Author: Mirjana

За една третина (33,9 отсто) е зголемен бројот на нови КОВИД-случаи од 10 до 16 јануари споредено со претходната седмица односно дијагностицирани биле 11 123 од направени 45 401 тест и просекот на позитивност бил 24,4 отсто. Епидемиолошките информации укажуваат дека земјата се наоѓа во пик на заразата и затоа, по препорака на Главниот координативен кризен штаб, Владата донесе одлука второто полугодие за околу 255 илјади ученици наместо утре да почне на 1 февруари. Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје, од минатиот до понеделникот оваа недела, половина од заразените (50,6 проценти т.е. 5630) се од Скопје. Најзастапена возрасна…

Read More

Историјата ставена во втор план, со фокус на градење на добрите односи меѓу граѓаните на Северна Македонија и Бугарија, зајакнување на соработката во повеќе сектори, како и добрососедство мерливо според постигнати цели и резултати е пристапот кој вчера го соопштија премиерите на двете земји Димитар Ковачевски и Кирил Петков. Новиот бугарски премиер вчера беше во посета на земјава, со порака, како што повеќе пати посочи изминатите денови за поттикнување на процесот за приближување на двете земји, кој изминатиот период беше во застој и резултираше со уште едно вето за почеток на преговори на Северна Македонија со Европската Унија. Приближувањето ќе…

Read More

Православните верници денеска го слават празникот Богојавление кој се одбележува уште од вториот век. На овој ден, според христијанското предание, Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан. Празникот се нарекува уште и Водици поради големиот водосвет што го извршува црквата на овој ден. По минатогодишниот привремен прекин поради пандемијата со Ковид-19, годинава продолжува вековната традиција на положување на крстот во осветените води. Скопската православна епархија при МПЦ-ОА ќе го организира традиционалното осветување на водите на реката Вардар и чинот на положување на Чесниот крст. Манифестацијата ќе се одржи на мостот „Слобода”, кај хотел „Холидеј ин”. Одбележувањето почнува…

Read More

Заради ситуацијата со Ковид 19- пандемијата, Сојузна Република Германија ја врати Република Северна Македонија на листата на ризични земји. Со најновата одлука на германските власти, од државјаните на Северна Македонија при влез во Германија се бара електронско пријавување и поседување на потврда за вакцинација или за прележана Ковид или негативен ПЦР тест. За лицата  кои не биле заразени со Ковид и не се вакцинирани, следува мерката за 10 дневен карантин, при што можат да бидат ослободени најрано на петтиот ден со тестирање за Ковид 19. Од оваа мерка се ослободени невакцинираните деца до шест години, на кои сепак карантинот им…

Read More

Заменик-претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ оствари билатерална средба со Кристиан Вегенин, заменик-претседател на Народното Собрание на Република Бугарија, во рамки на денешната официјална посета на бугарската делегација предводена од премиерот Петков. Од разговорот кој помина низ пријателски и позитивен наратив, се испрати заедничка порака дека мора да се прошири полето на соработка помеѓу двете земји и чекор по чекор да се решаваат отворените прашања. На средбата беа отворени повеќе теми на разговор со фокус на соработката помеѓу двете земји и на сите нивоа, како и важноста од евроинтеграцијата на Северна Македонија за регионот. Вицепремиерот за европски прашања…

Read More

Една од последните анализи со која  излезе угледниот американски „Foreign Affairs“ кој се занимава, пред се со американската надворешна политика и останатите меѓународни случувања  е посветена на опциите,  НАТО да престане да се проширува.- Запирањето на политиката на отворени врати, без разлика колку е тешко да се спроведе и преиспитувањето на безбедносната архитектура во Централна и Источна Европа не би било отстапка за Путин. Напротив, неопходно е најуспешниот сојуз на дваесеттиот век да опстане и да напредува и во дваесет и првиот век, стои меѓу другото во анализата , потпишана од уредникот Мајкл Кимејџ кој е и професор по Историја…

Read More

Во рамки на официјалната посета на делегацијата од Република Бугарија, во Владата на Република Северна Македонија се одржа пленарен состанок на премиерите на Северна Македонија, Димитар Ковачевски и на Бугарија, Кирил Петков, заедно со членовите на двете Влади. На пленарниот состанок на владините делегации од двете држави се дискутираше за важноста од реализација на проектите во насока на подобрување на состојбата во конкретни области меѓу двете земји за што министрите на двете Влади ги презентираа нивните заклучоци од билатералните средби. По пленарната седница предвидена е заедничка прес-конференција на премиерите Димитар Ковачевски и Кирил Петков.

Read More

Со зајакнувањето на соработката помеѓу Народната банка и Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) се придонесува кон поголема ефикасност на регулаторите во анализата и оценувањето на финансиската стабилност. Ова беше истакнато на денешната средба помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и претседателот на Советот на експерти на МАПАС, Максуд Али, при потпишувањето на Меморандумот за соработка помеѓу двете институции. Унапредувањето на соработката помеѓу Народната банка и МАПАС е од големо значење, имајќи ја предвид врската на банкарскиот систем со пензиските друштва, како врз основа на сопственичката поврзаност, така и врз основа на обезбедувањето услуги на чувар на…

Read More

Утре поради верскиот празник Богојавление, автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по неделен возен ред. Воедно, Јавното сообраќајно претпријатие информира дека од четврток (20.01.2022 год), јавниот превоз ќе продолжи да функционира по редуциран зимски возен ред, со оглед на одлуката за продолжување на училишниот зимски распуст. Ваквиот режим на функционирање на јавниот превоз ќе важи се до завршување на распустот, односно до 1 февруари. 

Read More

По објавата на текстот на НоваТВ  насловен како „ д-р Пановски и д-р Даниловски да влезат во Комисијата за заразни болести и предлага ЛДП на Владата“,  Д-р Даниловски се огласи на неговата фејсбук страна со статус  со наслов : Не прифаќам членување во Комисијата за заразни болести, во кој статус меѓу другото е наведено и образложението за таквиот став: 1. Никој никогаш од ЛДП не разговарал со мене дека планирале да ме предложат во Комисијата за заразни болести, ниту побарал моја согласност. Тоа е доволен индикатор дека С.М. од Нова ТВ не ја зборува вистината. 2. Дури и ако претпоставиме…

Read More

Во Кабинетот за борба против корупција и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, денеска се изврши примопредавање помеѓу досегашниот вицепремиер Љупчо Николовски и сегашната вицепремиерка Славица Грковска. Николовски и упати честитки на Грковска за новата функција и ја запозна со досегашните преземени мерки во областа на борбата против корупцијата и криминалот, како и за мерките од подготвениот нов План за борба против корупција 2022. Славица Грковска доаѓа од позиција на  главен системски аналитичар во Секторот за информатичка технологија, Оддел за информатика и телекомуникации во Министерството за внатрешни работи, каде што исто така e задолжена и за процесот на дигитализација во…

Read More

Екипи на Инспекторатот на Град Скопје, составени од комунални инспектори и инспектори за животна средина,  изминатиов викенд изрекоа казни за палење оган на отворено, како и за недозволено фрлање отпад. Затекнати и санкционирани се лица кои палеле оган на отворено во Шуто Оризари за што се изречени две казни. Во општината Бутел, пак, во близина на последната автобуска станица на линијата број 57,  фатено е лице како незаконски фрла отпад, за што истото е казнето. Изминатиов викенд комуналните редари од Град Скопје изрекоа 11 казни на физички лица за непочитување на законските прописи и фрлале ѓубре на јавна површина во…

Read More