Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Marta Pesevska
Во Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија под покровителство на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска денеска се одржа настан „Здружени против родово базирано насилство“, со цел поддршка на Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство. На настанот се обрати сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска, а за работата и предизвиците со кои се соочува Националната мрежа, презентација одржа Елена Димушевска, извршна директорка на Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство. За услугите коишто се обезбедуваат во Женските центри во Скопје и Тетово, зборуваа социјалната работничка Бојана Лазаревска и психологот Небахат Имери. Покрај претставници од Националната…
Екрем Имамоглу долго време се сметаше за потенцијален силен противкандидат на претседателот Реџеп Тајип Ердоган на изборите следната година. Турскиот суд го осуди популарниот градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу на повеќе од две години затвор и му забрани учество во политиката поради „навреда“ на изборните службеници, што сериозно ги загрозува надежите дека во ваква положба би можел да ги измери силите со претседателот Реџеп Тајип Ердоган на изборите следната година. Судиите во Истанбул го прогласија 52-годишниот градоначалник за виновен за клевета на јавни функционери, откако во 2019 година, високиот избирачки одбор го нарече „идиоти“ затоа што ја откажаа неговата тесна…
На 11 декември 2022 македонската опера се прости од првенката на македонската опера и балет Анастасија Низамова Мухиќ. Оперската дива беше вљубеник во планините, почина на денот на кој се одбележува меѓународниот Ден на Планината со темата „жените ги движат планините“.
Вистинската политичка тема сега е она што се случува во Градот Скопје. Во последната епизода таму имаше сѐ и сешто – од навреди, мачоизам, повикување полиција, а во некоја рака дури и мизогонија. Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска и претседателот на Советот, Трајко СлавескиФотографија: Petr Stojanovski/DW Ќе има ли мнозинство или не за уставните измени? Таа издишана тема за ова време се држи на мускули за опозицијата да има со што да ја храни дневната агенда и да ја става власта во некаква постојано дефанзивна позиција да дава изјави проткаени со оптимизам за нешто кое ниту сега ќе се случува,…
Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ „Ние сме како стадо диви коњи, со лопатки на очите. Разиграни сме. Во див галоп. Што било, само да го потхранува нередот и насилството. И цело време со пена на усните. Се дереме Алелуја! Алелуја! Зошто? Бог знае. Тоа е во крвта. Тоа е климата. Тоа е многу што. Тоа е и крајот. Целиот свет го набиваме на главата како шешир, да ни ги покрие очите и ушите. Таква ни е судбината. Сѐ друго е обично говно…“ Ме прашаа што би додал на овој мрачен поглед на Хенри Милер од 1933/34 година. „ВМРО“, реков без двоумење. Макар што…
По последните промени на цените на горивата во земјава Македонија се најде меѓу земјите со најниска цена на горивата во цела Европа. Можеби ова е и причината што голем број на граѓани од Албанија, Грција, Србија и Бугарија кои се во близина на граничните премини ги запоседнаа нашите бензински пумпи. Во Македонија во моментов бензинот 95 се точи за 77,50 денари, еуросупер 98 за 79, 50 денари, а дизелот за 79,50 денари. Кај комшиите цените заклучно со завчера беа следни: Во Србија бензините се продаваат за 95 денари за литар за бензинот 95, , дизелот се точи за 105…
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во својство на иден претседавач со најголемата Организација за безбедност и соработка во Европа – ОБСЕ и во својство на актуелен претседавач со групата Медитерански партнери за соработка на ОБСЕ, оствари средба со Министерот за надворешни работи на Арапска Република Египет, Самех Хасан Шукри Селим, во Каиро.
Во вторник, 13-ти Декември, во Археолошкиот музеј на Р.С. Македонија ќе биде отворена изложба на Бојан Ковски „Панта Реи“. Официјалното отворање на изложбата ќе започне во 19 часот и ќе биде достапна за посетителите до 21-ви Декември. Бојан Ковски е академски сликар, кој своите студии ги има завршено на Факултетот за Ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, генерација 2011-2015, под менторство на проф. Антони Мазневски. Во своето портфолио Ковски има неколку самостојни, групни изложби и перформанси. Во неговите дела се изразува со слики маслона платно, како и body paint перформанси. Оваа изложба Ковски ја работеше инспириран…
Косовската претседателка, Вјоса Османи објави дека одлучила вонредните градоначалнички избори во четирите општини со мнозинско српско население во северно Косово да се одложат за април идната година, јави дописникот на МИА од Приштина.
Дезинформациите се голем проблем и во Косово и интензивно се работи на кампањи кои можат да го спречат ширењето на лажни вести, вели Фитим Гаши, новинар и аналитичар од Косово кој присуствуваше на конференцијата на „Метаморфозис“ што се одржа минатата недела во Скопје. Во разговор за ЦИВИЛ Медиа, на тема борба со дезинформациите и пропагандата, Гаши ја објасни состојбата со опасноста од лажни вести на Косово.
„Досега со секоја преземена мерка соодветно одговоривме на секој предизвик, и во следниот период будно ќе ја следиме состојбата, навремено ќе носиме мерки за заштита на животниот стандард, за економијата“, изјави претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски во денешното интервју за Медиумската информативна агенција – МИА.
Сатирата „Триаголник на тагата“ на Рубен Остлунд доминираше на 35. Европски филмски награди, освојувајќи ги наградите за најдобар филм, режисер и сценарист, како и за најдобар актер за Златко Буриќ од Хрватска. Кога Остлунд ја зеде својата награда за најдобар режисер, ја посвети на покојната главна актерка Чарлби Дин, која ненадејно почина во август на 32 години.