Промените овде во Охрид започнуваат со многу проекти и сериозна динамика во реализацијата на активности оние кои што беа започнати, но и оние кои што сега ќе започнат а беа дел од ветувањата на програмата на Кирил Пецаков.

Тоа што за нас е важно е ветувањата кои што ги дадовме пред охриѓани, но и пред граѓаните во Македонија да ги реализираме и исполниме, да создадеме нова иднина што всушност беше и нашата главна порака на овие избори, да покажеме дека не се сите исти, изјави при денешната посета на Охрид  претседателот на ВМРО-ДПМНЕ,  Христијан Мицкоски и промоција на како што велат од партијата ново булеварско решение.

Денеска Христијан Мицкоски повторно промовираше проект оставен од претходните градоначалници од редовите на СДСМ. Проектот во Охрид на кој денеска Мицкоски како партиски лидер учествуваше е проект изработен од претходната општинска администрација предводена од Константин Георгиевски и СДСМ, со поддршка од Министерството за транспорт и врски, реагираат од СДСМ. 

Мицкоски со неговите увиди врши груба партизација на општините. Во кое својство Мицкоски врши увиди па дури и разговара со директори на Јавни претпријатија под надлежност на општините?
Дали Државната комисија за спречување на корупцијата, ќе реагира за оваа злоупотреба или чека некој друг да поднесе претставка?
Мицкоски со ваквите постапки само докажува дека не е излезен од режимската матрица, од времето кога лидерот на ВМРО-ДПМНЕ беше и премиер и министер и градоначалник.  Ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски е само копија на неговиот ментор и криминалец во бегство, Никола Груевски, се наведува во писмената реакција-соопштение на Социјалдемократите.