Author: НОВА ТВ
Министерката за надворешни работи на Косово, Доника Грвала вели дека одлуката на косовската Влада за реципроцитет со Србија за регистерските таблички е во согласност со договорот што двете срани го потпишале во Брисел, јави дописникот на МИА од Приштина. Според соопштението на косовското МНР, Грвала на средбата со словенечкиот колега, Анже Логар, на маргините на седницата на Генералното собрание на ОН во Њујорк, изјавила дека „тензијата што се предизвика на косовско-српската граница треба да се гледа како еднострано дејствие на Србија“. Грвала, се наведува во соопшението, побарала од Словенија, како актуелен претседавач на Претседателството на Советот на ЕУ, поддршка за…
Денеска Меѓународниот ден на мирот го одбележуваме со повикот на Генералното собрание на Обединетите Нации да запре говорот на оружјето во сите делови на светот каде што има вооружени конфликти и овој ден да го посветиме на афирмацијата на идеалите за мир, за дијалог и помирување, напиша премиерот Зоран Заев на неговиот профил на Фејсбук. – Човештвото денес е исправено пред други битки. Борбата за целосно справување со пандемијата со КОВИД-19, или за спречување на нејзино проширување, е и битка за трансформацијата на светот во заедница на народи еднакви во користењето на ресурсите и придобивките на хуманоста. Инклузивен свет заснован…
Трикратниот грен слем шампион Енди Мареј ги сподели своите планови за крајот на сезоната. – Имав добар настап на УС Опен. Не ги добив резултатите што ги посакував, но играв добро, така што е убаво да се знае дека имам уште ниво на тенис за да се натпреварувам со најдобрите. Морам да се обидам да останам во форма. Треба да играм натпревари и сакам да се натпреварувам што е можно почесто до крајот на годината. Ќе има денови за подготовка за секој турнир, а не недели. Но, тука лежи предизвикот. Морам да го дадам најдоброто од себе во следните неколку…
Вкупните депозити, во август, на годишна основа, се повисоки за 9,9 проценти, при раст кај двата сектора – корпоративен и домаќинства, којшто е поистакнат кај корпоративниот сектор. На годишно ниво, вкупните кредити, пак, во август, бележат раст од 6,4 проценти, при зголемено кредитирање кај двата сектора, со поголем придонес на секторот домаќинства, соопшти Народната банка на С Македонија. Како што се наведува во соопштението од НБ за монетарните движења во земјава за август 2021 година, паричната маса (монетарниот агрегат М3 1,2), се зголемила за 1,6 отсто во споредба со претходниот месец. Нагорната промена, се посочува, главно е резултат на повисоките…
Полицијата вчера открила шест мигранти од Куба, илегално влезени во државата, и привела двајца скопјани кои ги превезувале со автомобили. Министерството за внатрешни работи денеска во дневниот билтен информира дека синоќа во 22 и 22.20 часот кај наплатна рампа „Демир Капија“, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Михајлово“ ги привела А.Ш.(26) и С.С.(51), двајцата од Скопје, кои управувале патнички моторни возила „бмв“ и „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки и во нив ги превезувале шестемина мигранти од Куба. – За настанот бил известен јавен обвинител. Приведените биле предадени на полициски службеници од ОВР Неготино, а на лицата мигранти им…
Претседателот на државата Стево Пендаровски, за време на посетата на САД по повод неговото учество на Генералното собрание на Обединетите нации, во Њујорк оствари средба со Наталиа Канем, извршен директор на Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА). На средбата, соопштија денеска од кабинетот на Пендаровски, се разговарало за актуелната соработка меѓу нашата земја и УНФПА во однос на креирање политики за населението и преземање активности со цел подобрување на пристапот до услугите од областа на репродуктивното здравје и во насока на спречување и одговор на родово базираното насилство. – Претседателот Пендаровски истакна дека нашата држава е посветена на креирање…
Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 774.422 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 2.955 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 12.062 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.465.229 дози вакцини, а ревакцинирани се 690.806 граѓани. Со последните бројки 55% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 31% од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина. Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата.…
Формирана е нова лабораторија за Молекуларна биологија во рамки на Одделението за микробиолошка лабораторија во која детекцијата за доказ на квалитетна и микробиолошки контролирана вода за пиење се врши со Real-time PCR техника. – Карактеристично во молекуларната биологија е дека за идентификација се користи DNK технологија, изјави Душко Весковски, генерален директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје. Секторот за санитарна контрола при ЈП Водовод и канализација – Скопје, врши редовна микробиолошка и хемиска контрола на квалитетот на водата за пиење која се дистрибуира до граѓаните на градот Скопје. Лабораториите кои се дел од Секторот за санитарна контрола, посочуваат од…
Австралискиот премиер Скот Морисон денеска соопшти дека нема да разговара со францускиот претседател оваа недела во Обединетите нации, иако гневот на Франција поради откажувањето на одбранбениот договор тежок 40 милијарди долари може да го загрози трговскиот договор меѓу Австралија и Европската унија. Австралија минатата недела го откажа договорот со француската поморска група за изградба на конвенционални подморници и наместо тоа ќе изгради најмалку осум подморници со нуклеарен погон со американска и британска технологија, по трилатералното безбедносно партнерство со двете земји. Откажувањето на договорот ја налути Франција, која ги обвини Австралија и САД дека ја прободеле со нож во грбот и…
Секторот за внатрешни работи Тетово за речиси девет месеци во 2021 година има поднесено кривични пријави против вкупно 21 лице за повеќе видови кривични дела, а се поврзани со разни видови на напади, спречување при работа на полициски службеници. Десет од нив се за „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“, пет во „учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие“ и шест за „спречување на службено лице во вршење на службено дејствие“. – Заклучно со 20 септември, во СВР Тетово изготвени и до Основните јавни обвинителства во Тетово и во Гостивар поднесени…
Двајца политички стратези на Републиканската партија на САД се обвинети за нелегално финансирање од странство за изборната кампања на поранешниот претседател Доналд Трамп во 2016 година. Според обвинението објавено од Федералниот суд на округот Колумбија, Џеси Бентон и Даг Вид заговориле илегален трансфер на десетици илјади долари – сопственост на руски државјанин, за претседателските избори во САД. Американскиот закон забранува странски државјани да донираат за претседателски кампањи, јави Дојче веле. Според обвинението, Бентон и Вид му помогнале на руски државјанин да добие билет за политички настан за собирање средства за изборната кампања на Трамп во Пенсилванија во септември 2016 година.…
Вкупно 1.132.484 лица, 353.256 домаќинства и 480.364 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави денеска Државниот завод за статистика. Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 193.742 лица. Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, кој официјално започна на 5 септември ќе трае до 30 септември.