Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Менче Атанасова Точи
Министерот не ја коментираше и одлуката на приватните лаборатории драстично да ги зголемат цените на ПСР тестовите. Само потенцира дека и тој се информирал од медиумите дека ја зголемиле цената во моментот кога Фондот за намали цената на државните лаборатории Докторка од Клиниката за токсикологија е заболена со КОВИД-19, дознава НОВА. Таа завчера имала температура, а била на своето работно место, прегледувала пациенти бидејќи немало кој да ја замени. Вчера кога требала да биде на дежурство состојбата и се влошила и е однесена на Инфективната клиника. Вработените од клиниката се исплашени бидејќи имала многу контакти, а прегледувала и пациенти. Се…
Во исто време, кога Фондот ја намали цената на ПСР тестовите за КОВИД-19 во јавното здравство, драстично се зголемија цените во приватните лаборатории кои Министерството за здравство ги призна како валидни и нема потреба да се повторуваат
Нова надеж за заболените со КОВИД-19. Речиси во исто време започнува терапија со озонирање на крвта на пациентите за првпат во болницата „8 Септември“, а од утре на Инфективна клиника се почнува со примена на крвна плазма од луѓе кои веќе го прележале вирусот Се уште е рано е да се каже какви резултати ќе даде озонската терапија кај пациентите со КОВИД-19, за да можеме да ја примениме пошироко. Има докази во некои земји дека помага, нема дека одмага. Вака министерот за здравство Венко Филипче одговори на прашањето на НОВА, дали озонската терапија ќе започне да се применува секаде доколку…
Оваа болница која што е и Центар за КОВИД-19, прва започнува со третирање на заболените преку озонирање на крвта. Информацијата за НОВА ја потврди и директорот д-р. Христијан Костов. Со овој третман на пациентите со КОВИД- 19 во болницата започнуваат од денес, најдоцна утре
НОВА, го праша министерот за здравство Венко Филипче дали планираат да менуваат нешто во однос на протоколите на работа со респираторните машини, дали можеби ќе побараат техничка поддршка од странство бидејќи кај нас речиси 100 проценти од пациентите на респиратори умираат
Од болницата „Еуроиталија“ тврдат дека се невистинити тврдењата на медицинскиот персонал дека не биле претходно информирани од страна на раководството дека ќе бидат испратени на принуден одмор и тврдат дека одлуката била закачена на огласна табла, а бидејќи не сакале да ги примат решенијата им биле пратени по пошта
Убавото време ги извади луѓето надвор, пред зградите и на игралиштата. И до мене стигаат фотографии од луѓе без маски, надвор каде што не може да се држи дистанца меѓу луѓето, но мора да кажам дека граѓаните ќе мора да се навикнат да ставаат прекривка преку носот и устатата и тоа ќе стане еден терк на однесување и понатаму. Вака на денешната прес конфренција одговори министерот за здравство Венко Филипче, на прашањето на НОВА какви се сознанијата за овие два дена, дали се почитуваат комбинираните мерки и дали му е познато дека на многу места пред зградите, парковите, деца и…
Околу 80 вработени од Институтот за јавно здравје денеска се собраа на состанок, незадолни од тоа што се уште не е изготвен Колективниот договор и се уште не земале плата за март, дознава НОВА
Вкупно 214 здравствени работници се заболени од КОВИД-19. Тоа е 17,1 од вкупниот број на медицински лица во државата, покажуваат официјалните податоци на Институтот за јавно здравје
Во ситуација на пандемија кога медицинскиот персонал е многу потребен, медицински лица работат по договор на дело без здравствено и пензиско осигурување и без решен статус за 15 000 денари месечно. Овие медицински лица од кои повеќето се со високо образование, од јули минатата година чекаат на трансформацијата на работниот однос што им ја ветија од Министерството за здрвство. Во редакцијата на НОВА, се обратија медицински лица од болницата „8 Септември“, која е сега Центар за КОВИД-19. Тие велат дека се први на ударот, таму има вкупно 18 по договор на дело, 7 ренген техничари снимаат заболени пациенти и се…
Министерот Филипче рече дека радува фактот што расте бројот на излекувани пациенти, тоа охрабрува и е дополнителна мотивација за лекарите во болниците и за матичните лекари. Излекувани се вкупно 272 досега, а од нив најнови се 48, од кои шест се лекувале во болница и 42 во домашни услови Клиниката за онкологија до петок ќе биде подготвен новиот распоред за делење на терапија на пациентите по градови. На клиниката има 8 заболени медицински лица и 20 се во самоизолација, информира министерот за здравство Венко Филипче. „Заврши инспекција на Клиниката за онкологија, каде има осум позитивни вработени и 20 што биле…
На Клиниката за онкологија, пак се воведува нов начин на делење на терапијата на болните. Таму веќе се заболени тројца лекари, две транспортерки и една медицинска сестра. Околку 15 вработени се наоѓаат во самоизолација. Докторка од одделот за имунологија на Клиниката за детски болести заболена со КОВИД-19. Таа е трет случај која е позитивна на вирусот на оваа клиника, по лаборантот и медицинската сестра која е од истиот оддел за имунологија, потврди министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција. Филипче не кажа колку оддели се затворени, дополнително рече ќе информира колку вработени се во самоизолација, но потенцира дека…