Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Mirjana
Во Собранието денеска е претпоследниот ден од расправата за Предлог-буџетот за 2022 година. Според Деловникот за работа, расправата за Предлог-буџетот на пленарна седница трае пет дена. Во текот на изминатите денови, власта и опозицијата излегоа со спротиставени ставови. За власта, Предлог-буџетот има силна развојна компонента и со него ќе се забрза економскиот раст, ќе се обезбеди непречено функционирање на основните функции на државата и се дава поддршка на реформските процеси во правосудството и на евроинтеграциските процеси. Буџетот, како што посочија, е донесен низ транспарентен и инклузивен процес за што доказ е прифаќањето на 23 амандмани во вкупна вредност од околу…
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8 степени. Во Скопје претежно облачно со умерен, повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 5 степени Во наредните денови следува период на умерено до значително облачно и студено време со умерен до засилен северен ветер, особено долж Повардарието. В петок и сабота ќе има повремени локални врнежи од снег.
За само 24 часа, од Ковид-19 во Грција починаа 130 лица, што е негативен рекорд во земјата од почетокот на пандемијата по бројот на дневни смртни случаи, јави дописничката на МИА од Атина. Во однос на новозаразените, регистрирани се 5.736 позитивни случаи, а 700 пациенти се приклучени на апарати на Одделите за интензивна нега во грчките болници, од кои 568 (81,14 отсто) се невакцинирани или делумно вакцинирани. Од почетокот на пандемијата во земјата се потврдени 1.012.659 случаи на Ковид-19, а починаа вкупно 19.475 лица. Паралелно, со зголемен ритам се одвива процесот на имунизација во земјата, особено поради новите мерки што…
Кандидатот за американски амбасадор во Белград, Кристофер Хил, синоќа во Сенатот изјави дека постојат бројни прашања што го засегаат во однос на денешна Србија и на Балканот. За време на дебатата пред Комитетот за надворешни работи при Сенатот, што е прв чекор во процесот на потврдување на неговата номинација за амбасадор во Белград, Хил истакна дека односот меѓу владите во Белград и во Босна и Херцеговина ќе биде клучен за соработката меѓу САД и Србија. – Пред се, многу е важно да имаме јасни разговори со владата во Белград, да ги убедиме да разберат дека нивото на нашите напори во…
Повеќе од 75 лица загинаа при експлозија на цистерна со гориво на Хаити, изјави претставникот на Министерството за здравство на таа земја, Лоре Адриен. Претходно премиерот на Хаити, Ариел Анри прогласи тридневна жалост „во спомен на жртвите од трагедијата што ја потресе целата нација“. – Бев очаен кога ја слушнав тажната вест за експлозијата. Многу луѓе загинаа, а причинета е и голема материјална штета, изјави Анри. Според првичните информации, цистерната се обидувала да избегне мотоцикл што доаѓал од спротивната страна, по што се превртела. Здравствените власти апелираат до доброволните крводарители, изјави за Си-Ен-Ен портпарол на Цивилната заштита на Хаити. Карипската…
Омикрон сојот се шири со исклучително голема брзина и досега беше потценет, ова се најновите заклучоци на СЗО за новиот сој на Ковид-19. Според генералниот директор на организацијата Тедрос Гебрејесус, иако болеста е со полесни симптоми, бројот на заразени може да ги попречи здравствените системи, особено во помалку развиените земји. Во моментов, случаи на Омикрон се официјално пријавени во 77 земји, но вирусот најверојатно циркулира во повеќе држави. Тедрос смета дека Омикрон не може да се запре само со вакцинација, туку дека се потребни и санитарни мерки како лична хигиена, носење маски, проветрување. Во меѓувреме, бројот на смртни случаи од…
Земјите-членки на ЕУ на вчерашното заседание на Советот за општи работи (ГАК) не постигнаа договор за одржување на првите меѓувладини конференции со Северна Македонија и Албанија до крајот на оваа година и покрај јавно изнесените надежи на словенечкото претседателство за старт на преговорите со двете земји годинава. Во заклучоците од состанокот изостана временската одредница „до крајот на годината“ како рок за одржување на првите меѓувладини конференции со Скопје и Тирана. Како што јави дописничката на МИА од Брисел, Европската комисија и Советот на ЕУ изразија задоволство од компромисот постигнат во делот на проширувањето, кој потпретседателката на Еврокомисија, Вера Јоурова го…
Унапредувањето на трговските односи помеѓу Турција, Северна Македонија и Косово, подобрување на инфраструктурната поврзаност и можностите за реализација на инвестиции со кои би се подобрила конкурентност на земјите и на регионот на Западен Балкан, беа дел од темите кои се дискутираа на денешниот трилатерален состанок „Придонес за развој на социо-економските односи помеѓу Република Турција, Република Северна Македонија и Косово“, кој е во заедничка организација на Македонско-турската стопанска комора МАТТО, Косовско-турската стопанска комора КТТО и Здружението на стопанственици и занаетчии „Еснаф“ од Косово. На настанот учествуваа заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи,…
На колегата Кирил Петков му го честитав изборот за претседател на Министерскиот совет на Република Бугарија. Во телефонскиот разговор на премиерот Петков му посакав успешен мандат и остварување на сите приоритети утврдени во програмата на неговата Влада, а со цел добробит и просперитет на бугарската држава и бугарските граѓани. Во разговорот изразивме подготвеност да ја забрзаме нашата комуникација и соработка низ повеќе работни групи во областите на економијата, културата, здравството, енергетиката, инфраструктурата и други области од интерес на македонските и на бугарските граѓани. Се согласивме да продолжиме да работиме на изнаоѓање прифатливо решение за деблокирање на постапката за почеток на…
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска го назначи Кристијан Стаменов за нов в.д. директор на ЈУ „Зоолошка градина“ на Град Скопје, откако претходниот директор Ѓорги Галетановски си поднесе оставка од оваа функција. Стаменов од 2011 година е вработен во Зоолошката градина во Скопје на работна позиција самостоен ЗОО негувател. Стаменов е дипломиран економист од областа на маркетинг менаџмент. Покрај Стаменов, Тина Мицковска досега задолжена за односи со јавност на Зоолошката градина во Скопје, од денеска е прв соработник и заменичка на новиот директор на ЗОО. Главни проекти на кои ќе се насочи новото раководство на Зоолошката градина во Скопје се…
Направени се 1.211 тестирања, а регистрирани се 82 нови случаи на КОВИД-19. По градови сликата изгледа вака: Скопје – 61, Кавадарци – 9, Гевгелија – 4, Битола и Велес – по 2, Прилеп, Охрид, Неготино и Валандово – 1. Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 8 починати лица: 3 починати лица од Скопје (56г, 80г и 86г) и по едно починато лице од Прилеп (72г), Битола (55г), Валандово (71г), Македонски Брод (66г) и Кичево (61г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови. Регистрирани сe 265 оздравени пациенти од: Скопје – 128, Битола – 34, Крива Паланка –…
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска го назначи Иван Илиевски за в.д. директор на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје (ЈСП), на местото на досегашниот директор Кристијан Чушков кој е разрешен од функцијата. Илиевски долги години работи на раководни позиции во Авто Мото Сојуз на Македонија и Македонија Сообраќај Америт. Во текот на својот професионален ангажман, работи и за развој на Центрите за обука на институции, како сертифициран инструктор на IRU Academy (Академија на Унијата за патен транспорт) за обука на Менаџери на транспортни компании, возачи во меѓународен патен транспорт и транспорт на опасни материи. Илиевски e член и на Советот за…