Author: Marta Pesevska

„Несериозно е да се прави паралела меѓу Гордана Јанкуловска и нејзиното МВРО-ВМРО и сегашното раководење на МВР од страна на Оливер Спасовски. Граѓаните тоа го перцепираат, искажуваат преку анкети и даваат поддршка за намалување на криминалитетот“ кажа пратеникот од СДСМ, Мартин Костовски во „Топ тема“ на Телма. Тој додаде дека намалувањето на криминалот, акциите за заплена за дрога, како и последната акција на Табановце покажуваат дека Владата, СДСМ и МВР прават се за министерството да се ослободи од партиски стеги и авторитети. „Генерално МВР е ослободено од партиските стеги и притисоци. Преочигледно е какво беше МВР и целокупниот…

Read More

Албанската министерка за Европа и надворешни работи Олта Џачка повторно реагираше на тензиите на северот на Косово, но овој пат со поблаг тон во споредба со синоќешната реакција, јави дописничката на МИА од Тирана. Таа апелира до САД и ЕУ да инсистираат на дијалог, а косовскиот премиер Албин Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ да разговараат.  – Ги повикуваме двајцата лидери да седнат и да разговараат, а ЕУ/САД бараме да инсистираат на тоа. Сè друго освен дијалог е осудено на неуспех, за жал. Следејќи ја секоја минута оваа тажна сцена на вештачки продолжената криза на северот на Косово ние сме длабоко…

Read More

Министерот за одбрана Себастиен Лекорну денеска пристигна во Киив, каде ќе разговара за воената поддршка за Украина. – Поддршката на француската влада за Украина е непоколеблива, истакна Лекорну. Тој по пристигнувањето во Киев положи венец на споменикот на хероите, оддавајќи им почит на Украинците кои загинаа бранејќи ја својата земја од руските сили. Предвидено е Лекорну да се сретне со претседателот Володимир Зеленски, како и со украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников и со воени претставници. Извор: МИА

Read More

Известувачката на Европскиот парламент за Косово Виола фон Крамон денеска изјави дека ја поздравува одлуката на судот полицаецот Дејан Пантиќ, кој беше уапсен пред дваесетина дена, да биде испратен во домашен притвор.

Read More

Меѓу воените злосторства извршени од руските окупатори во Украина, посебна улога играат злосторствата против културното наследство. Уништување на локации на наследство, артилериски напади врз образовни и културни објекти, грабежи на музеи и архиви…

Read More

Секторот за внатрешни работи Скопје за време на претстојните новогодишни празници, по претходно утврден план за безбедност на територијата на Град Скопје, секојдневно презема засилени превентивни активности на места каде има зголемена фреквенција на граѓани.

Read More

Скопје и денеска се најде меѓу десетте најзагадени градови во светот. Загадувањето предизвика државата да ги активира мерките и препораките за заштита од аерозагадување поради тоа што два дена, едноподруго, беа надминати концентрациите на ПМ 10 честички во Центар и Лисиче, како и во уште три града во државата, Кичево, Кавардарци и Струмица.

Read More

Британија ќе ги зголеми трошоците за одбрана за повеќе од  милијарда фунти за да избегне реално намалување во следните две години, објави Телеграф. Се очекува министерот за финансии Џереми Хант да го објави зголемувањето на буџетот напролет, наведува весникот.

Read More

Претставници на курдската заедница во Франција денеска се собраа во центарот на Париз за да побараат одговори на прашањата поврзани со убиството на тројца Курди во францускиот главен град. Според француски медиуми демонстрантите фрлаа кон полицијата.

Read More