Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Marta Pesevska
Актерката беше најголемите промотори на добротворни акции и амбасадор на канцеларијата на високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР).
Климатските промени доведоа до значително поголеми и посмртоносни епидемии на колера пријавени во околу 30 земји оваа година, соопшти синоќа Светската здравствена организација (СЗО).
Следбеникот на теоријата на заговор на кју-енон Даглас Џенсен, градежен работник од Ајова, осуден е на пет години затвор за неговата улога во нападот на толпата врз американскиот Капитол во Вашингтон на 6 јануари , 2021 година, пренесува МИА.
По повод одбележувањето на 17 декември – Меѓународниот ден за стоп на насилството врз сексуалните работници, во центарот на Скопје се одржа „Марш на црвените чадори“.
Американскиот Стејт департмент денеска формираше долго планиран оддел, таканаречен „Чајна хаус“, како дел од внатрешната реорганизација за да помогне во проширувањето и усовршувањето на американската политика кон еден од најголемите геополитички ривали на Вашингтон. Државниот секретар Ентони Блинкен најави создавање на таков оддел во мај, опишувајќи го како тим од специјалисти кои ќе ја координираат и спроведуваат американската политика за прашања поврзани со Кина. „Големата и обемот на предизвикот што го поставува Народна Република Кина е тест за американската дипломатија за разлика од сите со кои се соочила“, рече Блинкен во мај. Блинкен денеска претседаваше со церемонијата за официјално…
Собранието ги усвои измените на Законот за данокот на личен доход со кој од 1 јануари 2023 година се продолжува со примена на рамниот данок од 10 проценти, односно се укинува прогресивното оданочување и се одложува даночењето на каматите на заштедите до влезот на државава во Европската унија. Законските измени што беа изгласани денеска, се дел од Концептот на даночна реформа, што го подготви Министерството за финансии, а кој треба да придонесе кон поголема праведност и поправична распределба на даночниот товар, со цел забрзан и одржлив економски раст. -Целта на предложените измени и дополнувања на Законот за данокот на личен доход, кои денеска беа усвоени од Собранието, се дел од нашата определба да воспоставиме праведен, ефикасен, транспарентен и современ даночен систем, во функција на постигнување забрзан, инклузивен и одржлив економски раст, вели министерот за финансии Фатмир Бесими. Тој додава дека измените во ова законско решение се постигнати преку дијалог и инклузивен процес со сите засегнати страни што го спровело Министерството за финансии и оти целата реформа се темели на Стратегијата за реформа на даночниот систем и има поддршка од Меѓуанродните финансиски институции. -Со постојниот Закон беше предвидено од 1 јануари 2023 година да се примени прогресивно оданочување, кое претходно беше одложено за период од три години. Затоа и ја отворивме темата и врз основа на анализите и заедно со сите општествени чинители преку организираните дискусии дојдовме до ова решение, за укинување на постојниот модел. Во наредниот…
Обединетите нации денеска оценија дека одлуката на „Твитер“ да суспендира профили на неколку новинари претставува „опасен преседан“, во време кога новинарите ширум светот се соочуваат со цензура, физички закани и уште полоши работи, изјави портпаролот на ОН Стефан Дижарик.
Во регионот Херсон, 38-годишен маж загина, а седумгодишно дете е меѓу повредените во руското гранатирање на 14 декември, пренесува Укринформ.
Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница го утврди дополнетиот Предлог на Буџетот на Република Северна Македонија за 2023 година.
Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска го прими специјалниот претставник на Кралството Норвешка за Западен Балкан, амбасадорот Арне Санес Бјорнстад (Arne Sannes Bjørnstad).
Гувернерот на Флорида, Рон Де Сантис, има предност од 23 поени пред поранешниот претседател Доналд Трамп во анкетата на потенцијалните републикански кандидати за следните претседателски избори во САД во 2024 година. Денеска објавените резултати од заедничката анкета на Универзитетот Сафолк и Ју-Ес-Еј Тудеј покажаа дека Де Сантис доби значително поголема поддршка од гласачите, меѓутоа, во друга анкета спроведена од агенцијата „Морнинг Консултантс” (Мorning Counsel) Трамп има предност од 18 поени пред Де Сантис, пренесува лондонски Гардијан. Дејвид Палеологос, директор на Центарот за политички истражувања на Универзитетот Сафолк, во интервју за „Ју-ес-еј Тудеј” вели дека републиканците и независните конзервативци „сè повеќе го посакуваат…
По 21 година од потпишувањето на Договорот за стабилизација и асоцијација со ЕУ и 17 години од добивањето на кандидатски статус, Северна Македонија ги започна преговорите за членство со ЕУ. Пред нашето полноправно членство во европското семејство повеќе немаме надворешни пречки и блокади, остана само нашата „домашна работа“.