Она што се случуваше синоќа на протестите во Ротердам, Холандија  не се опишува со зборови. Полицијата мораше да го активира военото оружје.

Стотици демонстранти се собраа поради воведувањето на ковид-потврдите и забраната за огномет за време на новогодишната ноќ. Холандската полиција рани најмалку две лица во безредијата кои избувнаа во Ротердам поради новите епидемиолошки мерки. Демонстрантите најнапред фрлаа на полицијата со камења и со пиротехника, а запалија и полициски возила, по што полицајците испукаа предупредувачки истрели од огнено оружје.

Холандија во минатата недела поради растот на бројката новозаразени воведе делумен локдаун, кој ќе биде во сила 3 недели