Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Mirjana
Вкупно 324 активни поштенски единици на Пошта на РСМ со 470 шалтерски места им стојат на располагање на граѓаните за реализирање на сите безготовински и плаќања во готово, вклучително и за плаќање на сметки за комунални услуги. Овие услуги во единиците на Пошта се достапни преку платниот промет на Халкбанк АД Скопје. -Отсега на шалтерите на Пошта можат да се плаќаат сметки за електрична енергија од ЕВН Македонија, сметките од БЕГ за испорачана топлинска енергија, за потрошена вода преку ЈП Водовод и канализација-Скопје, како и сметки од речиси сите јавни комунални претпријатија во земјава. Дополнително, овоможено е плаќањето на сметките…
Не се случува тоа често, но јавноста понекогаш добива можност да дознае што навистина мислат светските големци еден за друг. „Политико“ ги разгледува случаите што се појавија на насловните страници, сведочејќи дека светската елита не е имуна на озборувањето „зад грб“, но пред несреќно вклучен микофон… Елизабета Втора: Овие луѓе „не прават ништо“ за климата Во четвртокот, британската кралица Елизабета Втора беше фатена како зборува за светските лидери кои зборуваат, но не дејствуваат за климатските промени. – Слушнав сѐ за ЦОП. Сѐ уште не знам кој ќе дојде. Немам идеја. Навистина е досадно кога зборуваат, но не прават ништо!, прокоментира…
Министрите за надворешни работи од земјите-членки на ЕУ денеска во Луксембург ќе разговараат за односите со Западен Балкан, во контекст на средбата помеѓу високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел и лидерите од регионот во ОН. Според српската агенција Бета тие „ќе разговараат и за ситуацијата во северно Косово“, се наведува во подготвителната документ од седницата. Според извори на Советот на министри на ЕУ во Брисел, Борел треба да ги информира министрите за надворешни работи од Унијата за ситуацијата на Западен Балкан и пораките што ги добил од лидерите на регионот, вклучувајќи го и неодамнешниот самит ЕУ-Западен Балкан…
По преброени повеќе од половина од гласачките ливчиња, резултатите укажуваат дека во Косово се избрани градоначалници на 19 општини уште во првиот круг, пишува Коссев. Од досега објавените резултати на веб -страницата на Централната изборна комисија, Дечани, Качаник, Јужна Митровица, Лепосавиќ, Липљан, Ново Брдо, Обилиќ, Пеќ, Србица, Штрпце, Сува Река, Урошевац, Зубин Поток, Звечан, Генерал Јанковиќи, Ранилуг, Партеш и Северна Митровица ќе го решат прашањето за градоначалникот, пренесува Коссев, повикувајќи се на Газета експрес. Од 19 општини во кои, според досегашните резултати, нема да има втор круг, Самоопределување не победи во ниту една од нив. Според резултатите во општините каде…
Доцна вечерва претседателот на СДСМ , Зоран Заев на прес конференција им се заблагодари и им честита на граѓаните и на сите што гласаа или не гласаа за нивните кандидати, за високото ниво на демократска и европска свест.- -СДСМ и коалицијата победуваат во прв круг или имаат сериозно водство пред ВМРО-ДПМНЕ во 36 општини и секако во Град Скопје.“ кажа премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заева. Тој додаде дека во општините каде што има втор круг, кандидатите на СДСМ и коалицијата имаат загубено голем број на гласови кај коалиционите партнери кои во првиот круг настапуваа самостојно. -Коалицијата на прогресот…
Со разлика од над 10.000 гласови, актуелниот градоначалник на Кавадарци, Митко Јанчев, е победник уште во првиот круг од изборите за неговата општина. Јанчев и на овие избори настапуваше како кандидатг на ВМРО-ДПМНЕ, и повторно ја доби довербата и освои мандат од нови четири години.= од своите сограѓани. Противкандидатот на Јанчев освои 5.000 гласови..
Победивме, успеавме и пуштивме порака до сите како може да се води кампања и да се победат избори со над 4.000 гласа разлика, без при тоа да се спомне опозицијата и противкандидатот, бидејќи на крајот треба и ним да им служиме, изјави вечерва Костадин Костадинов кандидатот за градоначалник на Струмица. Костадинов изјави дека води пред противкандидатот со над 4.000 гласа од преброените над 80% од гласовите и со тоа е победник на локалната трка за Струмица. -Оваа огромна поддршка значи и огромна одговорност, значи да се биде отворен, комуникативен, од градоначалникот до последната функција во рамки на Општина Струмица. Ова…
Почитувани граѓани, Уште еднаш, огромна благодарност за сите вас кои излеговте да гласате и кои ја направивте македонската демократија да биде европска, така како што ни личи. Најдоброто доаѓа од СДСМ и коалицијата и е подобро од ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ победува во Скопје. Петре Шилегов ќе биде новиот градоначалник бидејќи води уште во прв круг пред Данела Арсовска. Покрај Град Скопје, СДСМ победува уште во првиот изборен круг или води и влегува со водство во втор круг во најмалку 25 општини и повеќе општини, и тоа: Струмица, Крива Паланка, Делчево,Крушево, Ресен, Дојран, Валандово, Богданци, Берово, Кривогаштани, Кочани, Карпош ,Центар, Пробиштип, Шуто…
Во очекување Државната изборна комисија да ги соопшти првичните резултати од пребројувањето на гласовите , партиските штабови на четирите најголеми партии во македонскиот односно блокот на партиите на албанците во земјава. наголемо лиферуваат информации за победа во одредени општини или за предност наспроти опонентот. Покрај ова, пред седиштето на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ„ загрмеа“ зурли и тапани веројатно со оваа и ваква иконографија, партијата праќа порака до членството, симпатизерите и до јавноста, дека добро поминала во првиот круг од локалните избори. Додека пред седиштето на СДСМ состојбата е поразлична . Официјалните резултати не се соопштени сеуште од страна на ДИК кои…
Петре Шилегов води пред Данела во Скопје. СДСМ очекува победа со разлика од 10 илјади гласа. СДСМ води и во Шуто Оризари, Центар, Карпош и Бутел.
Актуелниот градоначалник на Гостивар Арбен Таравари во изјава за Телма соопшти дека по преброените гласови во 90 проценти од избирачките места победил уште во првиот круг, со освоени 53 отсто гласови, односно со разлика од околу 3.000 гласови,во корист на него. Тој го обвини својот опонент Невзат Бејта и неговата партија ДУИ дека се обидуваат да манипулираат со записниците за да издејствуваат втор круг. Ова се првични неофицијални резултати чиј извор се партиските штабови.
Од изборниот штаб на СДСМ, од досега преброените гласови победа во прв круг партијата има и во Делчево а дека е во убедливо водството во Берово, Карпош, Пробишип, Богданци, Центар и Пехчево. Претходно потпретседателот на партијата Фатмир Битиќи соопшти дека е извојувана победа во првиот круг во општините Дојран, Крива Паланка, Лозово и Валандово. Веќе имаме сериозно водство во Бутел, Ресен, Крушево, Струмица и уште неколку други општини, изјави Битиќи. Секако ова се првични и неофицијални резултати чии извор се партиските изборни штабови.