Author: Менче Атанасова Точи

Премиерот Оливер Спасовски најави дека мора да се испита случајот, дека во време кога се мобилизира медицинскиот персонал секој вработен е важен и „никој не смее да профитира во оваа ситуација“

Read More

Медицинска сестра на одделот за онкологија при Клиниката за детски болести е заболена со КОВОД-19. Таа е втор случај на оваа клиника откако позитивен на вирусот се покажа и еден лаборант

Read More

Пет дена се чекало на тестот на заболениот 47 годишен пациент во битолската болница, за кој резултатот дека е позитивен, стигнал доцна синоќа. Пациентот за тоа време бил во соба на интерното одделение, што предизвика револт кај вработените. По добивање на резултатот тројца лекари, 8 медицински сестри и болничар се во самоизолација

Read More

Коронавирусот одзеде 44 животи за неполн месец, откако на 22 март почина 57 годишната жена од Куманово, која беше првиот смртен случај во земјава. Повеќето од починатите се над 60 годишна возраст, но не се над 80 годишна возраст како во другите земји. Според податоците од Министерството за здравство, половина од  тие што се под 50 годишна возраст немале претходни заболувања. Таков беше и случајот со 31 годишното момче за кое првично се тврдеше дека е гојазно, но всушност не е така, а потоа беше соопштено дека во неговата историја на болеста нема претходни заболувања. Го прашавме министерот за здравство…

Read More

Искуството на нашата земја на Инфективната клиника каде што се хоспитализирани најтешки случаи на интензивна нега, покажува дека оваа тешка форма на болеста многу тешко се третира и многу ретко дава резултати.

Read More

Тестовите за коронавирус на двајцата лидери на партиите Зоран Заев и Христијан Мицковски се направени на средина на инкубациониот период од 14 дена и тие се негативни. Министерот за здравство Венко Филипче и епидемиолозите сметаат дека и доколку се јават симптоми кај некој од нив во наредните денови на самоизолација, тоа не претставува опасност за сите кои што конатктирале со нив и тие нема потреба да одат во самоизолација. Министерот за здравство Венко Филипче, на денешната прес конферениција одговарајќи на прашање на НОВА, дали тестот во овој период може да биде лажно негативен или лажно позитивен, како што се тврдеше…

Read More

Мајка и четиримесечно бебе од Кочани се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести позитивни на коронавирус. Со потешка клиничка слика на Инфективна клиника се 20 пациенти, а седум се во критична состојба. Во затворот во Шутка почина притвореник со КОВИД -19 Четиримесечното бебе од Кочани кое е хоспилализарано со мајката нема потреба од кислородна поддршка, вклучен е педијатар се следи неговата здравствена состојба,  информира на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче. „Бебето е со лесна форма на анемија, во добра здравствена состојба без потреба за респираторна поддршка. Се следи од педијатар особено во делот на имунолошкиот статус за текот на…

Read More

Влошена е состојбата на родилката од Куманово која беше донесена со коронавирус на Клиниката за гинекологија, а потоа префрлена на Инфективна клиника. На оваа клиника шест пациенти се на апарати за дишење, а 12 имаат потешка клиничка слика

Read More

На Клиниката за инфективни болести пациенти со КОВИД-19 се лекуваат со два типа лекови. Едниот е комбинација на антималарици со антибиотикот Сумамед и втората, во случаи каде што не може да се даде првата терапија, е антиретровирусна терапија која се дава на болните со ХИВ

Read More

Се активираат капацитетите, влегуваме во втора фаза на епидемијата кога ќе расте бројот на заболени кој се очекува до крај на април да достигне до 2000 заболени. Од утре можно е да се заострат мерките за заштита на граѓаните, најави министерот за здравство Венко Филипче

Read More

Лицето се јавило на 194  и побарало да му биде ставена ампуларна терапија и инфузија, но кога го прашале, не кажал дека очекува резултати за КОВИД-19, дали има сомнителен или заболен член семејството или имал контакт со луѓе од странство. Тоа го кажал дури кога сестрата му ја ставала инјенкција. Неговиот син Ф.К доби кривична пријава за непочитување на самоизолација и ширење на вирусот

Read More

Откако во кумановскота болница се регистрирани 11 здравени работници позитивни на коронавирус, инфективното одделение добива помош од двајца лекари, едниот од Скопје , другиот од Штип. И на Инфективната клиника е заболен медицински техничар. Министерот Филипче не соопшти колкава е бројката на заболени медицински лица досега 

Read More