Author: Mirjana

Она што се случуваше синоќа на протестите во Ротердам, Холандија  не се опишува со зборови. Полицијата мораше да го активира военото оружје. Стотици демонстранти се собраа поради воведувањето на ковид-потврдите и забраната за огномет за време на новогодишната ноќ. Холандската полиција рани најмалку две лица во безредијата кои избувнаа во Ротердам поради новите епидемиолошки мерки. Демонстрантите најнапред фрлаа на полицијата со камења и со пиротехника, а запалија и полициски возила, по што полицајците испукаа предупредувачки истрели од огнено оружје. Холандија во минатата недела поради растот на бројката новозаразени воведе делумен локдаун, кој ќе биде во сила 3 недели https://www.youtube.com/watch?v=_hp6Gw-pzDA https://www.youtube.com/watch?v=vuhP6SzDJNw

Read More

Американскиот претседател Џо Бајден вчера, поради задолжителни медицински истражувања, неколку часа беше попречен да ги извршува своите претседателски овластувања, и командата со армијата и шифрите од нуклеарниот арсенал привремено да и ги препушти на својата потпретседателка Камала Харис. Претседателот Бајден, на еден ден пред својот 79-ти роденден, беше подложен на рутински колоноскопски преглед, во Медицинскиот центар „Волтер Рид“, во близина на Вашингтон, што според Белата куќа, поминал во најдобар ред. Деталите за здравствената состојба на најстариот американски претседател во нејзината историја дополнително ќе бидат објавени, соопшти Белата куќа. „Како што тоа веќе беше случај во минатото, кога претседателот Џорџ Буш…

Read More

„А1 лизгалиште“ денеска ја започнува новата сезона, информираат од Спортскиот центар „Борис Трајковски“. – Избегнете ги гужвите во затворен простор и дојдете на единственото место за забава и релаксација на мраз за целото семејство. Подгответе се за нови зимски лудории, стои во соопштението од СЦ „Борис Трајковски“.

Read More

Повозрасните членови од потесното семејство, а не мајката и таткото, се оние со кои најчесто си играат децата, покажуваат податоците што Државниот завод за статистика ги објави по повод 20 Ноември -Светскиот ден на детето. Според објавените податоци, 32 проценти од децата најмногу играат со таткото, 73 проценти со мајката, а 88 проценти играат со друг повозрасен член на потесното семејство. Најголем процент од децата или 94 проценти играат со индустриски произведени играчки кои се купени од продавница, додека само мал процент (14 проценти) играат со домашно изработени играчки. Високи 60 проценти од децата наместо со играчки, си играат со…

Read More

Светскиот ден на детето првпат во 1954 година беше прогласен за Универзален ден на детето и се слави на 20-ти ноември секоја година за да се промовира меѓународното заедништво, потребата од заштита на правата на децата и подобрувањето на нивната благосостојба. Прва детска амбасада во светот Меѓаши, Светскиот ден на детето ќе го прослави отстапувајќи простор на децата самите да се застапуваат за своите права. За таа цел, преку онлајн конференција на платформата „Зум“, со почеток од 11 часот, Меѓаши ги поканува медиумите да ги отворат нивните камери, пера и срца и да го почитуваат мислењето на децата и она…

Read More

Разговорите за влез на Алтернатива во Владата викендов се префрлаат на внатрепартиско ниво – во СДСМ, Алтернатива и останатите коалициони партнери, откако премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев и претседателот на Алтернатива Африм Гаши по вчерашната неколкучасовната средба во Клубот на пратениците рекоа дека конечните одлуки ќе ги донесат во органите на двете партии, и оти разговорите продолжуваат наредната седмица. Заев, по синоќешната средбата со Гаши, рече дека ќе побара од органите на партијата во вторник да биде свикан Централниот и Извршниот одбор за да се констатира неговата оставка и да почне постапката за избор на нов лидер. Идниот…

Read More

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица, е…

Read More

Времето денеска претпладне ќе биде умерено до значително облачно, а попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7, а максималната од 11 до 18 степени. Во Скопје, рано наутро ќе биде облачно, а веќе до пладне облачноста ќе се намали и попладне ќе биде сончево. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 15 степени. Во недела утрото ќе биде постудено, а преку денот ќе преовладува сончево…

Read More

Претседателот Стево Пендаровски и претседателот Анджеј Дуда, денеска се обратија на отворањето на полско-македонскиот деловен форум, кој се одржа во хотел Мериот, во Скопје. На форумот, во присуство на двајцата претседатели беше потпишан меморандум за разбирање меѓу Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Северна Македонија и Полската агенција за инвестиции и трговија. Чест ми е да ве поздравам на овој деловен форум. Тука со председателот Дуда сме дојдени заедно со една единствена цел – да ја поддржиме економската соработка меѓу македонските и полските компании, рече претседателот Стево Пендаровски. Со Полска и полскиот народ имаме традиционално добри…

Read More

Во рамки на официјалната посета на претседателот на Република Полска, Анджеј Дуда, на Република Северна Македонија, денеска претседателот Пендаровски и претседателот Дуда положија венци на гробот на Гоце Делчев, во црквата Св. Спас во Скопје. Претходно, претседателот Стево Пендаровски, во претседателскиот кабинет, на официјална церемонија со највисоки државни и воени почести го пречека претседателот Дуда, а по одржаната тет-а-тет средба и пленарниот состанок на официјалните делегации на Република Северна Македонија и Република Полска, претседателите имаа заедничка прес-конференција.

Read More

Во првото тримесечје од 2021 година, од вкупното население на возраст од 15 до 74 години, интернет користеле 86.4 %, а 80.5 % го користеле секој ден или речиси секој ден, соопшти Државниот завод за статистика. Од оние што користеле интернет 86,4 %  од популацијата, мажите биле застапени со 87.8 %, а од женската популација интернет користат 85,1% .  Од 15 до 24 годишна возраст ја сочинуваат најбројната група по возраст на корисници на интернет и нивниот процент е 99.5 %. 95.9 % е бројот на корисници од возрасната група меѓу 25 и 54 години. Во групата корисници на интернет…

Read More

Просечната плата континуирано расте. Во септември 2021 година, просечната исплатена нето-плата по вработен изнесува 28.869 денари, што е за 5,3% повеќе во однос на истиот месец минатата година, кога изнесувала 27.405 денари. Согласно Државниот завод за статистика, ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Информации и комуникации (13,2%), Рударство и вадење на камен (12,8%) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (12,5%). Економските мерки и политики што ги спроведува Владата за раст на просечната и на минималната плата даваат резултат. Според трендот и реалните очекувања, просечната плата планираме…

Read More