Половина од новите барања за азил поднесени во Белгија во последниот месец доаѓаат од авганистански бегалци, откако талибанците ја презедоа контролата врз нивната земја, јави дописничката на МИА од Брисел.

Во текот на август поднесени се над 2.800 барања за азил од страна на Авганистанци, претходниот месец имало 470 барања помалку од оваа земја, информираа денеска од кабинетот на државниот секретар за азил на Белгија, Сами Мади.

Бегалците од Авганистан бараат меѓународна заштита во Белгија, како и во други европски земји, но државниот секретар изјави дека нема автоматски да бидат одобрени нивните барања и дека секоја апликација ќе се разгледува одделно за да се утврди дали се исполнети критериумите за азил.

Активистите за права на мигрантите бараат безусловно прифаќање на барателите на азил од Авганистан, посебно жените и децата кои се меѓу најпогодените од талибанското владеење.