Author: Marta Pesevska

Грчкиот министер за здравство, Танос Плеурис, ја повика Европската комисија да преземе мерки за надминување на недостигот од лекови, пишува весникот „Катимерини“. Според соопштението на грчкото Министерство за здравство, Плеврис вчера испратил писмо до европската комесарка за здравство, Стела Киријакидес, во кое повикува на „централна политика на ниво на Европската унија“ за проблемот со недостигот лекови со кој се соочуваат сите земји-членки на Европската унија.

Read More

Зоран Заев објави категоричен демант во одговор на, како што ги нарече, инсинуациите за негово враќање во политиката на социјалните мрежи. Во продолжение, целиот текст на објавата: Изминативе денови, различни центри (и суетни, и криминални, и комбинации од двете, на кои им се приклучи поранешниот премиер и бегалец од правдата Никола Груевски) ме споменуваат во различни конотации. Од тоа дека ќе сум правел пуч во СДСМ, до тоа дека ќе сум бил кандидат за Претседател на Република Северна Македонија, со заедничка поддршка на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Во повеќе наврати изминатиот период кажав дека немам политички амбиции и би сакал уште еднаш…

Read More

Во девет училишта во Скопје попладнево се упатени закани за поставена експлозивна направа, а досега е утврдено дека поголемиот број дојави се лажни, потврдуваат од Министерството за внатрешни работи.

Read More

Резервниот далновод до нуклеарната централа Запорижја синоќа беше прекинат поради гранатирање, соопшти денеска Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).

Read More

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ објави видео порака на социјалните мрежи, во пресрет на новогодишните празници: Маричиќ порачува дека во 2023 треба да останеме доследни на нашата стратешка цел и да ги продолжиме преговорите со ЕУ. „Граѓаните тоа го сакаат и знаат зошто Северна Македонија треба да чекори на европскиот пат. Тоа е единствениот пат кој нуди сигурност, економски напредок, благосостојба и извесност за сите нас и државата“ – вели Вицепремиерот Маричиќ. Тој потсети на фактот дека нашата земја чекаше на почеток на преговорите дури 17 години и очекува, во позитивна атмосфера и консензус, тие процеси да продолжат,…

Read More

Животната средина е многу значајна, загадувањето на Скопје е историски проблем и јас никогаш прашањата кои се стратегиски долгорочни не сум ги поставил на краткорочна политичка рамка, рече премиерот Димитар Ковачевски во интервјуто за МРТ. -Исто како прашањето за ЕУ што не го поставувам во краткорочна рамка, како што некои тоа сакаат така да го прават, па да се служат со уцени, или ова ќе биде или тоа да биде, истото се однесува на унапредувањето на животната средина, не е само владата што инвестира на унапредувањето на животната средина преку буџетот, тука тоа се прави и преку други инструменти, како…

Read More

„Законот за индустриски емисии е во финална фаза и наскоро ќе влезе во постапка за донесување. Една од работите која е предвидена во овој закон е 24 часовен мониторинг за индустриските капацитети со А интегрирана дозвола“ изјави државната секретарка во Министерството за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова во „24 анализа“ на ТВ24. Таа додаде дека законот се работел подолго од што било планирано, бидејќи како Министерство наишле на отпор. „Кога носите ново законско решение и кога дел од европското законодавство се става во македонското има отпор. Бизниз заедницата ќе биде запознаена со законот и за влијанието кое…

Read More

Повеќе од 250 мигранти од алжирскиот брег пристигнаа на Балеарските острови од 25 декември до денеска, соопштија властите на шпанскиот архипелаг, опишувајќи го како „значителен“ бројот на нови мигранти. – Од Божиќ имаме зголемување на бројот на мигранти кои илегално доаѓаат на нашите брегови, поточно 251 лице, што е значителна бројка, но не и најголема во годината, изјави претставничката на шпанската Влада на овој медитерански архипелаг, Аина Калво. Само денеска најмалку 136 мигранти пристигнале на Балеарските острови, кои се наоѓаат на повеќе од 250 километри од алжирскиот брег. Најголем дел од мигрантите дошле од Магреб, а останатите од субсахарска Африка, се наведува во соопштението…

Read More

Марко има 25 години и се соочува со 4-ти степен на канцер. За негово лекување кое ќе се случува во Франција се потребни парични сретства од износ 150 000 евра. Секоја помош е добро дојдена и секој кој што е во можност би можел да донира на трансакционата сметка подолу. Марко Здравковски 250500023957049 – Шпаркасе банкa. Број за донации на А1- 143 485

Read More