Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Mirjana
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека 9 Јули, сабота, кога е првиот ден на Курбан Бајрам, е неработен ден за граѓаните од муслиманската вероисповед во Република Северна Македонија. Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од муслиманската вероисповед во Република Северна Македонија им го честита празникот Курбан Бајрам.
Францускиот предлог и евроинтеграцискиот процес на Северна Македонија се двете топ теми на кои претпладнево во Скопје разговараа специјалниот германски претставник за Западен Балкан, Мануел Сарацин и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ. Маричиќ и Сарацин разговараа и за состојбите во регионот, а по средбата се одржува и оваа заедничка прес-конференција. Инаку, посетата на Сарацин се случува на ден по престојот на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, а двете се реализираа во последните три денови, период кој од СЕП го оценуваат за клучен и важен историски момент за да се даде поддршка на францускиот предлог за почеток на преговорите со…
Последиците од синоќешното дивеење пред Собранието. Признавам и поддржувам сечие право на протест, на искажување став. Постојано и силно осудувам хулиганство, насилство, поттикнување на омраза, зашто тие не се решение.
Координаторот на пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ, Никола Мицевски на прес конференција во Собранието соопшти дека било планирано да се формираат работни групи помеѓу политичките партии кои што ќе работеле на предлог – забелешки кои што биле проблематични во целиот овој текст. „Предлогот е во тие работни групи помеѓу политичките партии да бидат по двајца претставници од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, по еден од ДУИ и Алијанса и уште еден од помалите парламентарни политички партии. Првата средба се очекува да биде утре, а времето и местото се’ уште не се договорени. Персоналниот состав на овие работни групи дополнително во текот…
Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе обвинителен акт против едно лице за кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Како што информира Јавното обвинителство (ЈО), обвинетиот, како службено лице – раководител на одделение за урбанизам во општината Маврово Ростуше, ги пречекорил службените овластувања и на 02.10.2014 година, по свое лично поднесено барање, завел предмет кој не постои во архивата на Општината, па изготвил извод од план за населбата Маврови Анови со невистинита содржина и спротивен на урбанистичкиот план за населбата. „Изводот од планот за три катастарски парцели во…
Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА) очекува Владата и сите останати општествено-политички фактори да се обединат и да изградат стратегија, која целосно ќе го зачува македонскиот идентитет, македонскиот јазик, култура и историја во семејството на европските народи. Синодот, во соопштението по денешната вонредна седница на која дискутирало за актуелната состојба во македонското општество, ја информира јавноста, доколку во која било форма биде загрозена македонската посебност, МПЦ – ОА нема да го прифати тоа. „Светиот Синод со загриженост посвети внимание на ситуацијата предизвикана од последниот модифициран француски предлог, како и последиците што би…
Во рамки на конференцијата „Нови идеи за ново време“ што се одржува во Белград, денеска се реализира средба меѓу Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Северна Македонија Љупчо Јаневски со државниот секретар Жикица Несторовиќ при Министерството за трговија, туризам и телекомуникации на Република Србија и Бошко Рупиќ, комерцијален директор на “Air Serbia”. Фокусот на дискусијата, бил ставен на воведување на авиолинија на релација Белград-Охрид која би оперирала два пати неделно и би имала сезонски карактер. „Ова е поткрепено со одличните статистички показатели за раст на бројот на српски туристи и тоа за повеќе од 500% во 2021година споредбено…
Среде јавна дебата за преговарачката рамка што ја усвои ЕУ за нас, која поради билатералните теми со Бугарија предизвика остри реакции од одредени политички и граѓански кругови во општеството, одлучивме да дадеме друга димензија на процесот, низ разговор со долгогодишниот експерт од областа на ЕУ-интеграциите, државниот советник Драган Тилев. Според него, Преговарачката рамка е унилатерален документ на ЕУ, кој за да претрпи измени треба согласност од сите земји членки но и како пракса не е видена во ЕУ, изјави Тилев. Сите рамки имаат свои специфики, така е и со нашата, бидејќи вклучува елементи од билатерален карактер, кои се однесуваат само…
Во последните 24 часа, направени се 1.254 тестови, а регистрирани се нови 293 случаи на КОВИД-19. Сликата по градови изгледа вака: Скопје – 157, Куманово и Битола – по 19, Охрид – 18, Тетово и Велес – по 15, Штип – 11, Прилеп – 8, Кавадарци – 7, Струмица – 6, Гостивар – 4, Кочани и Неготино – по 3, Радовиш – 2, Гевгелија, Ресен, Свети Николе, Делчево, Виница и Демир Капија – по 1. Од вкупниот број на позитивни (293), регистрирани се 81 реинфекции. Во текот на изминатите 24 часа не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот…
Четири повредени полицајци, скршен прозорец на Владата, уништена заштитна ограда, ова се штетите од вчерашниот протест кои МВР ги регистрира во денешниот билтен, во кој меѓу другото се вели: На 04.07.2022 во СВР Скопје е пријавено дека во врска со ненајавен јавен собир, кој се одржал во период од 19.00 часот до 22.10 часот на подрачјето на СВР Скопје констатирани се неколку нарушувања на јавниот ред и мир. Околу 16.50 часот, пред Владата на РСМ, неколку лица го запалиле знамето на Европската Унија. Околу 19.35 часот дел од учесниците на протестот го нарушиле јавниот ред и мир со фрлање на…
Бет Неш од Бостон, САД, го собори рекордот како професионална стјуардеса со најдолг стаж во светот, потврди Гинисовата книга на рекорди. Таа тоа го работи 65 години. Имено, Американката почнала да работи како стјуардеса во 1957, кога имала 21 година, прво за компанијата „Истерн ерлајнс“, а потоа и за „Американ ерлајнс“, до денес без никаков прекин во работниот однос. Гинисовата книга го потврди светскиот рекорд на 1 јули. Неш вели дека поголемиот дел од својата кариера го минала на патувања Њујорк-Бостон-Вашингтон, бидејќи тоа ѝ овозможува да се врати дома навреме, оти мора и да се грижи за својот син со…
Настанот се случил денеска околу 2 часот и 10 минути рано изутринава, на локалниот пат во тетовско Теарце. Имено, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Ј.А.(24) и В.А.(20) од тетовско Пршовце и Д.С.(21) од кумановско Слупчане, кои десетина минути пред тоа на регионалниот пат Џепчиште-Пршовце не застанале со нивното возило „фолксфаген голф“ со тетовски регистарски ознаки, во кое тројцата се превезувале и се обиделе да удрат еден од полициските службеници. При нивен и преглед на возилото им биле пронајдени хашиш, марихуана и спреј-солзавец. Трите лица се задржани во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот,…