Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Mirjana
Американскиот претседател Џозеф Бајден ја објави првата фотографија во боја од длабоката вселена од вселенскиот телескоп Џејмс Веб. Првите фотографии во боја направени од најмоќниот телескоп вреден 10 милијарди долари покажуваат „неверојатни снимки од длабоката вселена што се протегала наназад повеќе од 13 милијарди години“. „Првата фотографија од вселенскиот телескоп Веб е историски момент за науката и технологијата. За астрономијата и истражувањето на вселената, за Америка и целото човештво“, напиша Бајден на Твитер, пренесува Политика. The first image from the Webb Space Telescope represents a historic moment for science and technology. For astronomy and space exploration. And for America and…
Со поддршка на ребалансот на буџетот, давате поддршка за раст на пензиите, дополнителни средства за ранливите категории на граѓани категории на граѓани, средства за фирмите за поддршка на растот на платите во приватниот сектор, дополнителни средства за земјоделците за повисоки приноси и стабилизирање на цените на храната, како и средства за нови антикризни мерки за заштита на стандардот на граѓаните и заштита на стопанството од шоковите од тековната ценовна криза. Ова го порача министерот за финансии, Фатмир Бесими во своето експозе на ребалансот на буџетот, кој денеска се разгледува на пленарна седница во Собранието. „Со овој предлог ќе постигнеме две…
Тридневниот биланс за Ковид-19 изнесува 520 нови случаи од направени 1.869 тестови. Речиси две третини од новозаразените се во Скопје – 314. Бројот во другите градски средини е следен: Битола – 35, Тетово – 23, Куманово – 20, Велес – 16, Прилеп, Кавадарци и Штип – по 15, Охрид – 14, Гостивар – 11, Струмица – 9, Неготино – 6, Кичево и Гевгелија – по 4, Струга, Валандово и Пробиштип – по 3, Куманово, Велес, Крива Паланка, Богданци и Кратово – по 2, Кочани, Ресен, Свети Николе и Дојран – по 1. Од вкупниот број на позитивни 520, регистрирани се…
Во целата дебата про и контра францускиот предлог како преговарачка рамка со ЕУ, ретко која од невладините организации или од граѓанскиот сектор излезе со своја позиција што би и олеснило и на Владата при носењето на одлуката за ова клучно прашање за иднината на државата. Од „Илинденска“ најавија дека во широката дебата со јавноста ќе биде консултиран и граѓанскиот односно НВО секторот, но ако се суди според нашето искуство, тогаш таа консултација не би им била од голема корист, затоа што на повеќето адреси каде што се обративме тие или се на одмор па нема кој да артикулира став, или…
Со одлуката на Советот на Град Скопје средношколците ќе се возат бесплатно и за време на летниот распуст. Околу 23.000 средношколци ќе може да го користат јавниот превоз бесплатно. Изминатите години бесплатниот билет им важеше само за време на учебната година, а за месеците од летниот распуст можеа да набават месечен билет по повластена цена, од 600 денари за користење на сите линии, за еден месец, односно за јули или август.
Овогодинешното истражување опфаќа 15 земји: Австрија, Белгија, Чешка, Франција, Германија, Италија, Казахстан, Холандија, Полска, Португалија, Романија, Србија, Шпанија, Швајцарија и Обединетото Кралство. Дури 40 отсто од српските граѓани го зголемиле нивото на стрес во последните две и пол години, од избувнувањето на пандемијата на корона вирусот, една третина доживеале влошување на нивното физичко здравје, додека речиси секој четврти жител на Србија изјави дека сега се повеќе загрижени за своето здравство, покажува европското истражување на компанијата Štada, во која беше вклучена и Србија. Резултатите од „Здравствениот извештај 2022“, кој се занимава со последиците од пандемијата на корона вирусот и неговите ефекти…
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 0,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00 ден/лит. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваа за 1,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,661 ден/кг и сега ќе изнесува 50,903 ден/кг. Со овие измени од полноќ, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 105,50 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 107,50 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 100,00 (денари/литар) Масло…
Генералниот директор на Меѓународното здружение на воздушен транспорт (ИАТА), Вили Волш изјави дека поради раст на трошоците за гориво ќе се зголеми цената на авионските билети. Тој наведе дека цените на горивото се рекордно високи и оти „нафтата е единствен најголем елемент во основата на трошоците на авиокомпаниите“. „Неизбежно е на крај високите цени на нафтата да се пренесат на потрошувачите преку повисоки цени на билетите, посочи Волш.
Денеска Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе засилена акциска контрола на автопатот Куманово – Скопје – Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 110 возачи. Најголемата регистрирана брзина на оваа делница за време на контролата била 206 километри на час. Од нив, 11 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот…
Протестниот марш што вечерва почна од пред Владата, се одржа мирно и без инциденти. Учесниците прво стигнаа пред Министерството за правда каде ги поставија транспарентите „Ова е Устав“, „Ова е тоалетна хартија“, „Ова се лисици“ и „Ова е Јустицијата, знаете што следи“, а потоа продолжија кон Собранието. За цело време се слушаа патриотски песни и скандирања: „Оставка“, „Никогаш Северна, само Македонија“ и „Македонија“, а меѓу учесниците се претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, како и пратеници, градоначалници и високи функционери од оваа партија. Присутни беа и претставници од Левица кои се поддржувачи на маршот против францускиот предлог. Ова беше седми ден…
Протестот со мотото „Ултиматум не благодарам“ вечерва повторно се одржува. Протестната поворка почна од пред Владата, преку Министерството за правда ќе заврши пред Собранието. Протестот против францускиот предлог, под мотото „Ултиматум – НЕ благодарам“, се одржува седми ден. Пред Министерството за правда се очекува дел од присутните да ги искажат своите пораки, а потоа ќе продолжат пред Собранието. Граѓани виорат македонски знамиња и носат маички на кои е напишано „НЕ“, како и „Навиваме за Македонија“. На булеварот „Илинден“ се уште стои паролата „Но пасаран“ испишана со црвени букви, а група млади луѓе со тапани го скандираат името „Македонија“. Во најавата…
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ стана победник на Вимблдон во 2022 година. Во финалето попладнево првиот носител го победи Австралиецот Ник Кирјос. Во меч што траеше нешто повеќе од три часа, Ѓоковиќ победи во четири сета – 4:6, 6:3, 6:4 и 7:6. Србинот по седми пат во кариерата стана победник на Грен слемот во Лондон. За Кирјос ова беше прво финале во сингл на еден Грен слем. Вкупен награден фонд на Вимблдон 2022 изнесуваше 49 милиони долари.