Известувачката на Европскиот парламент за Косово Виола фон Крамон денеска изјави дека ја поздравува одлуката на судот полицаецот Дејан Пантиќ, кој беше уапсен пред дваесетина дена, да биде испратен во домашен притвор.


„Ова треба да доведе до итно отстранување на барикадите на северот на Косово и целосна деескалација“, напиша Крамон на својот Твитер профил.

Таа додаде дека целосно ги поддржува ЕУЛЕКС и Кфор во процесот на надгледување.

Предраг Пантиќ, син на Дејан Пантиќ, полицаец кој ја напушти косовската полиција, а на почетокот на декември беше уапсен на преминот Јариње, за Н1 потврди дека од адвокатот добиле информација дека е пристигнато решение за куќен притвор.

Тој додаде дека се уште не добиле информации за понатамошниот процес, како ќе се одвива ослободувањето и дека чекаат инструкции.

Извор: МИА