Author: Менче Атанасова Точи

Поради ова се принудени да ангажираат анестезиолози од Клиниката за анестезија и реанимација(КАРИЛ) од каде доаѓаат анестезиолози три пати во неделата кога се вршат ваков тип на интевенции

Read More

Лековите кои ќе бидат внесувани преку паралелен увоз задолжително ќе треба да имаат два сертификати, еден од производителот и втор од сертифицирана лабораторија од земјата која што го произведува лекот или од домашна акредитирана лабораторија

Read More

Окружниот суд во сибирскиот град Кемерово денеска одреди двомесечен притвор за Надежда Судјонок, закупец на трговскиот центар каде во пожарот загинаа 64 лица, од кои 41 дете. – Судјонок, која е обвинета дека не ги исполнила неопходните безбедносни мерки ќе биде во притвор до 25 мај, изјави судијата Дмитриј Шандров. Судот по сослушувањето ќе одреди дали ќе досуди притвор за уште четворица приведени, меѓу кои и техничкиот директор на компанијата, сопственик на трговскиот центар Александар Никитин и задолженото лице за одржување на противпожарниот аларм Игор Положињенко. На сослушување е и Сергеј Антјушин за кого истражителите претпоставуваат дека не го вклучил…

Read More

Законот за лекови кој пред два месеца од Собраниска комисија беше вратен на доработка заради технички измени во делот на паралелниот увоз,  денеска конечно е ставен на дневен ред на седница на Влада, потврди за НОВА министерот за здравство Венко Филипче. Неофицијално, измените на Законот биле завршени минатата недела, но наместо во Собрание каде што бил пратен законот,  Законодавно правната комисија го вратила назад во Влада каде што денеска ќе се разгледува на седница.  По, ова се очекува измените да се најдат во Собраниска комисија за здравство, со што следува и јавна дебата. На изненадување на сите, министерот Филипче го…

Read More

Апсурд на македонското здравство: Додека медицински сестри од примарното здравство секојдневно остануваат на улица, без работа, во болниците има голем недостиг од медицински сестри. Никој нема обврска да ги згрижи првите, а вторите се оптоварени со многу работа и чести дежурства и никој досега не ги сослушал за нивните проблеми. Унијата на пет здруженија бараат да да биде слушнат нивниот глас, сакаат да бидат дефинирани нивните задолженија, професијата да се регулира со закон, да се знае каде почнува и завршува нивната работа. https://www.youtube.com/watch?v=0NXvHqVcG0o За тоа како да се надминат грешките во системот, конфликтите меѓу медицинските сестри заради нерегулираност по степен…

Read More

Двајцата припадници на АРМ од Тетовската касарна „Кузман Јосифовски Питу“ кои со прострелни рани денеска се донесени во Ургентниот центар во Скопје, со во стабилна здравствена состојба. На нив во моментот им се вршат испитувања и снимања и најверојатно попладне ќе им биде извршена хируршка интервенција, потврдија за НОВА во Ургентниот центар. Според првичните информации, настанот се случил по вежбата што ја имале војниците во касарната додека го чистеле оружјето. Доктор Фатмир Салију од Клиничката болница Тетово за МИА информира дека војниците биле со прострелна рана и искршеници на екстремитетите и заради тоа се префрлени во скопските клиники.

Read More

Матичните гинеколози се најскапо платените специјалисти во Македонија со просечна месечна исплата од 169 илјади денари по тим, им одговорија од ФЗОМ на Здружението на матични гинеколози

Read More

Матичните гинеколози сметаат дека ФЗОМ својот игнорантски, деградирачки, арогантен, популистички и банкарско-лихварски однос постојано и систематски се обидува да го стивне гласот на лекарите

Read More

Опасниот радиоактивен кобалт 60 кој се чува на Клиниката за онкологија до јуни ќе биде изнесен од државата. Но остануваат уште 16 локации , од кои три во Скопје со радиоактивен отпад од помала јачина, кој мора да се  складира некаде. Затоа на државата и е неопходен национален склад каде што ќе се собира целиот радиокативен отпад, добро заштитен по сите меѓународни стандарди. Проектот кој бил добиен во минатато пропаднал бидејќи преходната Влада не била заинтересирана да гради склад. За да може да влезе во ЕУ и заради безбедноста на граѓаните вакво складиште мора да се изгради наскоро сметаат соговорниците:…

Read More