Министерот за внатрешни работи Спасовски по повод празникот Богојавление – Водици лично и во име на МВР упати честитка за добро здравје, радост и благосостојба.

– Во чест на крштевањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од страна на Свети Јован Крстител, денеска сведочиме за една од темелните свети тајни на црквата – крштевањето, како духовно раѓање, како почеток на човековото живеење во верата. А духовното раѓање е можно само со чистата искрена вера во Бога, во Божјата љубов. Овој голем христијански празник е уште еден потсетник на христијанските вредности по кои треба да се водиме – добрина, разбирање, проштевање, хуманост и љубов, вели во честитката Спасовски.

Токму тоа, се подвлекува,  е благородната поука – нека водите Богојавленски прочистат сѐ, нека обноват сѐ и со чиста мисла, искрена љубов и силна вера да се обединиме во општохуманите вредности за меѓусебна почит и подадена рака.

– Новиот почеток да тргне од нас самите. Со Великиот водосвет, Господ нека благослови со љубов, вера и утеха, нека ни даде сила несебично да одговориме на нашите обврски за добросостојба, хармонија, мир и просперитет во државата во којашто сите живееме, а нашите граѓани да бидат благословени со благодатни дарови на здравје, спокој и разбирање, нагласува во честитката Спасовски