Според Нехамер, ова едногласно денеска го одлучиле партиските највисоки тела.

Поранешниот министер за внатрешни работи го наследува Александар Шаленберг, кој поднесе оставка по само два месеци на функцијата.

Промената на раководството беше поттикната од повлекувањето на поранешниот канцелар Себастијан Курц од сите партиски функции и воопшто од политиката.