Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Mirjana
Денеска навистина имавме демократски избори, едни од подобрите организирани избори и тоа е важно за сите затоа што сметам дека само така ги враќаме демократските вредности таму каде што треба да бидат и граѓаните веруваат конечно во институциите, рече потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи на Телма телевизија. -За резултати се уште е рано, но првичните информации се дека веќе во прв круг најверојатно би добиле четири општини. Првичните информации се до сега изброени гласови, а општините се Дојран, Крива Паланка, Лозово и Валандово. Веќе имаме сериозно водство во Бутел, Ресен, Крушево, Струмица и уште неколку други општини, изјави Битиќи. Тој…
ВМРО-ДПМНЕ во водство во сите скопски општини, имаме сигурни градоначалници во Јегуновце, Градско, Сопиште и Могила, изјави партискиот портпарол Арсовски . Водство во Свети Николе и Прилеп, говореле првичните неофицијални резултати, пренесе партискиот портпарол. Порпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски, денеска кажа дека во четири општини опозицијата има веќе градоначалници, додека во сите скопски општини имаат водство, но не прецизира кои.
Според најновите податоци на Централна изборна комисија (ЦИК) на денешните локални избори гласале 42, 85 проценти од граѓаните со право на глас, а најголема излезност е регистрирана во српските средини. Во Малишево уапсени се две лица, набљудувач и член на изборната комисија поради купување на гласови. На приведените одреден им е притвор од 48 часа. Во 19 часот беа затворени гласачките места. На изборите учествуваа 32 политички партии, 33 граѓански иницијативи, една предизборна коалиција и 23 независни кандидати. За градоначалници на 38 општини се натпреваруваа 166 кандидати, а за општински советници во Косово се кандидираа 5.198 лица
На денешната попладневна конференција за медиумите организирана од Државната изборна комисија, Претседателот на ДИК Александар Даштевски имаше непрофесионален и омаловажувачки однос кон дел од новинарите во делот кога се обидуваше да одговара на новинарските прашања. На новинарско прашање од страна на новинарка во врска со најавата за продолжување на рокот за гласање после 19 часот како и за најавата за продолжување на медиумскиот молк тој наместо да одговори конкретно имаше вербална расправа со колешката. Имено Даштевски пропушти да даде конкретен одговор и истовремено се интересираше колешката од која телевизија е по што и се обрати со зборовите: „треба да се…
Во Косово се затворени избирачките места на кои 1.885.448 граѓани гласаа за градоначалници и 1.002 советници во 38 општини. Бурим Ахмети од Централната изборна комисија на Косово (ЦИК) изјави дека се е подготвено да пребројување на гласовите. На изборите учествуваа 32 политички партии, 33 граѓански иницијативи, една предизборна коалиција и 23 независни кандидати. За градоначалници на 38 општини се натпреваруваа 166 кандидати, а за општински советници во Косово се кандидираа 5.198 лица. Гласачките места беа отворени од седум до 19 часот. Изборите ги следеа повеќе од 25.000 набљудувачи од политичките партии, иницијативи, коалиции и претставници на независни кандидати, граѓанското општество, медиумите, како и претставници на дипломатските…
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ , Миле Лефков во рамките на првата прес конференција по завршувањето на изборниот молк, им заблагодари на сите граѓани што излегле да гласаат , независно за кого гласале, зашто биле сигурни дека во вториот круг од изборите ,ќе гласале за нив. Лефков рече дека на оваа прес конференција нема да говори за добиени гласови, но спомена за тоа дека овој политички субјект имал евидентирано заплашувања, уцени, притисоци, нерегуларности, бугарски воз, полнење на кутии конкретно во Сарај за што имале поднесено и приговор. Имаме отворени сомневања за поткуп во Прилеп, Велес, Битола, Делчево, Демир Капија, Неготино, Охрид, во…
Феномен без преседан, вака се коментира последното невреме што ги зафати јужните делови на Грција во кое се претпоставува дека паднале над 75 милиони тони вода во областа на Атика и островите Евиа и Илија. Ова се проценки на професорот Ефтимиос Лекас- стручњак по геологија и управување со природни катастрофи на атинскиот универзитет. Професорот Лекас за телевизискиот канал Скај истакнал дека количеството на дожд кој паднал за време на невремето во кое загинаа две лица, е феномен без преседан што се граничи со екстремен, пренесува Катимерини. „ Атика е претежно урбанизирано подрачје. Со оглед на тоа , водата тече површински…
Се појавил проблем на едно избирачко место во општина Росоман, во село Трстеник, не работел апаратот и бил заменет со нов. Таму гласањето ќе се продолжи за еден час и 50 минути. Ова го потврди за МИА, Ѓорѓи Крстевски, претседател на Општинска изборна комисија. До девет часот, во општината Росоман гласале 3,7 проценти од избирачите. Во Росоман се бира меѓу тројца кандидати за градоначалник, како и за шест советнички листи. Во избирачкиот список има регистрирано 3 341 лице со право на глас. Се гласа на десет избирачки места.
По немилите настани од пред неколку дена, граѓаните на северно Косово во српските заедници, барем според почетокот на изборниот ден, масовно излегуваат на едно од 23-те избирачки места , кои се распоредени во 7 избирачки центри во Северна Митровица. Сите избирачки места се отворени навреме во 07 часот, соопштуваат за порталот „Косово онлајн“ од општинската изборна комисија. Граѓаните на Северна Митровица денеска со својот глас одлучуваат дали со градот и натаму ќе раководи актуелниот градоначалник Милан Радојевиќ кој се наоѓа на Српската листа ,или поддршката ќе му ја дадат на Ерден Атиќ , член на Самоопределување , кој на овие…
НоваТВ ги покани на интервјуа, кандидатите за градоначалници на скопските општини и Градот Скопје, од сите поголеми партии и независни листи. Оние што досега одговорија позитивно на нашата покана, интервјуата ги емитуваме по редослед на одговарање. Воден од мотивот подобри услови за живот за најмладите, подобра иднина, како и достоинствена сегашност за повозрасните, одлучив повторно да се кандидирам за градоначалник на Општина Сарај, вели во интервју за НоваТВ , актуелниот градоначалник и кандидат за уште еден мандат, Блерим Беџети. Се обрзувам дека ќе работам и повеќе и подобро со цел подобар животен стандард на граѓаните на нашата општина. Вели, тешко…
Бугарската национална телевизија во пладневните вести денеска објави информација од својот новинар Николај Минков кого го вклучи директно во вестите од, како што самиот се лоцира, околината на Кавадарци. Во репортажата од терен, Минков вели дека на ова подрачје не сретнале никаде гробишта на кои биле погребани бугарски партизани од првата светска војна а уште помалку пак тие да биле осквернавени како што деновиве изјави бугарскиот претседател Румен Радев. Новинарот, Минков во својата репортажа пушти и двајца граѓани од Кавадарци Ацо Темков и поранешен директор на Историскиот музеј Петар Камчев кој 37 години работел во оваа установа. И двајцата зборуваат…
Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на работната посета на Кралството Шведска, денеска во Стокхолм оствари средба со министерката за надворешни работи на Кралството Шведска, Анн Линде. Претседателот Пендаровски изрази очекување дека ќе продолжи политиката на проширување на Европската Унија кон Западен Балкан, истакнувајќи дека случајот на Северна Македонија е тест за кредибилноста на процесот. Во тој контекст, претседателот Пендаровски истакна дека очекува Шведска да вложи натамошни напори за задржување на прашањето на проширувањето на агендата на Унијата, како и да го поддржи ставот дека билатералните прашања не треба да бидат пречка за интегративниот процес. Во таа насока, претседателот Пендаровски на…