Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Mirjana
Во пресрет на утрешниот Централен одбор на Социјалдемократите на кој треба да бидат промовирани нови тела како Советот за креирање и имплементација на политики, медиумите и денеска лиферуваат информации за тоа со кои луѓе ќе се опкружи новиот партиски претседател Димитар Ковачевски . Едно од тие имиња кои од поодамна кружи во јавноста за нова функција во партијата е поранешниот пратеник Игор Ивановски-Шема. За него Телма Тв, напиша дека е поранешен висок партиски функционер, универзитетски професор на скопскиот Економски факултет, со неколку мандати како пратеник, дека бил дел од претседателскиот кабинет на Бранко Црвенковски и дека е од скопското крило…
Во присуство на голем број верници денеска во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид беше промовирана книгата „Манастирите во Дебарско – кичевската епархија“ во издание на Дебарско-кичевската епархија. Промотор на книгата беше неговото Блаженство Митрополитот Скопски и Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан, кој посочи дека е општо познато дека монаштвото е бројно во охридскиот регион, со тоа и градењето први манастири во земјава. – Македонија како ретко која друга земја е облагородена со многубројни свети градби, тие градби станале составен дел на нашето народно ткиво. Во нив народот се просветувал и описменувал,…
На 25.12.2021 во 23:00 часот од полициски службеници на регионалниот пат Градско-Неготино кај село Црвени Брегови од слобода бил лишен А.Ј.(20) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по чл.418 б од КЗ на РСМ. Како што соопшти МВР, приведениот во патничко возило „пасат“ со прилепски регистарски ознаки превезувал пет мигранти од Сирија. По целосното расчистување на случајот ќе следи соодветен поднесок.
Нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид и годинава приреди фото и видео уживање од моментот на украсување на подводната елка во водите на Охридското езеро. Да е среќна и весела Новата 2022 година, посакуваат нуркачите од „Амфора“
На 92-годишна возраст, денеска почина поранешниот грчки претседател Каролос Папуљас, кој на позицијата шеф на државата беше во периодот од 2005 до 2015 година. Беше висок функционер на Социјалистичката партија ПАСОК и близок соработник на нејзиниот покоен лидер и поранешен премиер Андреас Папандреу. По завршувањето на вториот претседателски мандат во 2015 година, Папуљас се повлече од политичката сцена во Грција.
Европската унија побара од Русија да плати отштета во износ од 290 милијарди евра поради „дискриминација“ на европските производи преку политиката на замена на увозот, се наведува на веб-страницата на Светската трговска организација (СТО). Според документот, Русија, наводно, потрошила долго време развивајќи мерки кои сега ги ставаат европските компании во неповолна положба кога тргуваат со руски државни компании и други организации. Поточно, се работи за систем за комерцијални набавки, пренесува РИА Новости. Забележано е дека ЕУ неколку пати го покренала ова прашање во рамките на билатералните контакти и форумите на СТО, но дека не е донесена одлука. Според податоците на…
Градоначалниците од регионите во кои се одгледува тутун и е една од поглавните егзистенцијални гранки во општините, денес се собраа на координативна средба на која се разгледуваше ниската цена на тутунот и една од главните теми беше изнаоѓање решенија за повисоки откупни цени. Градоначалникот на општина Могила, Драганчо Саботковски, рече дека причина за оваа регионална средба е токму ниската откупна цена и еден од заклучоците кои ги донеле на тој координативен состанок бил да се достават барања до Државниот земјоделски инспекторат да излезе на терен се со цел реална проценка на тутунот. Градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески ја поздрави оваа…
Данела Арсовска не работи ништо во интерес на граѓаните, таа во првите два месеца покажа дека знае само да стопира важни проекти. Меѓу нив секако еден од најважните е Бас рапид транзит системот со кој Скопје добива нов, ефикасен и еколошки јавен транспорт. Арсовска со штури оправдувања го прекина овој важен проект за чија реализација беа обезбедени средства од Европската банка за обнова и развој. И самата Европска банка за обнова и развој ги демантираше лагите на Данела Арсовска. Наместо да го реализира БРТ системот, таа ги лаже граѓаните дека ќе воведе бесплатен автобуски превоз за две години отсега, иако…
Снабдувањето на Европа со енергенси се претвори во вистинска битка и натпревар меѓу американските производители со руски „Гаспром“. Се почестите вести за тоа дека американските извозни терминали работат со полн капацитет, ја потврдуваат оваа теза. Како што пишува „Политика“, можеби сепак не е се во сибирскиот гас, нагласувајќи ги берзанските движења за последните два дена од минатата недела на европската енергетска берза во Холандија која ја урна цената на гасот на околу 1.300 долари , за разлика од пред неколку дена пред тоа, кога чинеше 2.120 долари за илјада кубни метри. Драматичниот пресврт, се случил кога била лиферувана информација дека…
Повеќе од 30 цивили, меѓу кои и жени и деца се убиени, а телата им се запалени во мјанмарската сојузна држава Кајаха. Локалните жители и организациите за заштита на човековите права потврдија дека во близина на селото Мо Со пронајдени се изгорени тела на внатрешно раселени лица, кои биле убиени од припадници на армијата на Мјанмар. Армијата на Мјанмар соопшти дека во селото Мо Со убила „вооружени терористи“ од редовите на опозициските вооружени сили. Кризата во Мјанмар трае од февруари кога беше со воен удар беше соборена владата на Аунд Сан Су Чи. По масовните протести армијата голем број противници…
Минималната плата, зголемена или не, е во фокусот на интересот на крајот од годинава. И кај работодавците, и кај синдикатите, и кај Владата и кај граѓаните. Работниците, граѓаните и синдикатите се на став дека минималната плата треба да се зголеми на 18.000 денари поради покачувањето на цените на продуктите и на енергенсите, како и најавеното зголемување на цената на струјата. Од другата страна работодавците сметаат дека зголемувањето на минималната плата во услови на пандемија ќе го намали работењето и ќе има отпуштања. Но, всушност, какви се ефектите од зголемувањето на минималната плата? Најновите резултати од истражувањата направени од страна на…
Европската енергетска криза и малото домашно производство на електрична енергија се главните причини поради кои е несомнено дека граѓаните ќе плаќаат повисоки сметки за потрошена струја од 1 јануари идната година. Предвидувањата за новата цена на регулираниот пазар се различни. Некои од експертите и опозициските партии сметаат дека домаќинствата ќе плаќаат повисока цена за електричната енергија за 38 отсто, а властите уверуваат дека покачувањето ќе биде многу помало и повторно земјава ќе има најниска цена во регионот, додека од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), која е надлежна за формирање на цената на регулираниот пазар, велат дека нема…