Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Mirjana
– Пандемијата како општочовечко зло ги засегна сите генерации. Преприсутната виртуелност и претходно водеше кон социјална изолација. Младите на возраст во која вообичаено се реализираат партнерските релации, останаа затекнати, уплашени, трагајќи по вистинска прегратка, допир, бакнеж, наспроти виртуелните со кои и претходно беа преплавени. Но,овој пат немаа избор , студениот екран на кој што има се, а впрочем нема ништо, колку и да звучи застрашувачки им стана единствена опција што доведе до зголемен интерес за онлајн запознавање и дружење . Вака професор доктор Викторија Вујовиќ психијатар-психотерапевт. ја објаснува глобалната појава на пораст на корисници и тоа од сите генерации на…
На прашањето „За кандидат на која политичка партија би гласале за градоначалник на вашата општина на претстојните локални избори?“- 19,8% би гласале за кандидат на СДСМ, 17,7% за кандидат на ВРМО-ДПМНЕ, 7,5% за ДУИ, 5,6% за Алијансата на Албанците, 4,6% за Движењето БЕСА, 3,3% за Левица итн. Занимливо, во овој момент 2,4% се изјаснуваат дека ќе гласаат за независен кандидат, а 8,8% се изјаснуваат дека нема да гласаат, пишува порталот „Слободен Печат“. Една четвртина од испитаниците, биле во категоријата „неизјаснети“ и „ неодлучни“ 13%, 3,7% „не знам“ и 7,4% што одбивале да одговорат, пишува порталот „Слободен Печат“. Дека „многу веројатно…
Нетфликс ја заврши историската ноќ, со победата на „Еми“ во две од трите врвни категории за „Круната“ и „Гамбитот на кралицата“, со комедијата на Телевизија Епл+, „Тед Ласо“, со која го заврши стримингот на 73 -та годишна церемонија на „Еми“. Во неверојатно достигнување, 10-те победи на Нетфликс во неделата вечер, заедно со 34 победи на Еми на креативна уметност пред една недела, посветени главно на технички категории, го поврзуваат рекордот на сите времиња за победи на мрежа или услуга во една година. Наградите „Еми“ се американски телевизиски награди, кои се сметаат за телевизиски еквивалент на „ Оскарите“.
Од денеска до петок, во организација на НАТО Евроатлантскиот центар за координација на одговор при катастрофи (EADRCC) и Центарот за управување со Кризи (ЦУК), на подрачјето на Охрид и Струга, ќе се одржи вежбата „Северна Македонија 2021“. Ова е прва цивилна НАТО вежба во земјава, којашто истовремено ќе се одвива и теренски и штабно. Центарот за управување со кризи во својство на домаќин, е организатор на сите активности поврзани со вежбата, во координација со НАТО тимот.
Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, од денеска – 20 септември 2021 година, понеделник, ќе престојува во работна посета на Соединетите Американски Држави, по повод учеството на 76. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк. Претседателот Пендаровски на 23 септември 2021 година, четврток, ќе се обрати на Генералната дебата на 76. Сесија на Генералното собрание на Обединетите нации, што се одржува на тема „Градење отпорност преку надеж – опоравување од Ковид-19, одржливо обновување, одговор на потребите на планетата, почитување на правата на луѓето и ревитализација на Обединетите нации“. Во рамки на учеството на Генералното собрание на ОН,…
По долга борба со ракот на дојка, во 68 година од животот почина Марина Туцаковиќ.Нејзината состојба дополнително се влошила во изминатите денови поради зараза со коронавирусот, јавуваат српските медиуми.Таа последните денови ги поминала во клиничкиот центар „Драгиша Мишовиќ“ каде од 14-ти месецов била ставена на респиратор. Таа својот потпис го стави на илјадници стихови кои преточени во музика прераснаа во врвни хитови од рок, поп и фолк жанровите во времето на екс југославија до денес. Кариерата на музички текстописец,Марина Туцаковиќ ја почнала во осумдесетите години од минатиот век, најнапред преку соработка со групата „Зана“. Оттогаш, нејзините текстови направија многу музички…
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство го објави следниот 24-часовен ковид- биланс. 23 починати лица на возраст од 45 до 89 години. Најголемиот број починати се во Скопје- 8. Од пријавените 23 лица, 20 се починати во болнички услови, а 3 лица се починати во домашни услови. Во последните 24 часа се направени 4.015 тестирања, а регистрирани се 365 нови случаи на КОВИД-19. И натаму Скопје на врвот на скалата по новозаразени случаи-183 по што следуваат Охрид – 24, Штип – 20, Струмица – 19, Куманово – 15, Прилеп – 14, Тетово и Велес – по 13,…
Министерот за правда Бојан Маричиќ на својот ФБ профил честитајќи им на попишувачите , објави дека пописот влегува во последна фаза.
-Мицотакис не се охрабрува да ги донесе за ратификација во Парламентот трите меморандуми со Северна Македонија, бидејќи се плаши да не ја загуби пратеничката група, рече лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас за време на традиционалната прес-конференција во Солун, во рамки на Меѓународниот саем, коментирајќи дека сето ова е во корист на Турција, јави дописничката на МИА од Атина. „Едниот се однесува на одбрана на воздушниот простор на Северна Македонија од грчки воени авиони, а другите се договори со економска содржина, кои кога ти, што се поволни за тебе, не ги промовираш, немаш преговарачка сила да бараш од твоите партнери да…
Смешни и трагикомични се денешните клевети изнесени од страна на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димитар Арсовски, дадени пред почеток на престојната изборна кампања за локалните избори. Јас, како генерален директор на ЈП Водовод и канализација Скопје, категорично тврдам дека целата постапка за реконструкција на водоводната и канализациона мрежа на улица Варшавска е спроведена согласно законските прописи, градежните стандарди и нормативи наведува во демантот Весковски. -По добиеното одобрение за реконструкција во месец јули 2020 година од Општина Карпош, е спроведена постапка за јавна набавка за склучување на посебен договор преку јавно негативно аукциско наддавање, при што наведената фирма е избрана за најповолен…
Вчера ИЈЗ во дневната статистика објави 41 починато лице, од кои само 24 пациенти починале во изминатото деноноќие. Останатите 17 пациенти починале во изминатите неколку недели во приватни болници или во домашни услови, но за нив пријавувањето може да е со задоцнување бидејќи е прeку матични лекари. Од вкупно 41 починати пациенти, само 11 биле без хронични заболувања, 29 од нив се со повеќе од две хронични заболувања, а сите имале кардиолошки болести. Од вчера пријавените за починати 41 пациент, 2 биле вакцинирани и овие пациенти имале болести на срцето и дијабет. Уште еден пациент кој починал во приватна болница…
Премиеерот Заев со објава на ФБ дека се попишале милион граѓани. -1 милион граѓани ја завршија својата обврска и се попишаа. Милион причини нè водат во финалната фаза од најзначајната државна и статистичка операција што ја чекавме цели 20 години. Успешниот попис е гаранција за сигурна македонска иднина. Честитки до сите попишувачи и до целиот тим на Државниот завод за статистика. Ти си повеќе од бројка. Учествувај. Попиши се и ти!, напиша премиерот на својот ФБ профил.