Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Mirjana
Заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска денеска присуствуваше на церемонијата за чествување на големиот христијански празник Богојавление – Водици, која што се одржа на мостот „Слобода“ во центарот на Скопје. Лукаревска на сите верници од православна вероисповест им го честиташе денешниот празник со желба за многу здравје, среќа и благосостојба.
И за време на празници Христијан Мицкоски повторно ја покажува својата деструктивност. Мицкоски го интересираат само избори и како да се докопа до власт иако и граѓаните и целата јавност е против. Избори нема да има, парламентарното мнозинство е зголемено избрана е нова влада, Мицкоски да престане да опструира и да ја малтретира јавноста со неговите лични желби. Денеска од Охрид, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски го повтори ставот за брзи предвремени парламентарни избори и дека неговата партија работи на таа можност, а една од активностите биле и измените на Изборниот законик, што до Собранието ќе ги доставеле набрзо, а со…
Поранешниот бугарски премиер и лидер на најголемата парламентарна опозициска партија, Бојко Борисов, за време на посетата на Силистра, коментираше дека се важни историските прашања, историјата, работата на учебниците, натписите и спомениците. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Борисов потсети на напорите на Бугарија направени уште од времето на претседателот Жељу Желев до потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, поддржан од сите политички партии во Бугарија. Во него, според Борисов, е кажано што треба да се направи и какви комисии треба да има. Тој рече дека вчера дознал „оти Република Северна Македонија нема да има територијални претензии…
Генералниот секретар Миле Зечевиќ денеска присуствуваше на церемонијата на фрлање на светиот крст во Охридското езеро по повод големиот христијански празник Богојавление Водици. Генералниот секретар Зечевиќ на верниците од православна вероисповест им го честиташе празникот со желби за добро здравје, спокој и благосостојба. ,,На сите граѓани, православни христијани им го честитам големиот празник Богојавление – Водици. Им посакувам добро здравје, пред се, спокој и благосостојба. Симболиката на денешниот празник е духовното раѓање и верба во новите почетоци на човековото живеење. Како новите почетоци што раѓаат нова надеж, посакувам и очекувам меѓусебно почитување и помагање, да дојдеме до помирување на секое…
Владина делегација предводена од претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски кој беше придружуван од заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи и министерот за локална самоуправа Горан Милевски, денес присуствуваше на церемонијата за чествување на големиот христијански празник Богојавление – Водици, што традиционално се одржа на мостот „Слобода“ кај „Холидеј Ин“ во Скопје. На церемонијата на која присуствуваа голем број верници, Архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан ги освети водите положувајќи го крстот во реката Вардар. Со овој чин кој го означува духовното прочистување и обновување, водите се преобразуваат во свети води,…
Емануел Макрон уште од почетокот на својот говор пред ЕП ги спомена „трите ветувања“ на Европската унија: демократија, мир и напредок. „Овие ветувања се одржаа“ во последната деценија и покрај поминатите кризи, увери францускиот претседател при претставувањето на приоритетите на француското претседателство со ЕУ, јави дописникот на МИА. -Но, ние сме оваа генерација која повторно ја открива несигурноста на владеењето на правото, оцени тој, наведувајќи ги неговите грижи, особено мешањето на авторитарните режими или искушението на одредени земји-членки да оспоруваат одредени основни права. „Ќе бидеме на рандевуто на борбата за либерална демократија, борбата за одбрана на нашите изборни процеси од…
Министерот за внатрешни работи Спасовски по повод празникот Богојавление – Водици лично и во име на МВР упати честитка за добро здравје, радост и благосостојба. – Во чест на крштевањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од страна на Свети Јован Крстител, денеска сведочиме за една од темелните свети тајни на црквата – крштевањето, како духовно раѓање, како почеток на човековото живеење во верата. А духовното раѓање е можно само со чистата искрена вера во Бога, во Божјата љубов. Овој голем христијански празник е уште еден потсетник на христијанските вредности по кои треба да се водиме – добрина,…
Бугарскиот премиер Кирил Петков првата посета на земјава, ја оцени како огромен успех , споделувајќи ги импресиите и учинокот од истата, денеска пред новинарите во Софија. – Од една страна ние подадовме рака со тоа што отидовме таму први, а од друга страна тие ни дадоа нота која што се надевавме дека ќе ја добиеме уште пред две години. Таа нота е многу поважна отколку само кусото и долгото име. Таа нота покажува дека Република Северна Македонија нема територијални претензии кон Бугарија. За нотата се зборуваше, се зборуваше и се преговараше, а ние само затоа што направивме нов пристап, ја…
Под влијание на влажен и студен бран утре во вечерните и ноќните часови во западните делови ќе има врнежи од снег. Врнежите ќе продолжат и во петок, кога ќе се прошират и во останатите делови, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Пообилни врнежи ќе има во западните подрачја и насекаде ќе се формира снежна покривка, а на планините таа ќе се зголеми. Помала снежна покривка ќе се формира и во останатите делови, освен во долниот тек на Повардарието. Од УХМР истакнуваат дека заради ниските температури, ќе има појава на голомразица. Ќе дува засилен северен ветер. Потоа во следните денови ќе се…
По повод празникот Богојавление – Водици на мостот „Слобода“ кај х. Холидеј ин во Скопје денеска се одржа традиционално осветување на водите на Вардар и положување на Чесниот крст. Церемонијата во Скопје, на положување на светиот крст во осветените води на реката Вардар, чин што го направи поглаварот на Македонската православна црква Охридска архиепископија Господин Господин Стефан, резултира со групно фаќање на крстот. Во Вардар влегоа 30-ина учесници, кои по изведувањето на чинот рекоа дека сами ќе го вратат крстот во црква за здравје, бериќет и благосостојба на сите во земјава и дека се откажуваат од материјалните награди. По минатогодишниот…
По вчерашната посета и средба помеѓу премиерите на Република Северна Македонија и Република Бугарија напревен е првиот исчекор, отворен е нов прозорец на соработка и пријателство меѓу двете земји, којшто веруваме дека ќе резултира со поддршка на нашата евроинтеграција, се наведува во соопштението од владејачкиот СДСМ. Односите меѓу Северна Македонија и Бугарија треба да се градат врз принципите на соработка, пред се во економијата, инфраструктурата, трговијата и деловната соработка. Во оваа насока е и воспоставувањето работни групи во повеќе области, во економијата, инфраструктурата, трговијата, културата, образованието кои значат за граѓаните, за нивната иднина, но се особено важни за младите. Република Бугарија се согласи да…
Извршните директори на Национални енергетски ерсурси (НЕР) АД Скопје Бајрам Реџепи и на Булгартрансгаз Владимир Малинов вчера на работна средба во Скопје дискутирале за можностите за продлабочување на соработката меѓу државните оператори за пренос на природен гас, како и за развојот на регионалниот пазар на природен гас, соопштија од НЕР АД Скопје. Оттаму истакнуваат дека дел од идните предизвици помеѓу двата државни оператори се изградбата на втор интерконектор меѓу Струмица и Петрич, зголемување на сегашните погранични капацитети и партнерството во изградбата на LNG- терминалот во Александрополис. -Во овие пријателски разговори заедничкиот заклучок е да изградиме што повеќе мостови за соработка…