Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Менче Атанасова Точи
Над 30 тендери со лекови поминале од почетокот на јануари досега, додека не е донесен Законот за лекови во делот на паралелен увоз. Од нив, 11 тендери биле со скапи лекови кои се предмет на паралелен увоз, дознава НОВА од извори кои се добро упатени во оваа проблематика
За Марија Трпевска и по четири години останува мистерија смртта на нејзиниот 25 годишен син Влатко кој почина во Градската хируршка болница„ Св. Наум Охридски“, како и кој и зошто фалсификувал медицинска документација во болницата
Нема одговор од Министерството за здравство што ќе го советуваат тројцата посебни советници, какви посебни познавања треба да имаат, како се пресметува платата и дали сметаат дека е превисока
Македонија е лидер во регионот и на врвот по смртноста на новорденчиња во Европа. Прстот за вината, сега најчесто е вперен на ГАК
На Клиниката за гинекологија бараат од Министерството за здравство при водењето на евиденција смртноста да се заведува од 25 гестациска недела, односно во шестиот месец од бременост бидејќи помалите тешко преживуваат Бебе родено во 23 гестациска недела, односно во петиот месец од бременост, веќе два месеца се бори да преживее на Клиниката за Гинекологија. Лекарите од Гинекологија велат дека веќе стигнало до тежина од еден килограм и со сите сили и знаење се трудат да го одржат во живот. Ова предвреме родено бебе е едно од ретките кои се одржало во живот толку време. На Клиниката за детски болести до…
Синдикатот на Клиничкиот Центар го потпиша анекс договорот и ја прифати понудата на Министертвото за здравство за зголемување на надоместокот за ноќен труд на медицинските сестри
Средно медицинскиот персонал, остро се спротиставил на одлуката ноќниот труд да се зголеми за само 80 денари, колку што било понудено и не дозволиле Синдикатот да го потпише Анекс договорот за ноќните дежурства
Дел од починатите бебиња родени меѓу 22 и 25 гестациска недела биле извадени од утробата со провокација заради одредени аномалии или заради лошата здравствена состојба и опасност по животот на мајката, а најголем дел од нив биле со инфекции кои ги имале родилките. Ова за НОВА го потврдија на Клиниката за гинекологија и акушерство. Од таму објаснуваат дека бебињата кои се раѓаат предвреме заради инфекција кај мајката брзо добиваат сепса, тие се со неразвиени органи, неотпорни и најчесто завршуваат со смрт. Станува збор за трудници од целата држава и од приватните и од државните болници кои во таква деликатна ситуација…
Нема да има приоритетени упати. Наместо нив ќе се издаваат нови кои мора да се употребат во рок од 24 часа. Тоа се упати за итни и животно загрозувачки случаи, најави Жаклина Чагоровска од Управата за електронско здравство при Министерството за здравство. Покрај овој упат кој ќе се издава за итни случаи ќе има уште еден кој ќе се вика „упат без термин“ и тој ќе се користи само во одредени случаи како што е потребата од боледување, терапија за хронични пациенти и слично. Чаговоровска рече дека овој упат ќе се употробеува доколку не постои редовен термин во наредните неколку…
Што се содржи електронскиот систем Мој термин? Кои се неговите предности, но и слабости? Кој се може да ги види податоците за пациентите?
Сметката на Клиниката за гинекологија е повторно блокирана за 410 000 евра кои установата морала да ги исплати по основ на тужбени барања од семејства кои во 2008 година ја тужеле клиниката. Станува збор за тужби поради дијагноза, ретинопатија која не била навреме откриена кај нивните бебиња поради што децата останале со трајно слепило. Овие тужби се од периодот кога на Гинекологија немаше протокол според кој очни лекари треба да доаѓаат и да ги прегледуваат предвреме родените бебиња. Многу деца настрадаа во период од тие неколку години. „Сметката е блокирана од понеделник и тоа за тужби од 2008 година. Моравме…
Законот за лекови во делот на паралелниот увоз треба да се смени и да се зајакне, да се воведат построги мерки со кои ќе се гарантира безбедноста на граѓаните и квалитетот на лековите. Ова се наметна во дискусијата на денешната јавна расправа на која министерот зз дравство Венко Филипче усно го презентираше Законот, но најголем број од дискутантите во најголем дел не ги виделе ниту ги прочитале измените во Законот. Законот за паралелен увоз како дојде, така треба да се укине. Тоа ќе биде најправилното решение, изјави Весна Алексовска, пациентка со ретка болест и претседателка на Здруќението „Живот со предвизвици“.…