Author: Mirjana

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска изјави дека никогаш не реагираат и нема да се мешаат за коментари на историската комисија по однос на историските прашања, бидејќи, како што вели „основниот принцип е политиката на политичарите, историјата на историчарите“. Тој истакна дека јавноста и општеството не смеат да расправаат за историските личности и нивното значење, меѓу кои е Гоце Делчев, туку тоа може да го расправа само Комисијата. Османи потсети дека на агендата на Комисијата не е стигнато до тоа прашање, бидејќи не ги надминале претходните прашања и оти е важно да има процес и историската комисија да решава…

Read More

Истрагата за сообраќајната несреќа на автопатот Струма, во Бугарија, во која загинаа 45 граѓани на Северна Македонија е завршена, изјави за БТВ истражителот на бугарската Национална истражна служба Младен Петров. Како што јави дописникот на МИА од Софија, заклучокот од истрагата е дека единствена причина е човечка грешка на возачот, а поради непостоење на виновно однесување, случајот речиси сигурно ќе биде затворен. Младен Петров изјави дека само однесувањето на возачот на македонскиот автобус е причина за настанување на таквата состојба и несреќата. Проверени се сите претпоставки за присуство на запаливи течности во автобусот и јасно е утврдено дека такви немало.…

Read More

Во Меѓународниот град на уметностите во Париз, Франција, од 10 јануари до 30 јуни е поставена големата изложба „Emersions: archive vivante“ („Повторно надвор: жива архива“), која содржи архивски материјали од богатата историја на оваа реномирана фондација која обединува уметници од целиот свет. На изложбата се застапени и фотографии на македонски резиденти, како и една фотографија од посета на претседателот Киро Глигоров на Ателјето, и уметничко дело од академскиот сликар Коле Манев, еден од многубројните македонски уметници кои во изминатите децении имале можност да престојуваат и да творат во популарното Ателје во Париз. Во 2002 година Министерството за култура потпиша Договор…

Read More

Ако навистина СДСМ сака да ја зголемат минималната плата тогаш да го направат тоа, а ние ќе ги поддржиме исто како што ќе поддржиме и зголемување на платите во јавниот сектор адекватно на коефициентот на тежината на работните места, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ, од каде дополнуваат дека владејачката партија требало да го поддржи стопанството.  – Бидејќи СДСМ покажа интерес за ставот на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ да не се крие зад лични ставови на поединци туку ги повикуваме да го проследат овој став на партијата, се наведува во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Read More

Неповолните временски услови кои вчера ги погодија централните делови на Соединетите Американски Држави, стигнаа и до сојузните држави на североистокот на земјата. Во околу 20 сојузни држави, каде живеат повеќе од 85 милиони луѓе, беше издадено предупредување поради снег и леден дожд. Снежните врнежи ги погодија и Њујорк и Бостон, а властите ги повикаа жителите да бидат претпазливи особено поради температурите на воздухот што може да се спуштат под нулата. Три лица досега загинаа во несреќи предизвикани од неповолните временски услови. PowerOutage објави дека околу 300.000 луѓе во Охајо, Западна Вирџинија, Пенсилванија, Тексас и Тенеси останале без електрична енергија. Податоците…

Read More

Средбата меѓу кинескиот и рускиот претседател Си Џинпинг и Владимир Путин во Пекинг требаше да биде можност Кина да ја мотивира Русија да ги намали тензиите со Украина, изјави синоќа шефот на американскиот Стејт департмент за Источна Азија, Даниел Критенбринк. – Таков пристап е она што светот го очекува од одговорните сили, изјави Критенбринк пред новинарите, осврнувајќи се на средбата меѓу кинескиот и рускиот претседател на која тие прогласија силно стратешко партнерство. – Средбата требаше да биде можност Кина да ја охрабри Русија да продолжи со дипломатијата и деескалација во Украина. Украина, дури и кога го срами Пекинг, ја оштетува…

Read More

Американската агенција Блумберг вчера на својата веб-страница објави наслов „Русија ја нападна Украина“, што предизвика шок во медиумите. Набргу потоа објавата беше избришана, а медиумот информира дека веста е објавена по грешка. „Подготвуваме наслови за различни сценарија и насловот „Русија ја нападна Украина“ беше случајно објавен на нашата веб-страница околу 16:00 часот во Источна временска зона (EST). Длабоко жалиме за грешката“, се вели во денешното соопштение. Се прецизира дека раководството на агенцијата ја разјаснува причината за тоа што се случило.

Read More

На првата седница на Управниот комитет на проектот “ЕУ за општините” со кој претседава министерот за локална самоуправа Горан Милевски беше потврдено дека во наредните три години во општините Велес, Радовиш, Тетово, Аеродром, Врапчиште, Охрид, Струмица и градот Скопје ќе се реализираат големи иновативни проекти во вкупна вредност од 5,5 милиони евра. Средствата за реализација на проектите ги обезбедува Европската Унија, а кофинансирањето од 15 проценти го покрива Министерството за локална самоуправа со поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка. – Благодарение на поддршката од ЕУ, со реализацијата на овие проекти ќе се направи суштинска промена во квалитетот на…

Read More

За амбасадор во Софија ќе биде испратен еден од најискусните дипломати во Министерството за надворешни работи. Владата го прифати предлогот на МНР за амбасадор во Бугарија и го однесе на претседателот на државата, информира денеска по брифингот за новинарите шефот на дипломатијата Бујар Османи. – Амбасадор во Софија ќе биде еден од најискусните дипломати во МНР и намерно така е одлучено искусен дипломат да се испрати во Софија во услови кога сакаме да ја вратиме довербата и да ги надминеме разликите. Меѓутоа, не можам да коментирам за името додека не се добие агреман, меѓутоа барањето за агреман што значи и одобрување…

Read More

Северна Македонија и Турција ќе потпишат меморандум за соработка во областа на енергетиката што ќе придонесе за зголемување на соработката помеѓу двете земји, размена на искуства и поддршка во делот на гасификацијата на земјата. Тоа го договориле министерот за економија, Крешник Бектеши и неговиот колега, министерот за енергетика на Турција, Фатих Донмез на билатералната средба во рамки на Осмиот Министерски состанок на советодавниот совет за Јужниот гасен коридор кој што се одржа во Баку, Азербејџан. На средбата на која присуствувал и директорот на „Национални енергетски ресурси“ АД, Бајрам Реџепи, двајцата министри разговарале за можните правци за развој во полето на…

Read More

СДСМ континуирано покажува дека е на страна на работниците, на страна на граѓаните. За над 6.000 денари ја зголемивме минималната плата за неполни пет години. Односно од 9.000 денари од времето на ВМРО-ДПМНЕ на 15.200 денари.  Со успешни економски политики среде криза, ја зголемивме и просечната плата, пензиите и социјалната помош. Заложбата на СДСМ е минималната плата да продолжи да расте, бидејќи подобрувањето на животниот стандард на граѓаните во време на енергетска криза е наш приоритет. Ќе најдеме решение кое е во интерес на граѓаните преку дијалог меѓу Владата, синдикатите и работодавачите, со цел достоинсвено вреднување на трудот и одржливо…

Read More

Жителите на планинското село Герман во Ранковце четврти ден се без пристап до општината откако вечерта на 1-ви месецов наврна многу снег. Висината на снежната покривка изнесува околу седумдесет сантиметри. Надлежните од Јавното претпријатие Македонија пат информираат дека во текот на вчерашниот ден расчистено е до село П’клиште, а од раните утрински часови специјално возило е повторно на терен и се очекува, согласно временските услови, патот денеска конечно да биде пробиен. -Станува збор за специфична конфигурација на теренот, деновиве интензивно, и по десетина часа се работеше активно за расчистување на овој регионален пат, но соспите што ги навева силниот ветер…

Read More