Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Mirjana
Омикрон-сојот се шири исклучително брзо и досега е забележан во 77 земји. Во Северна Македонија сè уште не е регистриран случај на новиот сој, а состојбата со коронавирусот засега е стабилна. И во светот и кај нас остануваат клучните препораки за заштита и за вакцинација, иако Светската здравствена организација укажа дека вакцините би можеле да бидат помалку ефикасни против инфекции и трансмисии поврзани со омикрон-варијантата на коронавирусот, која има поголема способност за реинфекција. За заштита од новиот сој, СЗО препорачува покрај вакцинацијата да се преземат и санитарни мерки, како лична хигиена, носење маски, проветрување. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Во пресрет на Советот на ЕУ во Брисел што треба да се одржи денеска и утре, бугарски официјални лица уште еднаш ја потврдија позицијата кон Северна Македонија со што останува ветото на процесот на пристапување на земјава во ЕУ. Бугарскиот претседател Румен Радев вчера изјави дека е задоволен што европските лидери „конечно разбрале каде е вистинскиот проблем со Северна Македонија“ и оти сите обиди да се изврши притисок врз Софија се контрапродуктивни. – На сите европски совети – од мај, разговарав со секој европски лидер на тема РС Македонија. Сакам да им се заблагодарам, бидејќи по втор пат темата е…
Најстудено утрово е на Попова Шапка со -8 степени, во Маврово и во Крушево се измерени -5, во Берово и Крива Паланка -4, во Штип, Дебар, Виница и Претор -3, во Охрид, Тетово и Струмица -2, а во Битола и Прилеп -1. Еден степен над нулата е во Скопје и Куманово, два во Демир Капија, а максимални три степени се регистрирани во Дојран и Гевгелија. На Попова Шапка има и најмногу снег 55 сантиметри, во Маврово снежната покривка е 36, а во Крушево 16 сантиметри. Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно и студено. Ќе дува умерен, a долж…
Во Собранието денеска завршува расправата за Предлог-буџетот за 2022 година и се очекува тој да биде донесен. Предлог-буџетот тежи 4,4 милијарди денари. Вкупните расходи се планирани на ниво од 272,4 милијарди денари или 35,2 проценти од БДП, а вкупните приходи се проектирани на ниво од 238,9 милијарди денари или 30,9 проценти од БДП. Дефицитот е на ниво од 33,5 милијарди денари или 4,3 проценти од БДП. Капиталните инвестиции се повисоки од буџетскиот дефицит и изнесуваат 37,8 милијарди денари, што е за околу 27 проценти повеќе во однос на 2021 година. Запазено е т.н. „златно правило во финансиите“, односно буџетскиот дефицит…
Списанието „Physical Review Letters“ вчера објави дека соларната сонда Паркер, го допрела Сонцето. Астрофизичарите објавија дека соларната сонда Паркер на НАСА го направила она што некогаш се сметало за невозможно – а тоа е да се оствари реален допир со Сонцето. На 28 април 2021 година, леталото стана прв објект направен од човекот што влезе во надворешната атмосфера на Сонцето, короната. Таа важи за екстремна средина, со силни магнетни полиња и температури повисоки од над еден милион степени Целзиусови, а тоа што останува мистерија е што короната е многу потопла од самата површината на Сонцето кое е со температура до…
Синоќа по 22 часот, 23 годишна кумановка со остар предмет му нанела убодни рани на сопругот, во обид да го одвлече од намерата да го повреди нивното дете. Немилиот настан се случил во Табановце. – На 14.12.2021 во 22.15 часот во СВР Куманово било пријавено дека во село Табановце, кумановско, Ј.А.(23) од село Табановце, при семејна расправија, со остар предмет нанела убодна рана на нејзиниот сопруг Љ.А.(25) од Куманово, кој, според пријавеното, се обидел да го повреди нивното дете, пишува во својот дневен билтен СВР Куманово. При прегледот на повредениот во Кумановската болница, биле констатирани тешки телесни повреди. СВР Куманово…
Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска учествуваше на работниот состанок на Управувачкиот комитет на Проектот „Образование за вработување во Северна Македонија Е4Е“, поддржан од Швајцарската агенција за поддршка и развој. На средбата која се одржа во Министерството за образование беше и министерката за образование Мила Царовска како и новата амбасадорка на Швајцарија Вероник Улман и тим лидерот на Проектот „Образование за вработување во Северна Македонија“ Курт Вунтрих. На состанокот се разговараше за досегашните резултати од Проектот од фаза еден и целите кои треба да се постигнат во втората фаза на Проектот (2022 – 2026) во која се вклучени политиките и мерките…
Со настанот „ШАРСКА БЕЛИНА, ШАРСКА УБАВИНА“ што денeска се организираше во ски-центарот Попова Шапка, за првпат се отвoри скијачката сезона во рамки на новиот, четврти во државата, национален парк – Шар Планина. – Денеска практично промовираме и презентираме како е возможно да се обезбеди одржлив економски развој, а при тоа да се зачуваат природните вредности – истакна министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, наведувајќи дека со добро осмислени решенија базирани на природата, екосистемските услуги, традиционалното сточарење и органското земјоделство, но и со развој на еко туризмотот можеме да ја заштитиме автентичната природа, националното богатство на биодиверзитет, чистата…
Поттикнување на студентскиот активизам на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ е целта на разговорите на Универзитетското студентско собрание со Проректорот на УКЛО проф. д-р Марјан Ѓуровски и претставници на повеќе сектори од Ректоратот со цел да се изнајдат механизми за уште повеќе заеднички активности. Заедничка цел е уште поуспешно спроведување на: грижа за квалитетот на животот на студентот и квалитетот на процесот на студирање, студентскиот стандард, остварувањето на студентските права и интереси и за студентската културна, социјална и интелектуална надоградба, поттикнување студентски активности надвор од наставниот процес и други работи од интерес за студентите. Ќе се разговара за создавање на поголема универзитетска…
Министерството за внатрешни работи (МВР) во голема акција синоќа во близина на Скопје заплени над 100 килограми марихуана со што е пресечен меѓународен канал за транспорт на дрога од Албанија во нашата земја во вредност од околу 300 000 евра, со што од слобода е лишено лицето З.С(57) од Охрид, против кого има поднесено кривична пријава, информираат од МВР. „Лицето З.С., управувајќи патничко возило „мерцедес“, со охридски регистарски ознаки, се упатил во с.Љубаништа, охридско, со намера да изврши неовластено пренесување на дрога и во близина на место викано „Ушине“ од албански државјани преземал пет големи платнени торби во кои имало…
Поранешниот американски претседател Барак Обама , основачот на Мајкрософт Бил Гејтс, Рускиот претседател Владимир Путин влегоа во првите 10 најпочитувани луѓе во светот за 2021 година, покажуваат резултатите од анкетата спроведена од британската компанија „ЈуГов“. Поранешниот и актуелниот американски претседател Доналд Трамп и Џозеф Бајден се најдоа на 13-то, односно 20-то место. Анкетата покажува дека лидерот на Русија годинава се искачи за три позиции и го зазеде деветтото место. Како и минатата година, поранешниот американски претседател Барак Обама и неговата сопруга Мишел се на врвот на рејтингот на најпочитуваните луѓе. Меѓу десетте најпочитувани личности во машкиот свет се основачот на…
Министерствата за животна средина и просторно планирање и за економија, во соработка со „Елем Турс“, денеска ќе го спроведат настанот „Шарска белина – шарска убавина“ – отворање на Скијачката сезона во Ски- центарот „Попова Шапка“, на паркингот над хотел Славија на Попова Шапка. Како што е најавено, обраќања ќе имаат министрите за животна средина и просторно планирање и за економија, Насер Нуредини и Крешник Бектеши и директорите на „Елем Турс“ и на Националниот парк „Шар Планина“, Адем Авзиу и Ибрахим Дехари. Со настанот ќе се означи почетокот на скијачката сезона во новиот НП „Шар Планина“ и по тој повод ќе…