Author: НОВА ТВ
Дадов наредба до грчката амбасада во Анкара да достави демарш за нелегален риболов од турските чамци во нашите територијални води, напиша на „Твитер“ министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас, споделувајќи го соопштението од грчкото МНР за новиот демарш од Грција до Турција, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчкото МНР соопштуваат дека наредбата од Дендиас е „во рамките на гарантирањето на националниот суверенитет и заштита на европското законодавство“ и додаваат дека нелегалниот риболов во грчките територијални води е прекршување на европското право и е „уште едно прекршување на меѓународното морско право од страна на Турција“. -Практика на…
Австралискиот премиер Скот Морисон изјави дека е во национален интерес на неговата земја да го раскине договорот од 2016 година со Франција за купување подморници. – Јасно е дека другата страна во договорот (кога ќе биде раскинат) ќе биде вознемирена и разочарана. Јас го разбирам тоа, но исто така, сигурен сум, ќе биде јасно дека националните интереси на Австралија се на прво место. Австралија имаше корист преку трипартитното партнерство што успеав да го остварам со (американскиот претседател Џо) Бајден и (британскиот премиер) Борис (Џонсон), изјави Морисон за телевизискиот канал СБС. Тој додаде дека „ја разбира фрустрацијата на француската Влада и…
Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедници денеска на седница Предлог законот за Академија на судии и јавни обвинители, во прво читање. Министерството за правда во образложението за за поребата од носење на законот, што се носи со европско знаменце, наведува дека произлегува од потребата за реформа на судството, зацртана во Стратегијата за реформа на правосудниот сектор, стратегиската цел на Република Северна Македонија за членство во ЕУ и потребата за остварување на преземените обврски за спроведување ефикасни и континуирани реформи во судството базирани на европските стандарди. Основната намера на Владата за членство во Европската Унија, стои во образложението,…
Од 8 до 15.30 часот утре (21 септември) без електрична енергија ќе бидат корисниците на дел ул. „Ѓорѓи Сугаре“ 16 и од ул. „Михаил Чеков“ број 4 и 9 во општина Кисела Вода, соопшти Центарот за управување со кризи по известување од ЕВН Македонија а.д.. Од12 до 14 часот утре струја ќе немаат и корисниците на ул. „Евлија Челебрија“ 1 и Детскиот театар Центар во општина Чаир, а од 9 до 12 часот и корисниците на дел од ул. „Јустинијан Први“, КАМ Маркет, Дисконт ГИГО Трејд и околните објекти до автобуската станица во општина Кисела Вода, како и корисниците од…
Пет партии – „Единствена Русија“, Комунистичката партија на Руската Федерација, Либерално – демократската партија, „Праведна Русија – за вистината“ и „Нови луѓе“ влегуваат во Државната дума по обработката на 40 отсто од гласовите, покажуваат податоците на Централната изборна комисија на Русија. – Конечниот одѕив на тридневните парламентарни избори ќе биде објавен денеска, изјави Николај Булаев, заменик-претседател на Централната изборна комисија. „Единствена Русија“ освои 45,54 отсто од гласовите за партиските листи, а нејзините кандидати освоија 193 од 225 места. На второ место е Комунистичката партија на Руската Федерација, која доби 21,66 отсто од гласовите. Нејзините кандидати водат во 16 изборни единици.…
Претседателот Стево Пендаровски денеска објави на Фејсбук дека заедно со неговото семејство ја исполниле граѓанската должност за пописот и оти податоците од оваа статистичка операција се неопходни за креирање политики. – Денеска со моето семејство ја исполнивме нашата граѓанска должност. Внесот на податоците потребни за #Попис2021 не одзема повеќе од 15-тина минути. Со попишувачите поразговаравме и за досегашниот тек на процесот, за одѕивот и за реакциите на граѓаните, напиша Пендаровски. Претседателот додаде дека податоците од оваа статистичка операција се неопходни од секој аспект и оти ќе ни дадат насока за планирање на идните политики и стратегии. Вкупно 800 008 лица,…
Организацијата на Летните олимписки и параолимписки игри, чии домаќин во 2028 година ќе биде Лос Анџелес, ќе чини 6,9 милијарди долари, најави денеска извршната директорка на Организацискиот комитет Кети Картер. -ОИ и ПОИ ќе бидат финансиски здрави и ќе остават трајно влијание на градот домаќин, изјави Картер. -Пред сè, ние ќе бидеме домаќини на Игри, кои ќе се одржат во предвидениот термин и во рамки на предвидениот буџет, додаде Картер, наведувајќи оти Игрите ќе користат широк спектар на постоечки спортски објекти, а потрошувачката ќе се надомести со приходи од спонзорства, продажба на влезници и други извори.
Авганистанската Влада формирана од талибанците не е репрезентативна и инклузивна, но од суштинско значење е да се работи со неа, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин на заедничкиот состанок на лидерите на Организацијата за договор за колективна безбедност (ОДКБ) и Шангајската организација за соработка. Путин, исто така, рече дека многу граѓани на Авганистан ја напуштаат својата татковина и оти се надева дека тоа нема да биде „повеќемилионски егзодус“. -Талибанското движење, кое всушност стана една земја, формираше своја влада, која ја презеде одговорноста за иднината на Авганистан. Ова е привремена влада, и како што велат самите талибанци, таа навистина не може…
Програмата за економски реформи ќе содржи мерки за зелена економија и намалување на сивата економија
Во Програмата за економски реформи 2022-2024 ќе бидат вградени мерки насочени кон зелената и дигитална транзиција, подобрувањето на деловното опкружување и намалувањето на неформалната економија. Предложените мерки произлегуваат од препораките кои се дел од усвоените заклучоци на годинашниот Дијалог за економски политики одржан во јули годинава со претставници на земјите членки на ЕУ, Западен Балкан и Турција, како и Оценката на ЕК за Програмата на економски реформи 2021 – 2023. – Се дадоа препораки за подобрување на првиот нацрт текст на предлог реформските мерки. Тие во наредниот период ќе бидат разгледувани во рамки на советодавната мисија на ЕК и дадени…
Наставничкиот пленум бара од Министерството за образование и наука скратување на времетраењето на часовите во наставата со физичко присуство од 45 на 30 минути бидејќи, како што наведува во соопштение, наставниците имаат големи потешкотии да ја реализираат наставата во затворен простор и почитување на сите протоколи утврдени од Комисијата за заразни болести. Пленумот од МОН бара и во училишта во кои има повеќе од 15 ученици во паралелка да се премине на комбинирано учење односно физичко присуство и онлајн-настава. – Итно да се реши проблемот со обезбедување на училиштава и општините кои се надлежни и задолжени за овој проблем тоа…
Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со средата и во текот на вчерашниот ден, вакцинирани се вкупно 767.652 граѓани. Прва доза вакцина во средата и во текот на вчерашниот ден примиле 3.407 граѓани, а вкупно се вакцинирале 22.581 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.435.392 дози вакцини, а ревакцинирани се 667.739 граѓани. Со последните бројки 55% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 30% од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.…
Половина од новите барања за азил поднесени во Белгија во последниот месец доаѓаат од авганистански бегалци, откако талибанците ја презедоа контролата врз нивната земја, јави дописничката на МИА од Брисел. Во текот на август поднесени се над 2.800 барања за азил од страна на Авганистанци, претходниот месец имало 470 барања помалку од оваа земја, информираа денеска од кабинетот на државниот секретар за азил на Белгија, Сами Мади. Бегалците од Авганистан бараат меѓународна заштита во Белгија, како и во други европски земји, но државниот секретар изјави дека нема автоматски да бидат одобрени нивните барања и дека секоја апликација ќе се разгледува…