Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Менче Атанасова Точи
НОВА се обиде да истражи како се бара скриено богатство, кои техники се користат, на што се се изложуваат дивите копачи или колекционери на стари предмети за дојдат до својот плен
Станува збор за млади луѓе кои се врзани за инвалидските колички, а паричната помош која ја добиваа за да излезат надвор од установата, за социјализација и инклузија, им беше укината со последните измени на Законот за социјална заштита
Границата со Косово може да се помине само пеш. Колони од возила, камиони, автобуси,залудно чекаат за влез во Косово бидејќи граничниот премин е целосно блокиран во двата правци. Трговската војна која премина во политичка направи хаос на граничниот премин пишуваат косовските медиуми
Косово не попушта. Ниту еден камион од Македонија неможе да влезе на косовскиот пазар. Стопанствениците потенцираат дека косовскиот пазар иако мал, е многу значаен за македонската економија
Електронското закажување кај специјалист создаде незадоволство и нервози и кај пациентите и кај матичните лекари. Тие се жалат дека постојано паѓа системот при што не се во можност да закажат преглед , а и кога ќе влезат во системот често кај избраниот специјалист се пополнети сите термини за еден или два месеца порано
Од ноќеска Косово воведе ембарго за одредени производи од Македонија. Оваа строга забрана се однесува за жито, брашно, млеко, конзервирани овошја и зелeнчук, сокови, вино и друг вид алкохол, тутун и тутунски производи
Оставки, смени на директорските позиции или политички реванишизам. Што се случува по локалните избори, пет месеци откако беа назначени новите градоначалници. НОВА се обиде да истражи дали има смени на раководните позиции во двете општини Центар и Охрид
По веста дека Владата склучила договор со Катар за да може македонските жени да работат како слугинки во катарските семејства и по анализите за лошите и нехумани услови во кои работат овие жени, НОВА разговора со активистите за женски права – каков е животот на жената работник во Македонија
Според правилата учениците се должни да ги чуваат учебниците, а родителите да платат доколку некој учебник биде оштетен; но, за нив ваквата обврска е многу нелогична со оглед на тоа што голем дел од учебниците се распаѓаат
Така еден учебник по Француски јазик за средно гимназиско образовани за кој во 2011 –та требало да се плати 310,80 денари, во 2012 чинел 450,17 денари, годинава за неговото оштетување родителите треба да платат 551,25 денари. Ова е за 23 проценти повеќе од лани или речиси 80 проценти повеќе од пред две години
Бидејќи фирмите не се обврзани во декларацијата на производите да нагласат дали во нив има ГМО, Гринпис одлучи да ја објави оваа листа. Во Агенцијата за храна беа скептични во однос на листата на производи на Гринпис
Потресни сведоштва за последиците од траумите кои ги доживеале учесниците во воените дејствија во конфликтот 2001-ва. Тие за првпат за НОВА отворено зборуваат за пеколот низ кој поминуваат, 12 години подоцна