Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шахпаска: Зголемувањето на вработливоста  кај младите останува приоритет на Министерството за труд и социјална политика​

0
By Mirjana on December 15, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 15, 2021 14:17

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска учествуваше на работниот состанок на Управувачкиот комитет на Проектот „Образование за вработување во Северна Македонија Е4Е“, поддржан од Швајцарската агенција за поддршка и развој. На средбата која се одржа во Министерството за образование беше и министерката за образование Мила Царовска како и новата амбасадорка на Швајцарија Вероник Улман и тим лидерот на Проектот „Образование за вработување во Северна Македонија“ Курт Вунтрих.

На состанокот се разговараше за досегашните резултати од Проектот од фаза еден и  целите кои треба да се постигнат во  втората фаза на Проектот  (2022 – 2026) во која се вклучени политиките и мерките за вработување на младите луѓе. Нагласена беше потребата од поголема квалификувана  работна сила  и развој на вештините, дуалното образование на младите со кое уште во текот на средното образование се насочуваат   кон професиите барани од компаниите и учење низ пракса.

Според министерката Шахпаска,  проектот Е4Е во изминатиов период, главно беше насочен кон  поддршката при имплементирањето на политиките за вработување, пред се во креирање на ефективна, ефикасна ориентација кон потребите на пазарот на трудот.  Таа се осврна на политиките за подобрено вклучување на младите лица на пазарот на труд а особено на имплементацијата на Гаранција за млади.

„Имплементацијата на оваа програма преку Оперативниот план за активни мерки и програми за вработување во нашата држава даде исклучително позитивни искуства и резултати, но сепак сеуште има предизвици со кои се соочуваме и кои мораме да ги надминеме. Таа беше насочена кон финансирање на работилници за обука на теренските работници задолжени за изнаоѓање и мотивирање на млади од 15 до 29 години да се вклучат во Гаранцијата за млади“, рече министерката Шахпаска.

Таа информираше дека во  Оперативниот план за вработување 2021, за првпат се вградени три принципи: справување со негативните ефекти и последици врз пазарот на труд и вработеноста, предизвикани од пандемијата на Ковид 19 со кој приоритет се дава на лицата кои ја изгубиле работата поради пандемијата, принципите на диверзитет и инклузивност и принципот за еднаков регионален развој.

Министерката Шахпаска се заблагодари за досегашната соработка и потенцираше дека и во наредниот период на заедничко задоволство соработката меѓу Министерството за труд и социјална политика и Проектoт Образование за вработување ќе продолжи како во досегашните активности така и во некои нови заеднички проекти а кои имаат за цел подобра инклузија на ранливите групи на пазарот на трудот во Република Северна Македонија.

 

млади шахпаска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.