Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Менче Атанасова Точи
Министерството за здравство одлучило да го исплати долгот, а фирмата се обврзала во рок од три месеца да го пушти објектот во употреба. Болните кои седум години се раселени во други одделенија ќе се вратат во новата зграда
Овој долг е само дел од скоро 90 милиони денари кои Институтот не може да си ги наплати за услугите кои ги извршиле на разни фирми, институции, училишта, поединци, а девет милиони денари се од направени услуги во
здравството Сметката е блокирана, а долгот изнесува над 130 милиони денари
Спасов отворил Центар за деца со оштетен вид од предучилишна возраст во Велес, а таму такви деца нема. Повеќето од центрите за деца со посебни потреби кои ги отворила преходната власт воопшто не функционираат и во нив нема вработени
Наместо во рок од 24 часа, двата смртни случаи од гостиварско Симница, Клиниката за инфективни болести писмено ги пријавила дури на 28 ми јули иако таткото почина на 24 јули, а синот на 26 јули
На овој начин планира времено да го реши проблемот со картичките чиј рок е истечен, а фирмата која ги печатеше стави клуч на врата поради несогласувања со претходното раководство
Габриела Копачева Барсова е нова директорка Клиниката за Уво, нос и грло. Министерот за здравство, Таравари соопшти дека е напоравена техничка грешка со решението на Јане Нетковски, на гинекологија и ќе директорува Викторија Јовановска на местото на Марија Хаџи Лега
Македонските болници ќе добијат чаршави, кебиња и перници од турската невладина огранизација ТИКА, најави министерот за здравство Арбен Травари
Катерина Ставриќ од денеска и официјално е директорка на Клиниката за детски болести. Таа доаѓа на местото на Аспазија Софијанова за која имаше големи притисоци за да остане на позицијата.
Министерот Таравари изјави дека не брзаат со новите кадровски смени во здравството, но имињата кои се вртат во медиумите веќе се ставени под лупа на јавноста
Осумте пациенти хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести со хеморагична треска се во добра здравствена состојба.
Министерот Таравари рече дека не брзаат и бараат што е можно подобри решенија.
Доктор Катерина Ставриќ ќе ја замени Аспазија Софијанова на директорското место на Клиниката за детски болести, неофицијално дознава НОВА од свои извори