левица

15. Партија за движење на Турците во Македонија (ПДТ)

16. СДСМ

Поради ситуацијата поврзана со пандемијата со Ковид-19, седницата на која се одржа жрепката се одржа без присуство на овластените претставници на политичките партии, коалициите и групите избирачи.

Во рамки на седницата се одржа и жрепка за доделувањето локации на рекламни паноа и билборди за политичко рекламирање.

Членовите на ДИК ги разгледаа и усвоија: записниците од 22. и 23. седница, политиката за воспоставување систем на заштита на личните податоци, правилник за избор и формирање посебни избирачки одбори.

Радица Ристеска,член на ДИК во врска со правилникот за избор и формирање посебни избирачки одбори рече дека тие се од од посебно значење за лицата кои ќе бидат пријавени за гласање претходниот ден пред денот определен за избори, значи 16 октомври за лицата кои се во домашен карантин заради позитивен тест на Ковид-19 или на кои им е одредена мерка за самоизолација со решение на ДСЗИ во зависност од нивниот број ДИК формира еден или повеќе избирачки одбори.

-Посебните избирачки одбори се составени од тројца здравствени работници, претседател и членови кои го спроведуваат гласањето на овие лица при што политичките партии имаат право да именуваат член во посебниот одбор согласно одредби од Изборниот законик…, рече Ристеска.

ДИК ги разгледа и усвои и упатството за пријавување и гласање на лицата кои се во домашен карантин заради позитивен тест на Ковид-19 и лицата на кои им е одредена самоизолација.

Потпретседателката на ДИК, Дитмире Шеху во врска со тоа упатство рече дека граѓаните кои се со позитивен тест или се во самоизолација треба да достават известување до општинските изборни комисии преку полномошник или електронски до општинската изборна комисија најдоцна пет дена пред денот определен за гласање.

– Полномошното лице кое поднесува известување за гласањето на овие лица треба да гласи само на член од потесното семејство, а тие кои немаат член од потесното семејство имаат право да даваат полномошно на друго лице кое може да поднесе известување за гласање најмногу за две лица. Тој кој еднаш се пријавил како полномошник не може уште еднаш да поднесе полномошно од друго лице. При електронското поднесување меил адреса може да се поднесе за најмногу две лица. Во самото пријавување до општинската изборна комисија се поднесува само известување, а комисијата по служвена должност прибавува податоци од ДСЗИ за лицата клои се пријавиле за гласање. ДСЗИ во рок од 24 часа треба до општинските изборни комисии да достави известување дали навистина тие лица се со позитивен тест или се во самоизолација…истакна Шеху.

ДИК на денешната седница ги усвои: правилникот за техничките и организациските мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци, правилникот за определување на обврските и одговорностите на администраторот на информацискиот систем и овластените лица во ДИК, правилникот за начинот на правење сигурносна копија, архивирање и чување и повторно враќање на зачувани лични податоци во ДИК, правилник за начинот на уништување на документите и начинот на уништување, бришење и чистење на медиумот во ДИК, правилник за пријавување, реакција и санирање на инциденти во ДИК, упатството на општинските изборни комисии и изборната комисија на Град Скопје за обезбедување, чување, ракување и дистрибуција на изборниот материјал, образец број 18в, 18г, 18д, 31б, 31в, 31г, 31д, 19г, 19д, 20п, 20ф и 22, упатството за начинот и постапката на утврдување на просечно постигната цена и најниска цена за платено политичко рекламирање.

Дик кандидати локални избори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.