Author: Mirjana

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, заедно со владина делегација со заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи, со министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, како и со бројни граѓани од Прилеп и од другите градови од државата, со останатите делегации на државниот врв, на општествено-политичките организации, на Армијата, на борците, на дипломатскиот кор и на гостите од странство, на „Могилата на непобедените“, во Паркот на револуцијата во Прилеп, ги проследија содржините од празничната програма по повод 80-годишнината од Денот на народното востание – 11…

Read More

„Најголемиот и најсилниот камен темелник на нашата прва парламентарна држава е поставен од жртвите што ги даде слободарскиот Прилеп. Возвишено е чувството, денеска, на 11 октомври, да се биде овде“, се обрати на присутните потпретседателот на СДСМ, Венко Филипче. Тој упати благодарност до потомците на народните херои, загинатите семејства и учесниците во Народноолободителната војна, до сите прилепчани, но и до цел македонски народ и порача дека нашата „мирновременска“ борба не е завршена и сè уште не сме го исполните наследениот аманет до крај. „Нѐ чека макотрпна работа. Не смееме да чекаме судбината да ни биде иднина, туку мораме  храбро да…

Read More

По повод празникот 11 Октомври – Ден на народното востание, денеска во Кристалната сала на Собранието на Република Македонија, беше доделена државната награда „11 Октомври“. Одборот за доделување на државната награда, за животно дело во областа на науката и образованието наградата ја додели на филологот проф. д-р Атанас Вангелов. Во областа на културата и уметноста наградата беше доделена на академскиот сликар Павле Кузмановски, актерката Бедиа Бегова и политикологот Махим Несими. На конкурсот се пријавија околу 30-тина творци од сите области на живеењето, посочи Атанас Костовски, член на одборот. – Треба сите да си ја вршиме работата како што треба, навреме. Само така ќе се заблагодариме и ќе и се оддолжиме на…

Read More

Од Европската Комисија за МИА потврдија дека договорот за управување со границите помеѓу ЕУ и Северна Македонија останува блокиран од страна на Бугарија затоа што оваа земја не го признава македонскиот јазик, јавува дописничката на МИА од Брисел. Договорот со агенција на ЕУ, позната и како Фронтекс, е заглавен три години, Бугарија одбива да го потпише поради јазичната клаузула. Овој договор, потпишан со останатите земји од регионот, треба да и овозможи на ЕУ во случај на бегалска криза, на пример, да распореди свои полициски офицери на македонската граница, заедно со домашната полиција. Во услови на стравувања во Европската Унија поради…

Read More

Денес се регистрирани 111 нови лабораториски позитивни случаи на SARS CoV-2, пд направени 1529 тестови, со што вкупната бројка на дијагностицирани лица со КОВИД-19 изнесува 195.002, информираат од Министерството за здравство. Оздравени се 165 пациенти, во изминативе 24 часа а пријавени се 15 починати лица. Од новодијагностицираните во Скопје се 83, Прилеп – 6, Велес – 5, Кавдарци – 4, Куманово, Тетово, Битола и Крива Паланка – по 2, Гостивар, Штип, Струмица, Кочани и Гевгелија – по 1. Од  починатите 15 лица: 5 починати лица од Скопје (56г, 69г, 72г, 75г и 91г), по 2 починати лица од Кавадарци (64г…

Read More

Како што пишува Блиц, за големиот број гости на Самитот на Неврзаните во Белград, над сто делегации предводени од шефови на држави и на влади како и за над петстотините делегати, ангажирани се околу 6000 луѓе, 200 офицери за врска, 300 возачи, готвачи, келнери, 100 млади луѓе од угостителските училишта и уште 200 доброволци. Храната се готви според халал и хинду стандарди, а на гостите им е достапна и молитвена соба. Домаќини се Србија и Азербејџан, а во Белград присуствуваат рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, неговиот турски колега Мевлут Чавушоглу како и министрите за надворешни работи на Иран,…

Read More

Единаесет активисти на Левица со црни маици на кои беше одбележан нивниот партиски симбол, денеска со герила акција пред платото во меморијалниот комплекс „Могила на непобедените“ во Прилеп, го попречија проодот кон спомениците  на Свеченоста по повод јубилејот 80 години од Денот на народното востание – 11 Октомври, во рамките на која се полагаа венци и свежо цвеќе од страна на бројни делегации од земјава и странство. Тие дојдоа пред почетокот на свеченоста и останаа додека делегациите ги полагаа венците цвеќиња. Кога дојде на ред премиерот да полага цвеќе придружуван од министерката Шахпаска, еден од Герила акцијата рече дека не…

Read More

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов денеска од манифестацијата во главниот град честитајаќи им го на граѓаните Денот на народното востание – 11 Октомври истакна дека по цели 80 години се сеќаваме на храброста и одлучноста на нашите партизани и дека наша должност и обврска е да го зачуваме тоа сеќавање и да потсетуваме на нивниот идеал. – Сите ние сме одговорни, и како поединци, и како општество, да ја памтиме нивната жртва и да го негуваме нашето наследство од НОБ. Денес, благодарение на нашите партизани ние живееме во слободен град, во слободна татковина, рече Петре Шилегов на почетокот од…

Read More

Денес се поклонивме пред 462 имиња на паднати борци. Фашизмот му даде за право на посилниот брутално да владее со послабите, вака претседателот Стево Пендаровски го почна своето обраќање од Могилата на непобедените во Прилеп по повод чествувањето на Денот на востанието. -На 11-ти октомври 1941, борците на партизанскиот одред Гоце Делчев го означија почетокот на народното востание, како тогаш последна етапа на историскиот континуитет на борбата за слободна македонска држава, додаде Пендаровски. Децении асимилација кулминираа со фашистичка окупација. Востанието почна во најмачниот час од историјата. Сите партизански одреди носеа имиња на илинденците – непобитен доказ на континуитетот на борбата…

Read More

Кога се зборува за херојските подвизи на учесниците во Народното востание од 11 Октомври 1941 година, не може а да не се спомене името на Крсте Црвенкоски роден прилепчанец кој на 20 годишна возраст ја зел пушката во рака во борба против Фашистичкиот окупатор.Важи за еден од водечките македонски политичари и дисиденти од времето на комунизмот. Учесник е во НОБ и носител на орденот НАРОДЕН ХЕРОЈ и на ПАРТИЗАНСКА СПОМЕНИЦА 1941.Кон комунистичкото движење пристапува уште како ученик во гимназија, станувајќи член на СКОЈ во 1935 година, на 14 години. Во 1939 година е примен во членство на КПЈ и влегува…

Read More

НоваТВ ги покани на интервјуа, кандидатите за градоначалници на скопските општини и Градот Скопје, од сите поголеми партии и независни листи. Оние што досега одговорија позитивно на нашата покана, интервјуата ги емитуваме по редослед на одговарање. Актуелниот градоначалник на Ѓорче Петров, Александар Наумоски и овие локални избори се бори да остане на позицијата „општински татко“. Со сработеното за граѓаните на Ѓорче Петров и со плановите за наредниот 4-годишен мандат 5 капитални проекти и уште 200 други, смета дека е фаворит кај ѓорчепетровци да му ја дадат довербата за нов мандат. За себе вели е среќен човек покрај сопругата Васка и…

Read More

Младите мора да бидат вклучени во градењето политики со кои се обликува нивната иднина во спротивно ќе си заминат од регионот. Повеќе од потребна е конкретна акција и мобилизација – гласи пораката од 19та Меѓународна младинска конференција која се одржа во Крушево и на која над 70 млади луѓе од регионот споделуваа заеднички визии за тоа како да си го подобрат животот во своите земји и тука да ги пресликаат европските вредности наместо да си заминуваат надвор. Активно учество во креирањето на политиките и иднината, поголема меѓусебна соработка која ќе води кон регионална трансформација, напредна дигитализација, подобро вработување и заштита…

Read More