Author: Mirjana

Тажната вест ја соопшти семејството на актерот кој се здобил со тешки повреди на главата поради несреќа за време на скијањето во регионот Савоја по што вчера со хеликоптер бил пренесен во болница во Гренобл. Улиел имаше само 37 години.  Тој се прослави со улогата на Ив-Сен Лоран во биографскиот филм од 2014 година а во последниот период беше меѓу водечките француски актери на својата генерација кој ја има една од главните улоги во новата серија на „Марвел“, „Мун Најт“, која допрва ќе има премиера на стриминг платформата „Дизни+“. Во 2017 година ја освои наградата Сезар што е француски еквивалент…

Read More

Крвава пресметка на соседи во скопска Топаана. – На 18.01.2022 во 22.15 часот било пријавено дека во нас.Топаана, додека М.С.(47) од Скопје бил во неговиот дом со семејството, дошол соседот Н.И.(46) од Скопје и започнал вербална расправија, која прераснала во меѓусебна физичка пресметка. Малку подоцна во дворот Н.И. со остар предмет ја повредил С.Д.(46), сопруга на М.С., а нивната малолетна ќерка му го одзела остриот предмет и со него го нападнала Н.И.. Со повреди се здобиле С.Д. и Н.И., по што биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охрдски“ и Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, информира…

Read More

Денеска (19.01.2022) Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Куманово – Скопје – Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 95 возачи. Од нив, 16 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Read More

Португалските гласачи заразени со коронавирус, како и оние кои се во изолација, ќе можат да ги напуштат своите домови за да гласаат на предвремените избори на 30 јануари, објави португалската влада. Еден ден претходно, Португалија, каде што се вакцинирани речиси 90 отсто од нејзините 10 милиони луѓе, имаше рекордни 43.729 нови инфекции поради ширењето на сојот Омикрон на коронавирусот. Бројот на хоспитализирани и починати е значително помал отколку на врвовите на претходните бранови. Министерот за внатрешни работи Франциско Ван Дунем на прес-конференција рече дека гласачите во изолација треба да гласаат од 18 до 19, апелирајќи да не доаѓаат први на…

Read More

Цените на нафтата достигнаа највисоки нивоа од октомври 2014 година, како резултат на растечките геополитички тензии, намаленото производство и очекувањата за поголема побарувачка. Инвеститорите се загрижени дека глобалните политички тензии во кои се вклучени некои од најголемите светски производители на нафта може да ги влошат ионака ограничените изгледи за снабдување. Цената на американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денска е над 86 долари за барел, додека северноморската нафта брент се тргуваше по цена повисока од 88 долари за барел во исто време. На првиот ден од оваа година цената на нафтата WTI беше нешто повисока од 75 долари за…

Read More

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, која цели 16 години го означуваше не само развојот на својата земја, туку и на Европа, доби понуда за работа од Њујорк. Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш и понуди на Меркел да биде дел од советодавен тим на високо ниво во светската организација. ДПА, повикувајќи се на дипломатски извори во ОН, пренесе дека на Меркел и биило понудено претседателство со телото за глобални јавни добра, од што потенцијално би требало да имаат корист сите граѓани на светот. Понудата генералниот сектреар на ОН ја испратил преку писмо до Меркел. Меѓутоа, од седиштето на ОН во…

Read More

Полицијата на Италија, Албанија и Грција денеска уапси 29 лица под обвинение дека заработиле неколку стотици милиони евра криумчарејќи мигранти од Турција во Европската унија, соопшти Европол. Се верува дека е уапсените се дел од синџирот од 80 членови, кои организирале најмалку 30 шверцерски операции во кои најмалку 1.100 луѓе биле превезени со брод од Турција до брегот на Пуља, а потоа и до други европски земји на ЕУ. Во Италија се уапсени 11 лица како и ирачки и сириски државјани кои пружале логистичка поддршка, изјави потполковник Џузепе Џулио Лео, шеф на италијанската финансиска полиција во Лече. Тој изјави дека…

Read More

Општинската организација на Демократската Обнова на Македонија – ДОМ  од Ѓорче Петров апелира до премиерот и новата влада во ист контекст и до општината за изнаоѓање конечно решение за локацијата кај поранешната фабрика Купрум. Моменталната состојба на оваа локација преставува опасност за жителите кои се во непосредната близина и создава лош имиџ на општината и главниот град Скопје. Во тој контекст како можни решенија на овој проблем ги нудиме следните два предлози на пошироката јавност: Студентски град – иницијатива која ја поддржавме во изработка на здружението Културно Ехо , и дел од нашата програма за последните локални избори.  Можете да…

Read More

Во текот на последните 24 часа направени се 6.353 тестови, а регистриран е 2.051 нов случај на КОВИД-19. Сликата по градовио изгледа вака:  Скопје – 1.027, Битола – 170, Прилеп – 107, Куманово – 86, Струмица – 55, Тетово – 49, Охрид – 48, Штип – 47, Кавадарци – 45, Гостивар и Кочани – по 43, Гевгелија – 39, Кичево – 34, Велес – 32, Радовиш – 30, Струга – 24, Делчево – 22, Свети Николе – 21, Ресен – 19, Неготино – 15, Кратово – 14, Валандово – 12, Берово, Богданци и Демир Хисар – по 10, Крива Паланка…

Read More

Посетата на бугарскиот премиер Кирил Петков вчера, наметна една нова реторика на Република Бугарија што може да се толкува како прв чекор кон решение на спорот со нашата земја. Претседателот на тамошната влада не го криеше задоволството и денеска во Народното собрание, кога пред новинарите повтори дека вчерашаната посета на Северна Македонија и неговиот македонски колега Димитар Ковачевски е „огромен успех“. Двајцата премиери вчера направија прв голем чекор – нашата држава испрати вербална нота до ОН дека нема територијална претензија кон Република Бугарија, од друга страна пак Бугарија прифати скратеното име на нашата држава Северна Македонија да го користи подеднакво,…

Read More

И покрај многубројните апели, кражбите продолжуваат. Овој пат е извршена кражба на 13 решетки на сливници на ул. Среќко Пужалка и 4 на ул. Финска. Случајот е документиран и пријавен во полициска станица. Дел од решетките на сливниците се заменети, а дел ќе се заменат во најбрз можен рок, информираат од претпријатието. ЈП Водовод и канализација – Скопје, упатува апел до граѓаните на град Скопје за одговорно однесување кон атмосферската канализација, имајќи ги предвид кражбите на решетки на сливници во изминатиот период. Ваквиот вандализам негативно се одразува на претпријатието и истовремено ја загрозува безбедноста на граѓаните и учесниците во сообраќајот,…

Read More