Author: Mirjana

Тркачката сезона во класата “микромакс” за Христо Ковачи во 2021 година заврши со вкупно 27 трки. – Сакам да се заблагодарам на моите родители кои секогаш во се што правам се со мене, целата јавност и сите мои следачи и поддржувачи, медиумите, моите другари и секако мојот единствен спонзор Мамас кој цела сезона ми даде безрезервна подршка, вели Ковачи. Во Централната Европска Зона од вкупно 33 натпреварувачи Христо е 8- ми, во Австрискиот шампионат 16- ти, во Спорт Стил Купот 8-ми, во Српскиот Шампионат 3-ти, но поради промени во раководството на Српската федерација не се рализира во целост шампионатот за…

Read More

Според Нехамер, ова едногласно денеска го одлучиле партиските највисоки тела. Поранешниот министер за внатрешни работи го наследува Александар Шаленберг, кој поднесе оставка по само два месеци на функцијата. Промената на раководството беше поттикната од повлекувањето на поранешниот канцелар Себастијан Курц од сите партиски функции и воопшто од политиката.

Read More

Полициските службеници од дебарското Одделение за внатрешни работи, помеѓу складиран градежен материјал пронашле оружје, муниција и марихуана. – Вчера околу 14 часот,  помеѓу складиран градежен материјал на улицата „Црн Дрим” во Дебар, по претходна пријава, полициските службеници пронајдоа една автоматска пушка, една рамка за автоматска пушка со 30 куршуми, една рамка за пиштол со 15 куршуми и една ќеса со марихуана, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид. Димоски додаде дека предметите се одземени и обезбедени за натамошна постапка и оти се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Read More

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија и копретседател на Коморскиот инвестициски форум Бранко Азески во придружба на потпретседателката на Комората д-р Елена Милевска Штрбевска, учествуваа на отворањето на меѓународниот саем во Тирана на кој на заеднилки штнад во организација на КИФ учествуваше 31 компанија од шестте земји од Западен Балкан. Во рамки на македонската делегација, претставниците на „Пекабеско“ АД Скопје, „ИМВ“ Битола, „Кораб Трница“, „Агро Вардарие“, „Тим Ентерпрајс“ и „Биомарел Шитаке“, преку Б2Б средби, промоции, дегустации,ги презентираа своите производи и потенцијалите за продлабочуање на соработката на пазарите во останатите земји од Западен Балкан. Во присуство на амбасадорот на РС…

Read More

На американската двојка врвни дипломати за Западен Балкан Габриел Ескобар и Метју Палмер, и се приклучува уште еден „тешкаш“  од дипломатско-воените кругови на Велика Британија, поранешниот шеф на Воениот комитет на НАТО, Сер Стјуарт Пич. Британскиот премиер  Џонсон го назначи  за специјален претставник на неговата земја за Западен Балкан. Во соопштението на британската влада за назначувањето на специјалниот претставник за Балканот се вели дека со тоа се покажува посветеност на стабилноста и просперитетот на регионот. Стјуарт Пич ќе ја преземе функцијата веднаш штом ќе поднесе оставка како претседател на воениот комитет на НАТО, што е најголемата воена функција во воената…

Read More

Формирањето нова влада во Софија останува услов за интензивирање на дијалогот со Скопје за надминување на спорните билатерални прашања и повлекување на деблокадата за старт на пристапните преговори со ЕУ. Според роковникот од уставните одредби најрано тоа е теоретски можно да се случи на 15 декември. Претседателот на Бугарија Румен Радев на средба со неговиот германски колега Франк-Валтер Штајнмајер во Стразбур, меѓу другото, размениле мислења и за европската перспектива на Република Северна Македонија, при што Радев го изразил очекувањето на Софија за активен билатерален дијалог на високо ниво со Скопје, во кој ќе се решат спорните прашања во билатералните односи. Радев, на…

Read More

Истражување за ефектите на вакцините против КОВИД-19 кај македонската популација покажува дека нема големи разлики меѓу вакцините од различни производители во спречувањето тешка болест и смрт, но има разлики во спречувањето хоспитализација. Според тековното истражување, две дози од антиковид-вакцината на производителот „Фајзер-Бионтек“ имале највисока ефективност во спречување хоспитализација, следни се вакцините на „АстраЗенека“ и на „Синовак“, сите со ефективност над 92 отсто. Вакцините на „Синофарм“ и на производителот „Gamaleya Institute“, според анализата, покажале послаба ефективност во спречување хоспитализација од претходните три вакцини, но сепак имаат висока ефективност од над 80 отсто. Како што вчера соопшти Министерството за здравство, ова се…

Read More

Димитар Ковачевски, Фросина Ременски и Властимир Алексовски засега се тројцата официјални кандидати за претседател на СДСМ. Рокот за поднесување кандидатури истекува попладнево во 16 часот. Дотогаш се очекува Јован Деспотовски да соопшти дали ќе биде четвртиот кандидат за партиски лидер, а можност за влез во изборната трка најави и Миле Зечевиќ. -Сериозно размислувам за тоа. Член сум на партијата 25 години и сум поминал различни нивоа од почетното најниско, до член на највисоките раководни структури на партијата. Сметам дека имам реални резултати во мојот професионален ангажман така што сметам дека можам да понудам и нов концепт околу кој ќе се…

Read More

Со два воено-транспортни авиони денеска нешто по 9 часот од Бугарија се очекува  на Меѓународниот аеродром Скопје да пристигнат посмртните останки на 45 граѓани кои загинаа во сообраќајната несреќа на автобусот на „Беса транс“-Скопје, што се случи на 23 ноември на автопатот „Струма“ во близина на градот Перник. По пристигнувањето, како што најавија од МНР,  поворката ќе се движи по однапред утврдена патека до и низ главниот град. Во периодот од 10 до 13 часот граѓаните ќе може да оддадат последна почит и да положат цвеќе на плоштадот „Скендербег“ и да ја проследат поворката која ќе помине по булеварот веднаш…

Read More

Жителите  на Ново Маало се подготвени со тужби доколку е тоа потребно да се спротивстават на  обидите за блокирање на реализација на комплексот „Гранд“. Велат дека се револтирани од реакциите на граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“ и нивниот обид да се суспендира градбата на комплексот на паркингот спроти „Холидеј Ин“ која почна пред десетина дена. – Изминативе 70 години ние бевме жртви на институциите кои нè водеа низ бескрајни лавиринти и нема да дозволиме некои активисти да си поигруваат со нас. Токму поради тие активисти и конкретно сега актуелната советничка во Општина Центар Јана Белчева, ние со години не смеевме…

Read More

Претседателот Стево Пендаровски денеска, во Домот на хуманитарни организации “Даре Џамбаз”, оствари средба со претставници од Националниот совет на инвалидските организации на Македонија (НСИОМ). Претставниците на НСИОМ го информираа претседателот Пендаровски за тековните активности по повод одбележувањето на 3 декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост, како и за нивните проблеми и редовни ангажмани. Соговорниците нагласија дека и покрај евидентното унапредување на положбата на овие граѓани, се уште постојат области во коишто е отежнато нивното функционирање и дека ваквите системски слабости коишто се одамна детектирани, дополнително се нагласени со појавата на пандемијата. Охрабрувајќи ги севкупните напори на сите членки на…

Read More

Откако во мај месец на пациент му ампутирала погрешна нога, наместо левата, десната нога, а грешката била откриена два дена подоцна, докторка хирург денеска беше осудена од судот во Линц за тешка негрижа и со парична казна од  2.700 евра.Пациентот набрзо по операцијата починал не го ни дочекал судскиот развој на настаните. На неговата сопруга судот и додели 5.000 евра одштета. Пациентот лежел во болницата Фрајштат , минатиот мај , поради ампутација на ногата , но хирургот обележал погрешна нога, информира агенцијата АФП, пренесува РТС. Грешката била воочена по замена на завојот , а на пациентот после тоа му е…

Read More