Published: Saturday, October 9, 2021 20:14
Инспекторатот на Град Скопје, денеска на општина Кисела Вода и одговорното лице им изрече максимална казна во висина од 1800 евра поради бесправно исечено дрво на булеварот Борис Трајковски.
Дрвото е исечено без дозвола и одобрение од Град Скопје. Заштитата на зеленилото е врвен приоритет во животната средина, а брзата реакција е потврда дека градските инспекциски служби се на висина на задачата и дека неказнивоста во Скопје повеќе нема да се толерира, се наведува во соопштението од Град Скопје.




