Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Mirjana
– Електричната енергија и затоплувањето на Скопје ни беа двете теми на кои се фокусираме периодов. Се ќе направам граѓаните да имаат топли радијатори и кажав дека како Влада ќе направиме и преземање на БЕГ се со цел државата да обезбеди топлинска енергија. Имаме стари луѓе, имаме деца, имаме болни и не може да ги оставите без греење, изјави претседателот на македонската влада Димитар Ковачевски во вечерашното гостување во Канал 5 ТВ. ВМРО ДПМНЕ неосновано критикува, а не спомнува дека БЕГ е направен во 2012 година на начин каков што е, но тоа е работа на Јавното обвинителство да открие…
Премиерот Димитар Ковачевски во вечерашното гостување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија рече дека е отворена дискусијата за Република Северна Македонија како една изборна единица. Социјалдемократскиот сојуз е подготвен да разговара за измени на Изборниот законик, но тие не смее да се носат избрзано, вели премиерот Ковачевски. – Во програмата на Владата стои дека изборното законодавство ќе биде усогласено со препораките од ОБСЕ/ОДИХР. Отворена е дискусијата и за една изборна единица, а СДСМ се произнесе дека ќе разговараме со сите партии, бидејќи Изборниот законик се носи консензуално, потенцира Ковачевски. Тој додаде дека различни партии имаат различно видување во…
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски го прими амбасадорот на Република Франција во нашата земја, Сирил Бомгартнер. На средбата, на која присуствуваше и заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, амбасадорот Бомгартнер му честиташе на премиерот Ковачевски за изборот да раководи со Владата и посака успех во остварувањето на програмските приоритети. На средбата беше истакнато дека од 2020 година, после средбата на претседателот на Француската Република Емануел Макрон со поранешниот премиер Заев, Франција и Северна Македонија испишуваат ново поглавје на соработка кое се рефлектира со првата инвестиција со соларниот парк на компанијата „Акио Енерџи“ вреден…
Израелскиот министер за одбрана Бени Ганц рече дека со набавката ќе ги унапреди капацитетите на израелската морнарица и ќе придонесе за безбеносна супериорност на Израел во регионот. – Израел потпиша договор за купување на три најсовремени подморници од германскиот произведувач Тисекруп , во вредност од три милијарди евра. Како што соопшти израелското министерство за одбрана, подморниците на дизел и на електричен погон од класата Дакар би требало да му се испорачаат на Израел во наредните 9 години, пренесува Асошиејтед Прес.
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски ја прими амбасадорката на Обединетото Кралство Рејчел Галовеј која што на премиерот и на новата Влада им посака успешен мандат и остварување на програмските приоритети во интерес на граѓаните. Премиерот Ковачевски на средбата ја изрази неговата, благодарноста на Владата и на граѓаните на нашата земја за традиционалното пријателство на Обединетото Кралство. Претседателот на Владата Ковачевски потсети дека Обединетото Кралство претседаваше со ЕУ кога нашата земја го доби кандидатскиот статус во 2005 година кога премиер на Обединетото Кралство беше Тони Блер, и дека народот на Северна Македонија ја памети таа одлука како…
Новата студија за сексуалното злоупотребување од страна на свештеници на Католичката црква би можело да покаже дека одговорност сноси и бившиот папа Бенедикт XVI односно Јозеф Рацингер. Студијата ќе биде претставена денеска во Минхен. Што ќе се чита за Јозеф Рацингер, како новата студија ќе суди за скоро 95-годишниот поранешен папа, за неговите поранешни постапки на позицијата надбискуп минхенски и фрајзиншки (1977-1982) ?! Папата Бенедикт Шеснаесетти знаел за свештеници кои злоставувале деца, но не успеал да дејствува додека бил надбискуп на Минхен од 1977 до 1981 година. Денес е обелоденета една истрага, која ги отфрла долгогодишните негирања на Бенедикт, пренесува…
На 18. јануари 2022 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на којашто беа разгледани движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари и показателите за домашната економија во контекст на поставеноста на монетарната политика. Оцената на последните макроекономски показатели и на амбиентот на монетарната политика не упатува на тековна потреба од промена во основната стапка, но упатува на потреба од будно следење. Оттука, на седницата на Комитетот беше одлучено основната каматна стапка да остане на нивото од 1,25%, а на аукцијата на благајнички записи да се понудат благајнички записи во непроменет износ од 10 милијарди…
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска прими делегација од ОБСЕ предводена од високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ, Каират Абдрахманов, придружуван од Шефот на мисијата на ОБСЕ во Северна Македонија амбасадорот Клеменс Која. На средбата Високиот комесар му упати срдечни честитки на премиерот Ковачевски по повод стапувањето на должноста премиер на Владата на Република Северна Македонија и изрази надеж за понатамошна успешна и плодотворна соработка. За време на разговорот беше потврдена цврстата определба на Владата на Република Северна Македонија за заштита на човековите права, функционирањето на правната држава и посветеноста на продолжување на реформскиот процес,…
Светот е исправен пред пандемии кои ќе бидат многу полоши од коронавирусот, изјави основачот на Мајкрософт Бил Гејтс , кој ги повика Владите да се подготват и да издвојат милијарди за борбата со следната глобална епидемија, пишува Фајненшл Тајмс. Омикрон и Делта се најзаразните вируси што досега сме ги запознале смета Гејтс. но светот ќе се соочи со посмртоносни и со потешки инфекции во иднина. Филантропите и богатите Влади треба да се справат со ситуација на недостиг и тежок пристап до вакцини како што беше ситуацијата насред епидемијата на Ковид во светот, смета милијардерот. Коалицијата за иновации за готовност при…
Политичката партија Обединета реформска акција (УРА), на црногорскиот вицепремиер Дритан Абазовиќ, денеска поднесе иницијатива за гласање недоверба на црногорската влада, што ќе се најде на дневен ред на Парламентот на 4 февруари. Ова ги натера граѓаните вечерва да излезат на протести пред владата кои скандираа со повикот „Предавство, предавство“. Иницијативата ја потпишаа 31 пратеник во црногорскиот парламент, а според Уставот на земјата, најмалку 27 пратеници можат да побараат преиспитување на довербата на владата во парламентот. За отповикување на актуелната влада на премиерот Здравко Кривокапиќ потребна е поддршка од 41 од вкупно 81 пратеник. На почетокот на неделата Абазовиќ го најави…
Новите Рафал кои слетаа денеска се подготвени да полетаат за подобро, помирно утре за целиот регион, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на манифестацијата по повод пристигнувањето на првите шест француски воени авиони. Свеченоста се одржа во воената база на грчкото военото воздухопловство, во присуство на грчкиот премиер, претседателот на Парламентот, министерот за одбрана, францускиот амбасадор, а воените авиони откако влегоа во грчкиот воздушен простор, беа придружени од четири грчки Мираж, прелета на атинското небо и над Акропол пред да се упатат кон базата. Од контролата на летање во воената база до пилотите на Рафал беше упатена пораката: “Добредојдовте…
Глобалната иницијатива КОВАКС, програма поддржана од ОН, започната за подеднакво дистрибуција на вакцините против коронавирус меѓу богатите и сиромашните земји, денеска побара 5,2 милијарди долари за да продолжи со набавка на вакцини во наредните месеци. Програмата испорача нешто повеќе од милијарда дози вакцини во изминатата година, а првичната цел беше да се испорачаат две милијарди дози до крајот на 2021 година. Сепак, недостигот на готовина предизвика доцнење на договорените испораки на вакцини, поради што најголемиот дел од произведените вакцини се продадени во богатите земји. Досега помалку од 10 отсто од луѓето во посиромашните земји примиле барем една доза, додека повеќе…