Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Mirjana
Со цел транспарентно информирање на јавноста, Владата на Република Северна Македонија денеска на официјалната веб страна интегрално го објави предлогот на француското претседателство кој може да се преземе на следниот линк: На македонски јазик: Министерски состанок на меѓувладината конференција за завршување на отворањето на преговорите за пристапување на Северна Македонија во Европската Унија – Општ став на ЕУ Предлог заклучоци на ЕУ Заеднички став на ЕУ На англиски јазик: Ministerial meeting of the intergovernmental conference – Completing the opening of the negotiations on the accession of North Macedonia to the European Union – General EU Position [англиска верзија] Draft Council…
Европскиот суд за човекови права донесе пресуда против Грција во случајот со потонувањето на брод со мигранти во Егејското Море во 2014 година, јавува Анадолија. Случајот „Сафи и другите против Грција“ беше изнесен пред Европскиот суд за човекови права во јануари 2015 година, една година откако 11 од 27-те мигранти се удавија кога нивниот брод потона во водите на Егејското Море кај островот Фармаконисија. „Судот утврди дека има пропусти во постапката и заклучи дека државните органи не спровеле темелна и ефикасна истрага која би можела да ги расветли околностите во кои потонал бродот“, се наведува во образложението на пресудата.
Пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Антонио Милошоски ги изнесе 6-те забелешки на неговата партија кон францускиот предлог. Во двата документи кои што досега се достапни во јавноста, едниот е општиот став на ЕУ или т.н. преговарачка рамка, во тој документ имаме две забелешки, а тоа е во точката 3 зборовите „ЕУ ги зема во предвид соодветните еднострани декларации на Бугарија и Македонија за македонски јазик“ да се избришат и да стои дека законодавството на ЕУ се преведува само на македонски јазик. И да нема никакви дополнителни декларации кои што би го обременувале јазикот или би го толкувале бидејќи ниедна трета држава…
Настанот се случил денеска претпладне на сточниот пазар во Гостивар. При симнување од камион, бикот го нападнал својот 82 – годишен стопан, се наведува во билтенот од тетовската полиција кај која случајот бил пријавен во 9 часот утрово. 82 – годишниот сопственик со иницијали Љ.С. од гостиварското село Врбен им подлегнал на тешките телесни повреди констатирани во гостиварската Општа болница „ Ферид Мурад“. Јавен обвинител и екипа од одделението за внатрешни работи Гостивар извршиле увид на местото на настанот, а телото, по извршениот медицински преглед, било предадено на семејството.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 5,021%, кај дизелот за 4,102%, кај екстра лесното масло за 4,591% и кај мазутот за 3,082%.Врз основа на што Регулаторната комисија ги корегира малопродажните цени на горивата споредбено со вчерашната одлука. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 3,00 ден/лит, додека малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 2,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 1,085 ден/кг и сега ќе изнесува…
„Повторно Северна Македонија се наоѓа пред клучен момент од својата историја, пишува во пораката на францускиот претседател која ја објави амбасадата на Франција во земјава. Седумнаесет години по добивањето кандидатски статус, штотуку се отвора историска можност: влегување во активна фаза на процесот за пристапување кон Европската Унија. Изборот е ваш. Вие, македонски народe, уште од стекнувањето на независноста покажавте голема политичка храброст и мудрост. Во 2001 година го склучивте Охридскиот рамковен договор, симбол на возможен успех на едно мултиетничко општество. 18 години подоцна успеавте да најдете сили да го потпишете Преспанскиот договор и станавте триесеттиот сојузник на НАТО. Ја заслуживте…
Милион муслимански верници од целиот свет се собраа денеска во светиот град Мека, во Саудиска Арабија, за да ги извршат почетните обреди на хаџ, откако пандемијата на корона вирусот значително го ограничи пристапот до едно од најголемите муслимански светилишта во последните две години. Оваа година хаџ е дозволен за еден милион странски и домашни аџии кои се целосно вакцинирани против корона вирусот, негативни на Ковид-19 и се на возраст меѓу 18 и 65 години, пренесува Асошиејтед Прес. Властите проценуваат дека 85 отсто од верниците кои пристигнале во Мека се од странство.
Светската здравствена организација (СЗО) денеска објави два нови смртни случаи од мајмунски сипаници, со што вкупниот број од почетокот на годината се искачи на три и нагласи дека болеста се проширила во нови области. Според соопштението на СЗО, бројот на случаи на мајмунски сипаници е зголемен за 77 отсто од последниот извештај, на 6.027, а повеќето од нив се регистрирани во европскиот регион, пренесува Ројтерс. СЗО повторно ќе свика состанок на комитетот кој најверојатно ќе предложи глобалната здравствена состојба да се прогласи за епидемија.
Утре во текот на денот под влијание на влажен бран, најпрвин во западните, а во текот на ноќта и во сабота претпладне и во останатите подрачја ќе има врнежи од дожд, кои на места ќе бидат обилни, од 10 до 20 литри на метар квадратен, најавуваат од УХМР. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силни електрични празнења, интензивен пороен дожд, над 35 литри на метар квадратен, град и силен ветер од над 60 километри на час на час. Температурата ќе биде во опаѓање. Од Управата за хидрометеоролошки работи најавуваат и дека од недела следува стабилно и потопло…
Расте бројот на заразени од Ковид-19, од вчера до денеска стотина нови случаи, има и 2 починати лица
Од направени 1.129 тестови последново деноноќие, регистрирани се нови 355 случаи на КОВИД-19. И натаму македонската метропола со најголем број новозаразени на дневна основа, по што се Охрид и Битола. Изразено во бројки, сликата е следна: Скопје – 156, Охрид – 32, Битола – 29, Кавадарци – 28, Куманово – 19, Велес – 18, Прилеп – 10, Тетово – 9, Струмица и Кочани – по 6, Гостивар – 5, Штип, Гевгелија, Неготино, Радовиш и Валандово – по 4, Струга – 3, Крива Паланка, Делчево, Дебар, Пробиштип, Богданци и Кратово – по 2, Ресен и Свети Николе – по 1. Од…
Во врска со извршено кривично дело „учество во толпа што ќе изврши кривично дело”, по чл. 385 од Кривичниот законик, сторено на 05.07.2022 година за време на граѓански собир пред Собранието на РСМ, при што беа повредени 47 полициски службеници и извршено е оштетување на зградата на Собранието на РСМ, зградата на Владата, Министерството за надворешни работи, како и полициска куќарка, полициско возило и разни видови полициска опрема, од слобода беа лишени најпрво 11 лица, а по утврдување на идентитетот, дополнително уште 4 лица, или вкупно 15 приведени лица, од кои три малолетни. Од страна на полициски службеници од Единицата…
Првиот Вицепремиер за политички систем Артан Груби денеска најави дека уште денеска е можно Владата да го проследи до Собранието францускиот предлог, заедно со билатералниот протокол со Бугарија и другите документи. Така што Собранието ќе одлучува за францускиот предлог по што со одлука каква и да е таа, натаму ќе ја задолжи Владата за следните активности и одговорот што треба да го испорача на ЕУ. Непотврдени информации говорат дека за денеска во 11 часот Владата закажала затворена седница која треба да резултира со одлука, до Собранието да се препрати предлог преговарачката рамка со сите документи на разгледување. Има можност да…