Author: Mirjana

Во следните денови времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа засилен ветер од северен правец.Температурите ќе бидат во постепен пораст, најавуваат од Управата за хидро-метеоролошки работи. Денеска времето е сончево со мала до умерена облачност и со умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 28 степени. Во Скопје е, исто така, сончево со мала до умерена облачност и умерен ветер од северен правец.

Read More

Во првите шест месеци од оваа година вкупно 108 лекари ја напуштиле работата во јавните здравствени установи во Косово и заминале за да ја вршат професијата во странство, главно во Германија.  Претседателот на Лекарската комора на Косово, Плеурат Сејдиу за агенцијата КосоваПрес изјави дека мошне загрижувачкиот тренд на одлевање на медицинскиот кадар, меѓу кои и специјалисти и специјализанти, меѓу другото, е последица на неуспехот на надлежните власти да изготват квалитетна стратегија за човечките ресурси. „Сега се надминува бројката што ја предвидувавме за оваа година, а која беше околу 200 до крајот на годината. Само во првите шест месеци имаме 108…

Read More

30-годишниот македонски граѓанин, кој заедно со уште двајца вчера влегол да се капи кај Посиди а, заедно со уште еден беа прогласени за исчезнати, бидејќи ги однела морската струја и бранови,  пронајден е по 17 часа од немилиот настан и се наоѓал во релативно добра здравствена состојба, информираат грчките медиуми повикувајќи се на извори од крајбрежната стража. 30 – годишникот бил забележан од товарен брод кој под знамето на Гибралтар пловел  југозападно од Касандра, првиот крак на Халкидики.  Акцијата и потрагата на грчката крајбрежна служба, на грчкиот спасувачки тим и спасувачи волонтери продолжуваат за пронаоѓање на вториот исчезнат. Прво е…

Read More

Појава на торнадо била регистрирана на Охридското езеро. На видеото кое стана вирално на социјалните мрежи се гледа како торнадото отпревртува еден чамец кој бил закотвен на крајбрежјето.

Read More

Ноќеска во период од 23.00 до 03.00 часот по полноќ на подрачјето на Прилеп, во рамки на превентивната активност „Безбедно лето 2022“, била извршена контрола низ градските паркови и места каде има зачестено присуство на малолетници. За време на контролата кај А.Ч (26) и И.Д.(29), двајцата од Прилеп беше пронајдена марихуана. Тие беа лишени од слобода и по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, информира МВР. Исто така биле приведени 19 малолетници затекнати во угостителски објект после полноќ, од кои кај 5 било констатирано присуство на алкохол. Приведено е и едно лице поради точење алкохол на малолетници, согласно…

Read More

Секторот за внатрешни работи Тетово во координација и содејство со Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика на МВР целосно расчисти два случаи на коментари со заканувачка содржина со кои се промовирале или поттикнувале омраза и насилство, напишани на објави од интернет портали. Поради сомнение дека се автори на ваквите коментари, во Полициската станица Тетово вчеравечер биле повикани  Џ.Л.(40) од Тетово и Д.Р.(37), од тетовско село, со кои бил извршен службен разговор, при што Д.Р. го признал делото. Од МВР информираат дека по документирање на случајот против двете лица ќе следуваат соодветни поднесоци.

Read More

Најмалку 14 лица се убиени во масовно пукање во бар во Јужноафриканската Република Вооружени мажи отвориле оган откако влегле во ноќен клуб во Совето,предградие на Јоханесбург, нешто по полноќ. Уште десет се повредени, а тројца се борат за живот. Меѓу жртвите има и тинејџери. Како што јавуваат јужноафриканските медиуми, напаѓачите досега не биле уапсени. „Примарните истраги покажуваат дека луѓето уживале во кафаната. Потоа напаѓачите само влегле и по случаен избор пукале во нив – изјави утрово полицискиот комесар Елиас Мавела. 14 people have been shot dead in Soweto – Orlando . Their ages are estimated to be between 19 and…

Read More

Крајбрежната служба на Грција, утрово, излезе со официјално соопштение за конкретниот случај односно дека вчера попладне, крајбрежните служби во Солун и Неа Мудања биле информирани за случај со тројца исчезнати капачи во морската област Посиди на Халкидики. „Во координација на Координативниот центар за потрага и спасување на крајбрежната служба, во конкретната област започна потрага со два патролни чамци на крајбрежната служба, седум бродови што се во близина, а од воздух интервенираше еден хеликоптер на военото воздухопловство. Во потрагата учествуваа и патролни возила на крајбрежната служба, Грчкиот спасувачки тим и спасувачи волонтери, пишува во соопштението од грчката крајбрежна служба,  пренесува МИА.…

Read More

На социјалните мрежи се шири видео од моментот кога поранешниот јапонски премиер беше погоден со куршум од атентатор за време на неговиот говор во јапонскиот град Нара. На видеото може да се види како Абе говори пред толпата, а покрај него има членови на обезбедувањето и граѓани. Во еден момент се слуша истрел и се гледа облак од чад, на што реагира обезбедувањето на Абе обидувајќи се да го заштити со своите тела и актовки. Вториот истрел, сепак, бил фатален за поранешниот јапонски премиер. Како што можете да видите на видеото, иако обезбедувањето застанало пред атентаторот и ги кренало актовките,…

Read More

Бугарскиот премиер во оставка Кирил Петков во интервју за БТВ, предлогот на француското претседателство со Европската унија го оцени како исклучително добар кој направил бугарските позиции да станат и европски.  Она што сега се случува во Северна Македонија, вели Петков, е поради тоа што ним им е многу тешко да ги прифатат тие позиции во моментов, но, како што вели, тие тоа треба да го направат ако сакаат да изберат европски пат. „Во Северна Македонија треба да сфатат дека ако сакаат да се развиваат, европскиот пат  е единствениот пат за таа држава, вели Петков. Според него, би било ужасно Албанија…

Read More

Продолжува објавата на детали за тоа како тројцата македонски граѓани кај местото Посиди на првиот крак на Халкидики влегле да пливаат и како едниот од нив-25 годишно момче, било спасено наводно од сурфер и извлечено на брегот.  Било констатирано дека момчето имало испиено поголемо количество од морската вода, но дека е во стабилна состојба, констатирале медицинските екипи кои со возило на грчката Брза помош го земале 25 годишното момче од крајбрежјето на Посиди. Без резултат е досегашната потрага во текот на ноќта по останатите двајца едниот на 28 другиот на 30 години, исто така македонски граѓани, јавуваат грчките медиуми. Па…

Read More

Политичкиот аналитичар Едвард Џозеф, кој во неодамнешна статија за Форејн полиси порача САД да ја повикаат Бугарија на одговорност поради двегодишната блокада за Северна Македонија и Албанија, на Твитер реплицираше на отвореното писмо до македонската јавност на американската амбасадорка Кејт Брнз. Џозеф, добар познавач на приликите на Балканот, е предавач по меѓународни студии на престижниот универзитет „Џон Хопкинс” во Вашингтон. -До Македонците е да одлучат во демократска и транспарентна дебата дали предлогот за пристапување во ЕУ го штити нивното достоинство, безбедност и идентитет, порача тој. Амбасадорката Брнз во отвореното писмо наведува дека САД се „сојузник, партнер и пријател” на Северна…

Read More