Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Менче Атанасова Точи
За егзодусот и големиот бран на бегалци кој доаѓа кон Македонија, за нивните патешествија по пругите каде што ги оставаат своите животи, за бандите кои ги напаѓаат и пљачкаат, за нехуманите услови во прифатниот центар каде што остануваат со месеци без да им се каже кои се нивните права, за хуманитарната криза што и се случува на државата, во ПРОЦЕС зборуваат Мерсиха Самиловиќ од организација „Легис“и Воислав Стојановски од Хелсиншкиот комитет
Во текот идната недела ќе бидат поставени 20 знаци на 15 црни точки по железничките пруги во државата. Таблите ќе бидат светлечки и ќе ги предупредуваат на опасност беглаците кои ноќе се движат по пругите. Инцијативата е на Црвениот крст во соработка со Високиот комесаријат за бегалци
Третиот ден по погребот на 14-те мигранти кои загинаа откако воз удри во нив, на преживеаните роднини и пријатели им беше дозволено да ја посетат масовната гробница во Велес. Некои до нив тивко, а некои плачејќи на сиот глас, се збогуваа со своите блиски сопатници
Државата не направила ништо во борбата со аутизмот. Не постои регистар на деца со аутизам, нема Стратегија, а инклузијата е една голема нула. Состојбата на овие деца може да се подобри само доколку родителите имаат финансиски можности да плаќаат дефектолози, логопеди и психолози. За ова во ПРОЦЕС зборуваат Доминика Кардула и Горан Митевски, родители на деца со аутизам.
„Претседателот не е во можност сега да ве прими и го откажува интервјуто. Барајте го во текот на наредните денови“, беше краткото објаснување од неговата секретарка. Но, Бојо Андревски повеќе не одговара на телефонските повици и на СМС пораките со прашањата на НОВА
Не е само присилната наплата за радио-дифузна такса поради која им се блокирани сметките на многу граѓани. Утринава Опомена дека ќе им биде исклучена водата за пиење осамнала кај многу скопјани
Но, на барање на НОВА за обелоденување на условите- каде ќе се наоѓа факултетот, како ќе се одвива наставата, колку и кои професори ќе предаваат таму, од Одборот за акредитација немаат одговор
Како индустриските капацитети за високи економски и бизнис интереси вршат тивок геноцид на граѓаните. На Македонија и остана само еден џокер: “Да проработи совеста зашто кога ќе се случи нешто играта е завршена”, вели неврологот Арбен Таравари кој заедно со активистите Ангела Илиевска од „ЌЕ дишеме или ЌЕ издишеме“ и Аријанид Џафери од „Еко Герила“ од Тетово зборуваат на оваа тема
Синоќа пред платото на ГТЦ се случи несекојдневен настан со возобновување на некогашното скопско корзо, каде се собраа многу генерации на зедничко дружење. На едно место се сретнаа луѓе кои се години не се виделе, а се дружеле во младоста. Основната порака која што ја испратија нашите соговорници е: „ Не го даваме ГТЦ“
Недостигот на медицински потрошен материјал се почесто ја кочи работата на болниците, а набавките претставуваат се поголем проблем во македонското здравство. Состојбата е последица на измените на Законот за јавни набавки со кои за секоја јавна набавка треба да се добие одобрение од Советот за јавни набавки
Речиси половина од граѓаните на Македонија изминатата година заболеле од респираторни болести на горните и долните дишни патишта. Состојбата со загадувањето е алармантна
Директорот на Градската општа болница „8 Септември“ ги потврдува случувањата во прислушуваните разговори кои ги објави опозицијата, за кои вели дека се случиле во ноември 2011-та година, но вели дека не може да ја потврди автентичноста на разговорите бидејќи не учествувал во нив