Author: Менче Атанасова Точи

Загрижувачки пораст на случаи каде граѓани биле тепани и малтретирани од полициски службеници, односно Алфи. Во последниот извештај на секторот за Внатрешна контрола на МВР има околу 1600 пријавени случаи за употреба на сила од оние кои што треба да го чуваат редот и мирот

Read More

Околу 3000 евра биле платени од сметката на Синдикатот за престојот на сите 120 кандидати кои присуствувале на Конгресот. Во хотелот „Полин“имале обезбедено спиење со појадок, а направиле и туристичка тура до манастирот Лесново, како и ручек со песна во Етно село

Read More

Неизвесно е дали и кога Дејан Ставриќ ќе биде пуштен од притвор. Иако беше побарана ослободителна пресуда, судијката Перковска не ги зеде во обзир доказите на одбрана и за десетина минути ја донесе пресудата- една година затвор за очниот хирург Ставриќ

Read More

Една година затвор му пресуди судот за познатиот офтамолог Дејан Ставриќ, кој е прогласен за виновен за сторено кривично дело примање на награда за противзаконито влијание. Неговиот бранител побара очниот хирург до издржување на казната да биде пуштен дома

Read More

Познатата исцелителка, сликарка, поет и како што за себе вели, медицински феномен, Пипи Мила Драгица Рајиќ Рачич зборува за тоа како го победила ракот, како им помага на луѓето, за нејзините сеанси со луѓето, но и дали нејзината работа е на удар на лекарските здруженија

Read More

Двете малолетни деца за кои родителите обвинија дека биле тепани и малтретирани од Алфите за да признаат дека украле женска чанта, не сториле никакво кривично и не го направиле грабежот. Ова го покажало денешното соочување со оштетената која изјавила дека не ги познава децата и дека тие не сторители на грабежот

Read More

Две малолетни деца од кои едното има 12 , а другото 17 години биле тепани и малтретирани од неколку припадници на единиците за брзи интервенции Алфи во близина на црквата Св.Спас, обвинија нивните родители

Read More

Бидејќи Фондот не ги покрива трошоците за апаратот, лекарите од Детската клиника замолиле во една фармацевтска фирма, да им позајмат апарат со кој девојчето ќе спие без опасност да престане да дише. Ема сега неможе без него, но доколку до крај на месецот семејството не плати 10 000 евра апаратот ќе и биде одземен

Read More

Граѓаните кои се исклучени од системот на парно греење добиваат сметки, но и тужби да платат за нешто што не го добиваат. Процес анализира кој е во право, компанијата БЕГ или граѓаните. Повеќе за ова погледнете во видеото.

Read More

Лошите услови за работа, ниските плати, работата за мизерни хонорари, неусогласувањето на платите на оние со високо образование, создаваат незадоволство и голем број медицински сестри се повеќе го напуштаат јавното здравство

Read More

-„Страшно е ова што се случува“ „Не е фер“ „Кој е следниот“се најчесто речениците кои се слушаат меѓу лекарската фела денеска, велат лекаски извори за НОВА. Претседателот на Лекарската комора на РМ, Кочо Чакаларовски рече дека првпат слуша за апсењето на офталмологот

Read More

Откако многу од лекарите се повлекоа уплашени за своите работни места, Ставриќ продолжи да и пркоси на власта и отворено зборуваше за проблемите. Тој беше единствениот лекар кој не одбиваше да даде изјава, да го искаже незадоволството на лекарите од реформите кои се случуваат во здравството

Read More