Author: Mirjana

Инспекторатот на Град Скопје, денеска на општина Кисела Вода и одговорното лице им изрече максимална казна во висина од 1800 евра поради бесправно исечено дрво на булеварот Борис Трајковски. Дрвото е исечено без дозвола и одобрение од Град Скопје. Заштитата на зеленилото е врвен приоритет во животната средина, а брзата реакција е потврда дека градските инспекциски служби се на висина на задачата и дека неказнивоста во Скопје повеќе нема да се толерира, се наведува во соопштението од Град Скопје.

Read More

НоваТВ ги покани на интервјуа, кандидатите за градоначалници на скопските општини и Градот Скопје, од сите поголеми партии и независни листи. Оние што досега одговорија позитивно на нашата покана, интервјуата ги емитуваме по редослед на одговарање. Стевчо Јакимовски повторно влезе во трка за градоначалничката позиција во Карпош, вели како кандидат на граѓаните на Карпош независно од нивната партиска провиниенција. Жали што општината живеела од донации а ги имала условите за сама да прибира средства. Приоритет му е изградба на 4 нови градинки и занимални во постоечките. Животно Мото му е „Искреност“. Сака народна, забавна,  староградска музика. За себе вели „готово…

Read More

НоваТВ ги покани на интервјуа, кандидатите за градоначалници на скопските општини и Градот Скопје, од сите поголеми партии и независни листи. Оние што одговорија позитивно на нашата покана, интервјуата ги емитуваме по редослед на одговарање. Душко Весковски е кандидат за градоначалник на Карпош, од СДСМ. Честа и задоволството да бидете на чело на општината во која сте растеле, живееле и се уште живеете е голема, вели тој. Четиригодишното директорување во „Водовод и Канализација“ смета е одлична основа за раководење и со општината, доколку ја добие поддршката од карпошани. Се радува на можноста Карпош да ја направи смарт општина и да…

Read More

НоваТВ ги покани на интервјуа, кандидатите за градоначалници на скопските општини и Градот Скопје, од сите поголеми партии од македонскиот и од албанскиот блок, и од редовите на независните. Серијалот интервјуа го почнуваме од денеска, редоследно според нивната реализација. Беким Сали е оженет и татко на три девојчиња. Стоматолог по професија, има сопствена ординација и бизнис со текстил. Во трката за градоначалник на Чаир влегува како предлог од Коалицијата Алијанса на Албанците & Алтернатива со поддршка на ВМРО-ДПМНЕ. Доволно е да си совесен граѓанин од Чаир и да се препознаеш себеси на која си страна, вели тој во интервјуто за…

Read More

Велат,  во политичка кампања се е можно и дозволиво но и проверливо.  Деновиве, Центар.мк. ја постави дилемата, дали и колку се искрени намерите на носителката на советничката листа на „Шанса за Центар“ Јана Белчева Андреевска за развој на општината или пак зад нејзината, како што вели, независна кандидатура стојат политичко-партиски интереси?! Поборникот за транспарентни ДУП-ови, Јана Белчева имала директна корист од спорен ДУП изгласан од советниците на ВМРО-ДПМНЕ за плац во Долно Водно, пишува Центар.мк. Иако ветува поголема транспарентност при носењето на ДУП-овите и ставање крај на урбанистичкиот хаос во општината, според информациите до коишто дојдовме,пишува Центар.мк,самата Белчева најверојатно ја има…

Read More

Од парализирани во долгови за 4 години општините се раздолжија и реализираа 7 илјади проекти. Долгови за струја, услуги, превоз, договори произлезени од договори со јавни и приватни фирми, камати…општините до пред само четири години беа жртви на недомаќинско работење и расипничко работење од страна на претходните градоначалници. Дури една третина од општините имаа акумулирано долг повисок од еден милион евра. Ваквата состојба ги парализираше локалните самоуправи, кои наместо да се фокусираат и грижат за подобрување на условите за живот на граѓаните, тие мораа да мачат мака со цел да исплатат плати на вработените во јавните претпријатија. Наместо проекти за…

Read More

Новите инвестициски циклуси креираат нови работни места и се важни за економскиот развој. Државата во консултација со деловната заедница и сите засегнати страни креира деловен амбиент за рамномерен регионален економски развој,напиша на својот фејсбук профил премиерот Зоран Заев, конкретно осврнувајќи се на словенечката фирма „ ТАБ МАК“ и нејзината нова инвестиција од 30 милиони евра.

Read More

Бараме надлежните институции да ги преземат сите законски мерки кои се во нивна надлежност и сторителот (сторителите) на ваквото дело најстрого да го санкционираат Вработените во Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија  во врска со немилиот настан во кој беше физички нападнат Претседателот Бислимоски го изразуваат својот револт и негодување и најостро го осудуваат нападот. Имено, физичкиот напад врз Претседателот Бислимоски го сметаме како директен напад и притисок врз работењето на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија, но и врз системот на регулирањето на енергетските пазари во Република Северна Македонија…

Read More

Заев верува дека е можно решение со Бугарија до крајот на годинава затоа што, според него, разликите не биле толку големи и дека двете страни имале должност да отворат иднина а не да останат во минатото. Декларацијата усвоена вчера на Самитот ЕУ-Западен Балкан е прецизна, оцени претседателот на владата. -Оваа прецизна Декларација што вчера ја усвои Еворпскиот совет на Самитот како лист хартија не им значи ништо како на Северна Македонија, така ниту на Албанија, верувам и на останатите четири земји од Западен Балкан. Треба да има дела, зашто нашата главна стратешка аспирација и цел е полноправно членство во ЕУ,…

Read More

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – август 2021 година, изнесува 4 562 214 000 евра и бележи пораст од 31,5 отсто во однос на истиот период лани, соопшти Државниот завод за статистика. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 6 250 832 000 евра, што е зголемување за 34 проценти. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – август 2021 година, изнесува 1 688 617 000 евра, а покриеноста на увозот со извоз изнесува 73 отсто. Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со благородни…

Read More

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов денеска го посети целосно реновираниот Регионален центар во Тетово  во рамките на кој се сместени и просториите на Регионалниот центар Е 112. – Во текот на денешниот ден извршив увид во целосно реновираните простории на Регионалиот центар за управување со кризи (РЦУК) Тетово, во чиј склоп се наоѓа и регионалната канцеларија за проектот Е112 (единствен повикувачки европски број за итни ситуации). Притоа, се сретнав со вработените во регионалниот центар и со имплементаторите на проектот од Унгарија и заедно со нив се запознав со функционалноста и адаптациите предвидени за работа на РЦУК,…

Read More

Премиерот Зоран Заев вели дека немаме проблем во Уставот да ги додадеме Бугарите, ниту било која друга заедница од различна етничка припадност од останатите. –Апсолутно никој пат не било проблем во нашата земја, не верувам дека и сега е проблем. Нашиот Устав ја препознава разноликоста во етничкиот карактер и тој ги набројува и Македонците и Албанците, и Србите, и Турците и Ромите и Власите и Бошњаците и другите, изјави Заев. Земјите кои што пристапуваа, барем од регионот, или во последните години да кажам, деценија и пол, од 2004-та наваму, голем дел од нив имаат пракса при отворањето на Уставот непосредно…

Read More