Министерот за одбрана Себастиен Лекорну денеска пристигна во Киив, каде ќе разговара за воената поддршка за Украина.

 

– Поддршката на француската влада за Украина е непоколеблива, истакна Лекорну.

Тој по пристигнувањето во Киев положи венец на споменикот на хероите, оддавајќи им почит на Украинците кои загинаа бранејќи ја својата земја од руските сили.

Предвидено е Лекорну да се сретне со претседателот Володимир Зеленски, како и со украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников и со воени претставници.

Извор: МИА