Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Mirjana
Анализа на проф. д-р Марјан Ѓуровски за новиот мандатар и СДСМ Неколку дена пред отпочнување на процедурата за вторите по ред внатрепартиски избори за нов претседател, најважно за СДСМ сега е дали има внатрешен капацитет да се надминат личните суети и индивидуалните проекции за политичката иднина, и да се застане зад целосно освежена, подмладена екипа која ќе треба да има партиско “мирно море” за да може да се избори за враќање на довербата кај граѓаните до следното изборно соочување, кое може да се случи релативно брзо. Ремонтот на партијата мора да биде целосен и без исклучоци, бидејќи следниот Премиер ќе…
Четири бараки спроти Средното техничко училиште во Гостивар изгореа до темел. За среќа , освен материјална штета нема човечки жртви во несреќата или повредени. Осумте семејства кои живееле во бараките сега се без покрив над главата. Пожарот прво се појавил во 5 часот утрово во една од бараките но набрзо се раширил низ сите четири објекти. Институциите работат на расветлување на случајот и на причините што довеле до пожарот.
Поранешниот бугарски премиер и лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов го обвини претседателот и кандидат за втор мандат Румен Радев, дека само за една недела успеал да ја скара Бугарија со нејзините соседи. Од најомилената земја на Балканот, според Борисов, Бугарија сега е скарана со сите соседи и се мрази со Северна Македонија и со Албанија, се мрази со Турција и постои реална закана од етнички конфликт и закана од илегални мигранти. Борисов истакна дека е срамно Радев да оди на средбите на врвот на НАТО, да ја раководи иницијативата „Три мориња“ и да кажува потоа, дека Крим и припаѓа на Русија. Борисов…
Полагањето за сертификати на возачи преку електронскиот систем ќе почне многу наскоро, би рекол во текот на наредните денови. Се подготвуваат сите последни детали во фирмата која е одбрана да го спроведува преку електронски систем, во делот на просторните услови и можностите кои треба да бидат предвидени согласно законот, најави денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. Како што посочи во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Владата, во текот на наредните денови ќе бидат повикувани сите транспортни компании со нивните вработени возачи да пристапат кон можноста да полагаат. -Верувам дека за неколку недели овој проблем ќе биде…
Промените овде во Охрид започнуваат со многу проекти и сериозна динамика во реализацијата на активности оние кои што беа започнати, но и оние кои што сега ќе започнат а беа дел од ветувањата на програмата на Кирил Пецаков. Тоа што за нас е важно е ветувањата кои што ги дадовме пред охриѓани, но и пред граѓаните во Македонија да ги реализираме и исполниме, да создадеме нова иднина што всушност беше и нашата главна порака на овие избори, да покажеме дека не се сите исти, изјави при денешната посета на Охрид претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и промоција на како што…
Владата предводена од Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија е најдобрата опција за стабилност и сигурност кај земјоделците. СДСМ е партија на добри вести, за разлика од опозицијата, која е извор на лажни вести. Сакаме да ја информираме јавноста дека Владата на Република Северна Македонија преку Генералниот секретаријат започна со исплатата на финансиската поддршка за тутунарите во рамки на пакетот поддршка за намалување на последиците предизвикани од КОВИД-19 и на сметките на производителите на тутун веќе почнаа да стигнуваат парите за откупените количини. Над 19.000 тутунари, наши сограѓани, добиваат поддршка со вкупна вредност од 300 милиони денари. Се работи за поддршка од…
Денешното пукање врз цивили е втор напад во Ерусалим за четири дена, а се случил во близина на џамијата Ал Акса . Двајца цивили се тешко повредени во нападот, од кои едниот им подлегнал на повредите во болница. Во нападот се повредени и двајца полицајци но полесно. Омер Барлев, израелскиот министер за јавна безбедност, рече дека напаѓачот бил член на Хамас и дека набрзо е убиен. Израелскиот премиер Нафтали Бенет нареди зајакнување на безбедносните мерки во Ерусалим по денешниот напад. „Во вакво утро, може да се добие утеха во британската одлука да го означи Хамас – вклучително и неговото таканаречено…
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден на територијата на државата санкционирало 491 возач поради возење со брзина поголема од дозволената. Како што соопшти МВР, од нив 90 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 15 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 195 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 296 надвор од населено место. -Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.
Од 1 октомври наваму павилјонот на Северна Македонија на Дубаи Експо 2020 го посетиле преку 50.000 посетители. На најголемиот светскиот настан за оваа година земјата се претставува со слоганот „Дом на секој чекор“, а под мотото „Нови можности”. Деновиве на Дубаи Експо е мошне раздвижено, и покрај ковид пандемијата и строгите мерки за влез во Обединетите Арапски Емирати, многу туристи и посетители одат да ги видат павилјоните на земјите претставени на овој настан што се одржува еднаш на десет години и на којшто се презентираат иновативни идеи за технолошки развој, одржливост, бизнис можности, културни и традиоционални вредности, пренесува известувачот на…
Значителен број од пациентите по прележан Ковид19 имаат потреба од физикална рехабилитација поради намалена физичка кондиција, отежнато дишење, продолжена болка, депресија, вознемиреност и намален квалитет на живот, истакна асс. д-р Билјана Калчовска од Универзитетската клиника за физикална медицина и рехабилитација во неделната онлајн дискусија која ја организираше Лекарската комора на тема „Рехабилитација на пациенти по прележан Ковид19“. Настанот и оваа недела го модерираше претседателот на Лекарската комора, проф. д-р Калина Гривчева Старделова која истакна дека пост-ковид компликации се јавуваат на различни системи на човечкиот организам и дека тие бараат понатамошен стручен третман и лекување. Асс. д-р Калчовска објасни дека рехабилитацискиот…
Буџетот на Министерството за транспорт и врски за 2022 година е проектиран на 11,865 милијарди денари, од кои 10,885 милијарди денари се за капитални инвестиции или околу 91,7 отсто. Таргетот што се сака да се постигне со овие средства е да се обезбеди високо ниво на реализација на проектите од патната и комуналната инфраструктура, натаму од гасната област и железницата, изјави Бочварски во рамките на денешната прес конференција. Силна заложба , рече Бочварски е да не се дозволи да забават активностите на пан-европските коридори. – Капитален проект на кој ќе посветиме големо внимание е изградба на железницата кон Бугарија. Силен…
Потврдувајќи дека во Буџетот за наредната година предвидени се средства за брзиот автобуски превоз во износ од 246 милиони денари, и дека проектот кој го почна претходниот градоначалник Петре Шилегов е веќе во тендерска постапка, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски ја повика градоначалничката на Скопје Данела Арсовска да ги преиспита најавите за откажување од проектот. – Би сакал да потенцирам дека тендерската постапка за овој проект е во тек и сакам да го упатам апелот до Град Скопје да ги преиспита најавите за откажување на овој проект“, рече Бочварски. Од друга страна пак, скопската градоначалничка кажа дека за…