Поранешниот американски претседател Барак Обама , основачот на Мајкрософт Бил Гејтс, Рускиот претседател Владимир Путин влегоа во првите 10 најпочитувани луѓе во светот за 2021 година, покажуваат резултатите од анкетата спроведена од британската компанија „ЈуГов“.

Поранешниот и актуелниот американски претседател Доналд Трамп и Џозеф Бајден се најдоа на 13-то, односно 20-то место.

Анкетата покажува дека лидерот на Русија годинава се искачи за три позиции и го зазеде деветтото место.

Како и минатата година, поранешниот американски претседател Барак Обама и неговата сопруга Мишел се на врвот на рејтингот на најпочитуваните луѓе.

Меѓу десетте најпочитувани личности во машкиот свет се основачот на Мајкрософт Бил Гејтс, кинескиот претседател Си Џинпинг, фудбалерите Кристијано Роналдо и Лионел Меси, актерот Џеки Чен, милијардерот и основачот на „Спејс Икс“, Илон Маск, индискиот премиер Нарендра Моди и основачот на „Алибаба“ Џек Ма.