Секторот за внатрешни работи Скопје за време на претстојните новогодишни празници, по претходно утврден план за безбедност на територијата на Град Скопје, секојдневно презема засилени превентивни активности на места каде има зголемена фреквенција на граѓани.

Во координација со други служби од Министерството за внатрешни работи предмет на проверка се пазари, молови и други објекти од затворен тип. Целта на превентивно делување е спречување на секаков вид на безбедносни закани кои можат да го попречат нормалното функционирање на граѓаните.